cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

I'm Not A Girl, Not Yet A Woman

clock-img

14.01.2010, 14:57

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Ако ја има темава бришете ја... а што се однесува до насловот јас не умеев да го преведам како што треба, а и мислам дека е најдобро да стои во оргинал.

Моментите на мажење, раѓање, дете некогаш ни се случуваат толку бргу што немаме време да расчистиме со себе... барем тоа ми се случи мене... од матурантка, до мажена, до бременост, и наредната година мајка. Многу промени наеднаш во мојот животот, животот "преку ноќ" ми се сврти за 360 степени. Сите тие промени носат со себе уште повеќе промени... можеби како мајка треба да смениш некои работи во своето однесување , начинот на облекување (мислам дека повеќе околината тоа го очекува од нас, или можеби се лажам?!). И јас сеуште не можам да расчистам со себе... дали сум девојка или жена? Дефинитивно не сум веќе девојка, ама и дефинитивно не сум жена! Мислам дека сум во некоја преодна фаза, фаза на созреавање!


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

14.01.2010, 15:07

clock-img

penelopa

pencil-img

3419

Мислам дека повќе би рекла кој како се чуствува.
Биолошки гледано после 21-та година завршува периодот на адолесценција и започнува т.н период на зрелост. Ја себе си со своите 26 години се чувствувам како потполно зрела личност, сум ги поминала сите фази на созревање..образование, сопруг..како жена па не сум сеуште исполнета т.е сеуште не се чувствувам бидејки немам деца, немам постојана работа..имам уште предизвици пред себе.



_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

clock-img

14.01.2010, 15:20

clock-img

alex_mo

pencil-img

636

     Се сложувам дека е најважно како се чувствуваш,а секако и како изгледаш.На пр имам многу мои врснички кои кога ќе ги видиш занеш дека се жени со деца-домаќинки(сакаат така да изгледаат),а пак има и такви кои мораш да ги прашаш до каде се во животот(сопруг,деца),изгледот не ги оддава од девојките.
    Уште месец и нешто ќе наполнам 33 години,мажена сум 12 години ,а син ми има 11 години.Кого почнав на последново работно место една колешка ме праша која генерација сум ,а јас и викам 1984(а сум 1977),а таа-Леле ние сме генерација,па каде учеше ,па јас мислев дека си помала од мене.Се изненадив што ми поверува и и ја кажав вистината.Не веруваше.Ми ја виде личната карта и цела недела само тоа го зборуваше.Да не излезе како фалба ама пред бременоста имав 54кг,обечена ов фармерки ,тесни маички едноставно како детенце.....Затоа потрудете се да изгледате помладо,стари или изглед на жена можеме да имаме секогаш кога ке посакаме..

clock-img

14.01.2010, 15:38

clock-img

zami

pencil-img

574

se e do vnatresnoto cuvstvo.

jas imam 33, i sin od 5, do skoro me vikaa devojce po salterine. sega malce nabaciv na kilaza i pocnav poveke da licam na ,,zena,, iako seuste koga ke mi kazat gospogo se stresuvam po malce.

a decata ne ne ostaruvaat, naprotiv ne podmladuvaat.
pokraj sin mi ja izgubiv serioznosta, osobeno koga bese pomal, i tatko mi znaese da komentira, ,,ete sto ocekuvas od deteto, vidi ja majka mu,, user posted image user posted image

ne se vazni godinite, vazno e vnatresnoto cuvstvo.


_____________________________

Allways look on the bright side of life!

clock-img

14.01.2010, 15:45

clock-img

zami

pencil-img

574

e sega, iskreno zalam, za onie koi prerano stanale majki, ama verojatno i toa si ima svoi prednosti.
obicno mladite roditeli polesno se spravuvaat so pubertetot kaj svoite deca.

jas imav sreka se da se odviva po programa, fakultet, pa malku rabota so pari za sebe, pa brak, pa dete, e vtoroto malku go kasnam ama imam uste nekoja godina fora.


