за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Можам да замислам како е Еца. Малку ме плаши помислата за тоа што ме очекува во блиска иднина. Не е едноставно да се биде и мајка и сопруга + пријателка, добра снаа и сл. Некои полесно и побрзо се навикнуваат и не им претставува тешкотија новата ситуација, некои побавно. Се гледа дека си посветена мајка и сопруга, храбра, издржлива. Има многу мајки кои само со збор ја имаат својата улога. Има и жени-змии. Имав прилика да бидам во друштво на една... Долга и широка приказна е, ако имате време и желба, ќе ви ја раскажам
С.Б. Што се однесува до времето на рр и нет... Јас порано седев и по цела ноќ, и тоа онака, за муабет на скајп, не нешто важно (рр е незаменлива, неспоредлива со сите други варијанти на дружење), дење спиев,но ми сметаше тоа темпо, па се одвикнав и не сакам пак да се навикнувам. Тешко е да се промени било која навика. Поинаку е кога самата работа ти бара да не спиеш навечер и денот да го направиш тоа и многу потешка варијанта за жените е ноќно неспиење, за разлика од вас мажите.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
17.02.2010, 01:17
Еца
6692
Мислам дека секој може ако сака.Јас за пример го земам татко ми, прво завршил виша педагошка, работел како учител, па по некое време се запишал на фак.ама не го довршил, се вработил како професор, па ајде дете, па друго, па трето (јас ) обврски, ама му се упалила сијаличката и кога сум имала една година ги довршил студиите.Мајка ми вика многу и помагал, додека таа правела ручек, тој не бањал, спремал, чувал, значи се се може ако се сака. Но сами си живееле и сами го креирале животот.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
17.02.2010, 01:17
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: S*B*
На мојата сопруга можам само да и честитам откако се зедовме беше при крај со факултетот дома+работа+фак+учење ноќе+гости.Јас не би издржал ни еден ден.Има некој работи што жените се многу многу поиздржливи од нас мажите.И тука ви пуштам рака.
Секоја чест за ова. Ретко кој маж го признава тоа и т.н. скриена работа на жените.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
17.02.2010, 01:21
S*B*
309
И ние сами живееме и мислам дека е незаменливо.Прво јас не би можел да излезама на крај со моите па не женами.Сам си е сам што сакам дома си сум и си правам.А ако си во заедница треба да мислиш на сите да му погодиш.А помошта од страна на нас мажте мислам дека е многу потребна и мора да има се пружа на сите мајки и жени.Сега тоа што некој мажи несакаат да го признаат дека помагаат тоа е друга приказна.А јас не гледам ништо лошо во тоа мене едноставно ми причинува задоволство.
17.02.2010, 01:23
Bitolcanka
2461
Браво за татко ти Еца. Се гледа дека е добар, посветен сопруг. Сигурно и зетчето се истерало на него Сепак, за жена е многу потешко, иако се зависи од сопругот, неговата помош, поддршка и разбирање. Кога се 2 се е полесно, кога има 3-та личност... лошо оди. Инаку, морам да кажам, имам забележано дека децата многу особини добиваат од родителите. Тие им се како пример и кога се возрасни со свое семејство многу личат на нив (на своите мајки и татковци).
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
17.02.2010, 01:25
S*B*
309
Пошто сте добри со сликиве ај сега частете по едно благо после кафево.
17.02.2010, 01:25
Еца
6692
Навистина убава тема почнавме, и одлично друштво вечерва, како и секогаш на рр, но јас одам да прилегнам малку колку да земам здив, ви посакувам добра ноќ и ви закажувам дружење сабајле со по едно кафе за расонување Се најдобро, се читаме наскоро.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
17.02.2010, 01:27
S*B*
309
Голем поздрав за најдобрата Administratorka и јас сега ќе легнам малку па во 4 здравје да тргнам.
17.02.2010, 01:28
Еца
6692
може вака? остајте од тортата за мене, јас не сум на диета ај чаос сега
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
17.02.2010, 01:29
S*B*
309
Не јадам чоколадна ама ќе каснам за тоа што се измачи.Ај добра ноќ.
