за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Темава ја замислив како игра на прашање за наредниот член кој одговара дали е спремен да жртвува нешто за сметка на нешто друго. На пр. "дали си спремна да почнеш косата да ја фарбаш црвена само заради задоволување на страстите на мт и враќање на сексуалниот живот?" Или "Дали си спремна да го оставиш детето на три недели заради службено патување кое знаеш дека ќе ти донесе тродупло приход за тој период?".
Еве ќе се обидам да почнам:
Дали си спремна на најдобрата другарка да и го донираш бубрегот ако знаеш дека сте компатибилни?
11.06.2013, 16:31
vezilka RR
4931
Бидејќи вакви теми се во спротивност со правилникот за наградната игра, ќе биде заклучена за времетраењето на наградната, па потоа ќе се изјасниме по неа
19.07.2013, 21:33
Bethany
4534
Можеби сега да ја активираме темава:
ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy
Дали си спремна на најдобрата другарка да и го донираш бубрегот ако знаеш дека сте компатибилни?
Уф, тешко прашање... Искрено, сега на прва мислам дека ќе речам не, бидејќи не сум во таква ситуација, не сум вистински допрена и не можам да сочуствував, така да во овој момент ќе речам не, не сум спремна.
* Дали си спремна да добиеш близнаци-тројка ако знаеш дека од следиот однос со мт тоа ќе е исход?
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
19.07.2013, 22:18
nataly86
534
Da spremna sum, bidejki so mt se dogovorivme uste vo vrska deka sakame 3 deca, no kako so trgnalo 5 godini se macime za 1 pa kamoli za 3 zatoa vaka naednaas so edna maka
* Dali si spremna da go napustis soprugot ako razberis deka ima afera?
19.07.2013, 23:36
deluxe
2479
Dali si spremna da go napustis soprugot ako razberis deka ima afera?
Да!!!Спремна сум, без двоумење,сигурно би заминала засекогаш,мојата црвена линија е таа.До тука се можам да издржам,кавги ,несогласувања,но неверство никогаш не простувам
**Дали би учествувале на риалити шоу,п.р-Големиот брат?
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
20.07.2013, 07:06
bucko mal
1431
Ne ne bi ucestvuvala vo niedno realno sou,bezrazlika za kolku golema suma na pari da se raboti.
***Dali si spremna,da gi ostavish soprugot I decata na odreden period I da zaminesh sama na patuvanje niz svetot? sekako da imash besplatna ponuda za toa patuvanje
20.07.2013, 14:49
Mihaela 2010
4230
Ne sum spremna,so ogled na toa sto nemame na lager nikakva pomos mislam deka tesko bi mozelo toa da se izrealizira,za zal
*** Dali bi go napustile soprugot dokolku vi se pojavi nekoja podobra prilika ??**
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
20.07.2013, 18:19
mommy_angels RR
1543
НЕ!!! Не дека е совршен,знае да ме извади од кожа,ама нема начин ,ни средства што можат да ја заменат неговата душа :-* Доколку сопругот сака второ дете,а си поминала низ сито и решето ,за да го добиете и првото,а сигурно те чека истото,дали си спремна на таква жртва?
21.07.2013, 15:29
Martins mom
3342
Да! Јас сум единица и знам колку е тешко да си сам, затоа би ја прифатила таа жртва, не сакам детето да биде осамено ко мене
* Дали си спремна да ги изретчиш контактите со твоите родители ако твојот сопруг го бара тоа од тебе?
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
21.07.2013, 15:44
rina13
1147
Не, тоа не би го направила никогаш има работи во нашата врска во кои ниту јас ниту тој не си се мешаме.Тоа е односот кон и со родителите. Па побогу не постои сила на светов што би можела да ми влијае врз мојот контакт со родителите,тие се оние кои биле и се жртва за мене. ***Дали сте спремни да ги спакувате куферите со вашиот сопруг и дете,да заминете од Македонија и никогаш повеќе да не се вратите?
22.07.2013, 09:49
Yummy Mammy
1690
Ne! Definitivno Ne! Ovde mi se rodninite, prijatelite, ovde imam sreden zivot, ne se zalam. Ne znam sto me ceka niz godinite, no mislam deka sepak doma mozes podobro da se snajdes otkolku vo zemja kade si sam na sebe prepusten. Pa uste i nikogas da ne se vratam?! Ne! Sakam moite deca da si rastat so bratucedite, so tetkite, da si imaat nekoj svoj. Utre, ne daj boze, mene i na mm ako ni se sluci nesto, sakam da znam deka moite deca ke bidat zgrizeni, a ne sami na sebe prepusteni.
- Dali si spremna da abortiras bez znaenje na soprugot?
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
22.07.2013, 10:00
AneLav RR
1110
Нема шанси!!! Тоа е нешто заедничко и не би поминувала низ тоа сама. Во суштина врската ни беше заснована на искреност, а исто така и бракот. Јас сум премногу осетлива и не би можела ниту да сокријам ниту да направам такво нешто. ММ ја познава секоја моја емоција и ме познава по ликот дали сум расположена и дали нешто не е во ред. Дали би и кажале на вашата најдобра другарка дека сопругот ја изневерува со друга жена?
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
22.07.2013, 11:12
Bethany
4534
Да. Ама многу би била претпазлива да одаберам вистински момент, нејзиниот избор ќе биде секако што ќе направи со тоа што ќе и речам, ама треба да ја знае вистината, па затоа ми е најдобра другарка нели?
* Дали си спремна да се пријавиш во емисијата Момент на вистината, ако знаеш дека прашањата ќе откријат многу лични работи за кои само ти знаеш, последиците од тоа не ги знаеш, ама знаеш со сигурност дека те очекува голема сума на пари?
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
22.07.2013, 13:01
nadica
4381
не не и не нема пари на светов кои би ја купиле мојата интимност
*Дали би го жртвувале пријателството во име на љубовта?(вашата пријаталка да не ја одобрува љубовната врска во која сте)
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
22.07.2013, 14:23
Carrie RR
326
Со мојата најдобра другарка сме како сестри и секогаш ја прашувам за совет, мислење , но не и за одобрување. Не функционираме така, таа ме поддржува во сопствениот избор. Пријателите треба да се со нас безусловно, па макар да ја правиме најголемата грешка во љубовта. Во случајот на ултиматум, јас или тој - тоа не ми е пријателка.
Дали би му признале на сопругот ако од забава, љубопитство, моментална страст, се бакнете со друг маж?