_____________________________

Allways look on the bright side of life!

clock-img

14.01.2010, 15:53

clock-img

lilit

pencil-img

294

 Јас сум девојка со мешеuser posted image така се чувствувам зашто сите кога ќе  ме видеа со син ми се чудеа дека емој!Воопшто не личев на жена зашто си одев во фармерчиња маички косата фатена во репче !Смешки.Дури еднаш една девојка ме праша дли сум го родила Марко како средношколка се user posted image не и викам туку како студентка и тоа на 23 години ме изнасмеа убаво а она се засрами.Инаку се чувствувам како да имам 18 а не 29 години се уште слушам рок  и се будалам со Марко у пакет.

clock-img

14.01.2010, 15:58

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Јас имам 32 години сеусте немам деца но кој ме видел досега не ми дал повеке од 25 години .А кога сум облецена поспортски ме прават уште помала. Годините не се важни важно е како се чуствуваме ние .


< Поракaта ја уредил arh_diz -- 14.1.2010 15:59:04 >


_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

14.01.2010, 16:08

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

se soglasuvam Arh_diz godinite ne se vazni vazno e kako se custvuvame nieuser posted image ako nemam decinja ali jas seuste ne se osekam kako zenauser posted image duri mi e smesno koga nekoj ke mi kaze zenauser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

clock-img

14.01.2010, 16:22

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

Моментите на мажење, раѓање, дете некогаш ни се случуваат толку бргу што немаме време да расчистиме со себе... барем тоа ми се случи мене... од матурантка, до мажена, до бременост, и наредната година мајка. Многу промени наеднаш во мојот животот, животот "преку ноќ" ми се сврти за 360 степени. Сите тие промени носат со себе уште повеќе промени... можеби како мајка треба да смениш некои работи во своето однесување , начинот на облекување (мислам дека повеќе околината тоа го очекува од нас, или можеби се лажам?!). И јас сеуште не можам да расчистам со себе... дали сум девојка или жена? Дефинитивно не сум веќе девојка, ама и дефинитивно не сум жена! Мислам дека сум во некоја преодна фаза, фаза на созреавање!

[/quote]
Рипче, имаме слично искуство. Внимавај, тоа искуство ми направи да не се чувствувам дека припаѓам ниту ваму, ниту таму. Тоа некогаш знае да биде лошо, но и кул.
Во тоа време, за другарки, па веќе бев жена, а за жени, девојче. Така и остана до ден денешен. Еве, по скоро 20 год, пак санав мајка, овој пат на стари одини. И некако тоа мое припаѓање ниту ваму, ниту таму, пак ме „замрзна“ во годините. Анегдота:
се породив, а доаѓа сопругот да ме посети, сефте. Влага бабицата со бебенцето и му вика на мм: „ај честито внука..“ Смешки. Нормално, мене ми ласкаше ситуацијата, а за мм ми беше неизмеро жал.
Но, од друга страна, се заглавив таму некаде измеѓу, пораснав, завршив факултети, изгледав арслани, а сигурноста и самодовербата ми останаа малецки. Ете, гледам многу посмотани од мене како успеале во животот, а јас сеуште се чувствувам „големо дете“.

clock-img

14.01.2010, 17:00

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Девојка или жена..јас не гледам разлика. Според годините што ги имам, соро 32, веќе сум прешла од девојка во жена, но не се сеќавам кога..мислам дека тоа се гледа во очите на другите, односно нивната перцепција за мене. Значи јас сум сеуште истата, со истите ставови и чувства, само постара, ама другите ме гледаат поинаква, и соодветно со тоа имаат поинакви очекувања за мене и моето однесување..Комплицирана работа..:)

clock-img

14.01.2010, 17:17

clock-img

ripce

pencil-img

2148

а сигурноста и самодовербата ми останаа малецки



Зашто? Мене баш ми личиш на жена со самодоверба, жена која е сигурна во себе. Сериозно!


