cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Romania's Orphans

clock-img

27.03.2010, 21:11

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

clock-img

27.03.2010, 21:24

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

user posted image Меѓународните посвојувања на романските сирачиња може да бидат спроведени само ако не успеат другите канали, според новиот закон.

Ставајќи крај на мораториумот кој траеше повеќе од три години, новиот закон што стапи на сила во Романија предвидува продолжување на меѓународните посвојувања. Мошне рестриктивниот закон кој има за цел да ги елиминира забележаните злоупотреби на детската социјална помош предизвика негодување помеѓу семејствата во САД кои се обидуваат да посвојат романски деца. Некои изразија надеж дека нивните случаи, кои беа блокирани со мораториумот воведен под притисок на ЕУ во 2001 година, ќе бидат повторно разгледани по политичките промени во оваа балканска земја.

clock-img

27.03.2010, 21:26

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Законот ги ограничува меѓународните посвојувања на биолошките баби и дедовци. Поставувајќи ги домашните посвојувања како приоритет, тој им дозволува на странците да посвојуваат романски деца само ако чекорите за нивно згрижување од страна на локалните семејства не бидат успешни. Меѓународните посвојувања на деца под двегодишна возраст се, исто така, забранети. Покрај тоа, законот забранува фондациите да делуваат како посрединици во процесот на посвојување, но дозволува учество на овластени странски здруженија. Евентуалната улога на некои невладини организации во процесот е ограничена на давање заштитни услуги при сместувањето на децата во семејства и родителска помош, или на активности кои имаат за цел нивна реинтеграција со семејствата. Законот предизвика негодувања помеѓу американските семејства чии случаи на посвојување беа во тек кога Романија ги забрани меѓународните посвојувања во 2001 година, следејќи го извештајот со остри критики на бароницата Ема Николсон, известувачот на Европскиот парламент за Романија, како и барањата што потоа уследија од страна на официјалните претставници на ЕУ.
Осудувајќи ја, како што ја нарече, „профитабилната трговија со деца“, Николсон ги критикуваше властите за „постојано напуштање на децата, злоупотреба на деца и запоставување“ и дури ги обвини властите дека продаваат бебиња. Опишувајќи го системот на детска заштита во земјата како корумпиран „од врвот до дното на хиерархијата“, таа предупреди дека ако истиот не биде променет, би можел да им наштети на шансите на Романија за пристап во ЕУ. Во име на американските семејства, чии апликации за посвојување на 250 романски деца беа замрзнати со стапувањето на сила на забраната, американскиот претседател Џорџ В. Буш го покрена ова прашање при состаноците со романските водачи кои го посетија Вашингтон во јули, неколку недели по усвојувањето на новиот закон.
Една меѓународна фондација за помош на децата, во меѓувреме, се спротивстави на овој закон, велејќи дека тој нема да им дозволи на семејствата да се обединат. „Сурово е и неправедно спрема илјадници деца и родители во целиот свет, на кои им беа доделени децата пред сегашниот мораториум“, објави фондацијата „Ничии деца“. За време на посетата на Букурешт во октомври францускиот премиер Жан-Пјер Рафарен говореше за основање на комисија која ќе ги провери меѓународните посвојувања на романските деца. Се вели дека помеѓу стотиците странски семејства кои чекаат нивните апликации за посвојување да поминат, има и околу 50 француски парови. Вршејќи притисок за наоѓање решение, уште едно тело, Заедничкиот совет на меѓународните детски служби, се состана со високи американски официјални претставници во средината на декември, при што, исто така, повика на формирање на комисија, која би ја сочинувале „објективни советници кои ќе понудат техничка помош за тоа како случаите да бидат разгледани на еднаков, транспарентен и етички начин“. Голем број западни семејства, кои беа засегнати од мораториумот на меѓународните посвојувања, сега се надеваат дека новите романски власти -- и особено претседателот Трајан Басеску -- ќе преземат чекори за процесирање на случаите кои се започнати и подобрување на нивниот целокупен процес на посвојување.

clock-img

27.03.2010, 21:28

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Романија ги затвора сиропиталиштата од комунистичката ера Во романските сиропиталишта се почнати широки реформи под притисок на меѓународните критики упатени кон оваа сиромашна земја, која остана со 100.000 сирачиња во детските домови по падот на комунизмот во 1989 година, јави новинската агенција Ројтерс. Во текот на деведесеттите години светот беше во можност да види шокантни телевизиски извештаи што прикажуваат полуизгладнети деца, заврзани за кревети во валкани сиропиталишта. Неколку социјални работници дури биле отпуштени од работа, откако го обелодениле малтретирањето на децата во романските болници. Една млада медицинска сестра била избркана од болницата во градот Орадеа, каде што работела со болни деца под покровителство на британска добротворна организација. Нејзината „вина“ било тоа што јавно апелирала во медиумите да се запре практиката на врзување на болните деца за болничките кревети.

Во комунистичкиот систем, диктаторот Николае Чаушеску го забранил абортусот и планирањето на семејството, за да се забрза растот на бројот на населението во Романија и така да добие уште поголем број работници за неговите планирани фабрики. Овие нереализирани планови ја оставиле земјата со зголемен број напуштени деца и сирачиња, кои биле згрижувани во државни институции во мизерни услови.

- Располагаме со само триесетина сиропиталишта, секое со по повеќе од стотина деца. Овие институции постепено ќе ги модернизираме или пак ќе ги затвориме со средствата од фондови на Европската Унија по влезот во 2007 година - изјавила Родица Паслару, советничка во владиниот институт за детска заштита.

Според Паслару во моментов во Романија 27.000 деца се наоѓаат во државни институции, а пак 19.400 се во рамките на семејства што доброволно ги прифатиле на престој со државна парична помош. user posted image

clock-img

27.03.2010, 21:32

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

clock-img

27.03.2010, 21:32

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

 user posted image
user posted image
user posted image

Последни статии

article-img