17.02.2010, 01:29
Bitolcanka
2461
и за тебе другар. Ретки се таквите како тебе, секоја жена треба да биде горда ако има ваков маж. Сум видела (прво дома) кај многу семејства мажите се уште исти како порано (глава на куќата), како да сме во првобитно општество-патријархат. Секако тоа е и дека сме во Мкд, останало нешто од турско и ден-денес. Повеќето мажи, а особено жените измислуваат многу прекари за мажите кои и помагаат на сопругата, само затоа што се љубоморни, незадоволни од својот брак (од својот сопруг) и воопшто од животот. Имам лично видено, најмногу сакаат да омаловажат маж нарекувајќи гo "папучар" (оној кој ја сака, цени сопругата и не се срами да и помага и да биде со неа) баш тие кои се врткаат околу нозете на својата сопруга и трчаат само што таа ќе зине. Жално, но вистинито.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
17.02.2010, 01:30
S*B*
309
Жално, но вистинито.
потпис
17.02.2010, 01:31
Bitolcanka
2461
Баш убава торта. Ќе каснам и јас малку Таман ни тргна муабетот, јас се распишав и распливнав (како и обично ), вие напуштате. Ок, штом е така. И јас да видам само што има на фб, па ќе ги одморам очите и мислите. Добра ви ноќ на двајцата. Се читкаме утре пак.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
17.02.2010, 01:34
S*B*
309
Јас сум тука уште до 2 па после ќе дремнам до 4 па на пат.На ФБ не можам да се конектирам ни го имаат блокирано од Скопје и така си сум на РР и ми е многу убаво.
17.02.2010, 01:38
Bitolcanka
2461
Кога е така ќе те подружам и јас уште малку Ми се спие, но не многу. За добар разговор вреди човек и помалку да спие Ти каде патуваш? Ако возиш подобро е да одмориш.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
17.02.2010, 01:40
S*B*
309
Не знам кај ќе одам кога ќе го земе човекот од дома ќе каже каде ќе одиме.А за возењето се навикнав веќе.Два сати ќе одморам и ко нов после ќе бидам.Како е Битола имате снег уште.Во неделата завечерта убаво ви заврнало.
17.02.2010, 01:45
Bitolcanka
2461
Ок, ти најдобро си знаеш колку одмор ти треба... Бт има малку снег, но се топи полека, сигурно, на моја среќа. Воопшто не сакам снег, особено кога долго врне или со денови, зашто мрзне, се лизга, лошо е за одење... Кај нас зимите се такви, многу студени. За среќа овие години не е како порано. Се сеќавам една зима кај нас се беше подмрзнато, а во Охрид немало воопшто снег. Имавме роднини неколку дена од Охрид, тие ни кажаа. Многу си ја сакам Битола, но студот многу ми смета.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
17.02.2010, 01:48
S*B*
309
Учев средно од 94-99 1995 беше мислам или 1994 ни дадоа распуст кога беше -30 Драгорон беше цел замрзнат.Ама таму кај вас така е ама БТ си е град не е играчка.
17.02.2010, 01:54
Bitolcanka
2461
Значи тука заврши средно? Битола, не дека е мој роден град, не би го заменила за ништо. Уште езеро да имаше мислам дека ќе беше најубав град во цела држава, без никаков недостиг. И Охрид е прекрасен град, со убави знаменитости, езеро... Во секоја сезона можеш да се шеташ покрај езерото, многу романтично е кога си со саканиот/та
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
17.02.2010, 01:57
Bitolcanka
2461
П.С. Сега со непрекинливите дождови и езерца си имаме на секое место
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
17.02.2010, 01:58
S*B*
309
Значи тука заврши средно?
Не само што завршив пола по мајками сум од Битолско од Беранци, роднини еден куп низ Битола и битолско, сопругата ја сретнав таму.Многу убави работи ме врзуваат за тој град.
17.02.2010, 02:00
S*B*
309
П.С. Сега со непрекинливите дождови и езерца си имаме на секое место user posted image user posted image user posted image
И ние си имаме едно големо и еден куп помали езерциња.
17.02.2010, 02:01
Bitolcanka
2461
Ааааа супер Јас па, пола битолчанка сум пола стружанка. Татко ми и дедо ми се од Струга, мајка ми од Битола Имам роднини и во Охрид и во Струга. Се најдовме Последен пат во Охрид бев во октомври. Преноќевав кај роднините навечер, а дење бевме во хотел Метропол, на конференција.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...