Здраво драги мои. Еве ме мене повторно назад со голема желба преку овој пост да ги споделам моите чуства при средбата со Јања...
Сите прегратки ваши и беа пренесени на нашата Јања и сигурно знаете дека добив прегратки за возврат за сите вас. Додека го пишувам овој пост солзи течат од измешани чуства, на една страна среќни поради убаво поминатите моменти со Јања, од друга страна тажни што близначките сеуште не се онаму каде припаѓаат, во домот во кој сите живеат за моментот да ги гушкаат, да се грижат и да се радуваат на близначките. Дом во кој топлината и љубовта зрачат од секое ќоше, се надзираат од секој агол, дом во кој секое дете би имало среќно и безгрижно детство...
Ме пречека силната прегратка на Јања со солзи кои течеа од радост и солзи дека во нејзиниот дом за првпат е некој од Македонија, од онаму каде припаѓаат нејзините близначки. Тато Примож успеа машки да ги задржи солзите но емоции имаше насекаде... Но емоциите од моја страна беа најголеми при првото мое стапнување во собата за двете мали ангелчиња, во собата која сите добро ја знаеме преку досегашните слики, собата која идните Мама Јања и Тато Примож секој ден ја гледаат празна со топка на душата и желба скоро тука да ги будат и заспиваат своите близначки. Ја имав таа чест да направиме заеднички слики со Јања крај насликаното дрво од Тато Примож (сликите може да ги видите тука: КЛИК) На разговорите им немаше крај, постојано се надоврзуваа еден на друг, како да се знаеме 100 години а не само година дена.
На моја голема радост се запознав и со идните баба и дедо (родители на Јања), кога сета коцка ми се склопи, од каде Јања е израсната во толку прекрасна личност. Прекрасни луѓе, кои се најголемата поддршка за Јања и Примож да истраат и издржат во овие тешки моменти на исчекување. Со голема љубов ни раскажуваа дека со нетрпение ги очекуваат своите внучиња од Македонија, дека секојдневно се подготвуваат за моментот да станат баба и дедо на двете близначки. Мајката на Јања која исто така неможеше да ги сопре солзите, вети дека нема да плаче од радост кога првпат ќе ги види близначките, само кога ќе ја дознае позитивната вест да и дозволат да се исплаче од радост. Што и да пишувам ќе биде премалку, само ќе повторам прекрасни прекрасни луѓе, кои израснале прекрасна личност како Јања. Ни раскажаа и за својата двегодишна внука од синот, која минатата недела била на гости кај баба и дедо и која ги изненадила колку многу работи знае сама да прави, како знае да ја слика својата бабичка и да побара таа да се насмевне кога ја слика, како знае дека треба да и стават батерија на клавирот.... а како знае и да чува чоколатче и за своите братучетки кои скоро треба да дојдат од Македонија И тоа мало сонце чека да може да си игра со близначките од тета Јања...
Разговорите си течеа, времето поминуваше и се ближеше разделбата, која беше неизбежна... Листот на календарот го сврте Јања и се појави септември... и двете посакавме овој месец да биде најсреќниот и овој месец нивниот најголем сон да се оствари, а ние сите Рингерајки, ќе помогнеме овој месец Јања и целото нејзино блиско семејство да се гушка со близначките.
< Поракaта ја уредил Julie -- 2.9.2010 13:49:52 >
_____________________________
And this is my beautiful life ...