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

14.01.2010, 17:53

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

Mm ponekogas znae da kaze deka otkako se ozenil dobil dete a sega koga stana tato ima dve decinjauser posted image user posted image user posted image user posted image
Tocno deka sum sozreana no ponekogas sum bas kako malo dete koe se raduva na najmala sitnica a znam i da se rasplacam za nekoja glupost.user posted image user posted image user posted image
Vo mene e zaglaveno nekoe nemirno detence koe ponekogas se buni, no takva sum.
Imam detski duh a lik na zena za svojte godini.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

14.01.2010, 21:58

clock-img

tereza

pencil-img

784

јас имам скоро 26 години и имам уште предизвици пред себе, маж,деца... user posted image user posted image user posted image ама се чувствувам пријатно и вака,а кога ќе дојдат тие моменти сигурно ќе се почувствува некоја промена што е нормално.А засега само си претпоставувам како ќе ми биде како мажена па со деца....си се замислувам и си се смеам самата user posted image штознам чудно ми еuser posted image   

clock-img

14.01.2010, 22:51

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Јас имам 26, пред месец и нешто наполнав. На моменти се чувствувам како стара баба, често ми е мака, тешко, ме фаќа мрз одвреме навреме user posted image потешко поднесувам студ, не се движам често пешки, за разлика од порано, а на моменти се чувствувам како тинејџерка, некогаш и девојченце - детенце user posted image user posted image user posted image Не изгледам како за моите години, посебно до пред година-две кога излегував по кафулиња (кафичи по битолски user posted image ) Често обезбедувачите кои стоеја на вратата ми бараа лична карта, мислејќи дека сум малолетна user posted image user posted image user posted image Ме сметале за 10 години помлада - на 25 некои мислеа дека имам 15 user posted image Донекаде ми годеше тоа, можев и да лажам ако сакам, но не лажев, сепак. На 18-годишна возраст една баба ме праша дали сум омажена, а дедото до неа рече: "Како омажена, ова е 13-годишно девојче" user posted image Една циганка, барајќи милост го благослови дечкото: "Да ти е жива ќерката", на што мене ми беше смешно, ама нему не му беше воопшто сеедно... Ми се имале обратено и со "тетке" кога бев многу здебелена. Инаку се чувствувам како девојка, што и сум и ми паѓа многу чудно кога некое мало детенце на пријател/ка, роднина и сл. ќе ми се обрати со "тета". Ми се чини како другарчиња да ми се, тогаш сфаќам дека сум остарена и ми дошло време да имам свое детенце user posted image

Во секој случај, се сложувам - се зависи од тоа како ти самата се чувствуваш. Сите ние, длабоко во срцата сме невини дечиња. Често и така се однесуваме, се радуваме на мали нешта... За мене можам да кажам дека со детето сум дете, со младиот човек-млада-девојка, со стариот човек-стара жена.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

15.01.2010, 10:25

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

јас сум уште дете-девојка, ако сум без дамјан излезена никој не би ми дал ни маж ни дете.за жените сум девоче.многу често на фризер кога сум доаѓаат жени и многу често фризерката ги убедува дека имам дете.не и веруваат.

јас не се осеќам како жена иако имам 28 полни години.имам леб да јадам додека станам зрела жена.

што се однесува до рипче: не ја познавам лично но според постовите и четот на скајп-па понекогаш си мислам дали е можно толку млада а толку здрела, и се восхитувам и некогаш си мислам па доста и учам од неаuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

15.01.2010, 21:39

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Потполно се сложувам со тебе profesorice. И јас, ако не прочитав колку години има ripce, никогаш немаше да погодам, делува толку зрела за годините - како искусна жена и мајка user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

15.01.2010, 23:06

clock-img

ripce

pencil-img

2148

фала ви многу... веројатно многу ми се има случено за моите години (уште месец дена точно 20 на број), искуството не прави (барем би требало да не прави) помудри и позрели, а и многу сакам да читам и слушам туѓо искуство, па го селектирам и го прифаќам она најразумното... имам јас уште многу да учам!

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

15.01.2010, 23:18

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica


што се однесува до рипче: не ја познавам лично но според постовите и четот на скајп-па понекогаш си мислам дали е можно толку млада а толку здрела, и се восхитувам и некогаш си мислам па доста и учам од неаuser posted image user posted image user posted image



Потписссс!!!!!
Рипче, олабави малку, ќе прегориш брзо!
Сакам да кажам, успори, биди дете, имаш фора барем уште 10 год. да бидеш зрела.
Ама ај, секој за себе, секој во свое време. На едно дрво, некои цветови порано, а некои подоцна цутат.

clock-img

15.01.2010, 23:27

clock-img

jovanka

pencil-img

1745

Iako imam 32 god. i majka sum na dve deca vsusnost se custvuvam 10 god pomlado t.e. kako vremeto da mi zastanalo.No za toa doprinesuva i soprugot koj isto kako mene so mlad duh iako e 7 god postar od mene.Se prasuvam dali e toa do genetika ili sekogas preovladuvanje na cuvstvoto za vecno dete koe sekoj od nas si go nosi no zavisi kako i kolku saka toa da go iskaze, ili do nekade ke ja vklucam tuka i astrologijata koja isto ima vlijanie ili mozebi stilot na oblekuvanje i nacinot na ziveenje.Smetam deka od se po malku za da se cuvstvuvam taka kako sto se cuvstvuvam denes.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

clock-img

15.01.2010, 23:29

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Нема за што ripce, вистината си е вистина. Сите РР-ки го делиме истото мислење најверојатно. Инаку се со возраста, како што велат. Убаво е секој период да го поминеш полека, редоследно... Младоста не се враќа. Се си има предности и недостатоци. Некогаш убаво е да се биде мајка на помлади години, но по цена на младоста user posted image Но секој со пишаното, што велат. Има и машки на твоја возраст што се оженети, си велам и се чудам - дете со дете user posted image Но, тие пак, во бракот потоа го бараат тоа што не го искусиле претходно: повеќе шетаат, некои и сами, како ергени... Машките подоцна созреваат, за женските не е толку неприфатливо.
Како што вели Анушка "На едно дрво, некои цветови порано, а некои подоцна цутат".

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

16.01.2010, 18:38

clock-img

ripce

pencil-img

2148

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica


што се однесува до рипче: не ја познавам лично но според постовите и четот на скајп-па понекогаш си мислам дали е можно толку млада а толку здрела, и се восхитувам и некогаш си мислам па доста и учам од неаuser posted image user posted image user posted image



Потписссс!!!!!
Рипче, олабави малку, ќе прегориш брзо!
Сакам да кажам, успори, биди дете, имаш фора барем уште 10 год. да бидеш зрела.
Ама ај, секој за себе, секој во свое време. На едно дрво, некои цветови порано, а некои подоцна цутат.



Аууу не Анушке... Знам јас да се однесувам и како дете, најчесто кога сум со син ми, се сведувам на негово ниво па играме со играчки, пееме детски песнички, скокаме, ама знам да се однесувам и максимално сериозно. Се однесувам како што ми налага ситуацијата, местото, луѓето со кои сум во моментот и така.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

17.01.2010, 17:25

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Ако ја има темава бришете ја... а што се однесува до насловот јас не умеев да го преведам како што треба, а и мислам дека е најдобро да стои во оргинал.

Моментите на мажење, раѓање, дете некогаш ни се случуваат толку бргу што немаме време да расчистиме со себе... барем тоа ми се случи мене... од матурантка, до мажена, до бременост, и наредната година мајка. Многу промени наеднаш во мојот животот, животот "преку ноќ" ми се сврти за 360 степени. Сите тие промени носат со себе уште повеќе промени... можеби како мајка треба да смениш некои работи во своето однесување , начинот на облекување (мислам дека повеќе околината тоа го очекува од нас, или можеби се лажам?!). И јас сеуште не можам да расчистам со себе... дали сум девојка или жена? Дефинитивно не сум веќе девојка, ама и дефинитивно не сум жена! Мислам дека сум во некоја преодна фаза, фаза на созреавање!



Е драга моја толку ми беше инспиративна темава за пишување, се до моментот кога прочитав дека имаш само 20 години и тогаш зинав од чудење (те доживував постара по постовите, не сум те видела за да судам по изгледот). И ќе ти кажам само едно, немој да расчистуваш со себе, остани тоа што си, млада, весела и среќна. Созревањето остави го за во далечна иднина, живеј сега и уживај во секој миг, бидејќи се во животот се постигнува, само младоста се губи во неповрат.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

17.01.2010, 22:48

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

hahah vie se maloletni se napravivte...bre,bre

clock-img

18.01.2010, 21:27

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Najverojatno ripce ni e najmladata majka i RR-ka user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

Последни статии

article-img