cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Сладолед

clock-img

27.03.2012, 11:58

clock-img

dostickage

pencil-img

2181

Nie lani koga jadevme on jadese prvo pa posle mu go krievme sladoledot za da mozeme nie da go dojademe.Kolku i da mu dades eve mu bese malce.
Godinava pak kje davam.
Obicno jas jadam sladoled u site sezoni ama godinava nesto utnav pa ne sum kupila uste samo ednas na rabota u fevruariuser posted image  

clock-img

27.03.2012, 12:01

clock-img

rina13

pencil-img

1147

mojava poima nemam dali ke jade sladoled jas I mm ne jademe mozda ke mi tekne nekogas da I dadam ko za proba da vidam dali ke I se sviga.

clock-img

05.07.2012, 13:27

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Дали ја прочитавте денешната статија за сладоледот? Дали вие им давате на вашите дечиња, и од кога почнавте со сладолед?

Ние оваа година редовно кога излегуваме на шетање, купуваме и сладолед. На почетокот дома и давав- не сакаше, ама еднаш и купивме кога бевме излезени, и сега обазевно се зема на секое излегување. Дури пред некој ден, плачеше за два сладоледи да има.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

05.07.2012, 13:29

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Јас му купив едно топче сладолед во корнет на Филип, од чоколадо беше. Му дадов, лижна двапати, ми го даде и ми вика Не ми е убаво.
После неколку дена поминувавме од кај истата слаткарница, ми побара сладолед. Му купив од ванила овојпат, лижна 4-5 пати, пак не му било убаво.
Вчера на гости ни понудија сладолед, Филип вика Јас не сакам, не ми е убаво! user posted image

Значи, не сме љубители на сладолед. Освен ако не направат некој со вкус на смоки! user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

05.07.2012, 14:44

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


Значи, не сме љубители на сладолед. Освен ако не направат некој со вкус на смоки! user posted image user posted image user posted image



И Никола не сака сладолед..а ако најдете ваков викајте user posted image user posted image user posted image

clock-img

05.07.2012, 15:24

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Ќе здробиме смоки, ќе ставиме јогурт, ќе им брцнеме по едно стапче и ете ти! user posted image И после патент на производот. Двајца муштерии сигурно ќе имаме user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

05.07.2012, 18:31

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Јас многу се трудев оваа година да не го запознава се уште, иако ми беше многу тешка мисија. Е денеска имав гости, другарки и нив ги почестив сладолед, а за децата планирав пудинг, ама кога го видоа сладоледот, пудингот не го ни погледнаа, така денеска јадеше може да се каже за прв пат, ама растопен. Не знам зошто, ама јас сум против сладолед да се дава на мали деца, ми е страв да не го фати грлото

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 29.9.2014 11:58:57 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

05.07.2012, 18:50

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Грлото мислам не може да го фати од сладолед, повеќе може од ладен пијалак - оти тоа наеднаш ќе го испие, а сладоледот ќе си лижнува по малце и мислам нема гајле. М лани јадеше, па годинава кога и понудив дома не сакаше, ама овој од чаршија изгледа поубав е.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

05.07.2012, 22:58

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Н. јаде по 2 пати на ден сладолед!! не знам веќе што да и правам!Ако и речам дека немам пари во моментот за сладолед, си вади од нејзината каса и ми дава, само за да и купам. Викендов ќе си правам домашен сладолед.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

22.09.2014, 17:54

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние цело лето уживавме во вкусот на сладоледот, но не повеќе од една топка, или оние од нестле различни вкусови - банана, лубеница (зошто чоколадото го избегнуваме). Прво не го сакаше домашниот што и го спремав, но откако проба неколку пати - го пројаде и тој, па цело лето си имавме различни сладоледи на мени.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

29.09.2014, 12:03

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

И ние ова лето скоро секој ден јадевме сладолед, ама само по еден. Михаил покасно проба салдолед на некои 2 и пол години, а Јана еве ова лето е година и пол и таа со Михаил јадеше сладолед, едноставно не можеше да не и дадам кога го гледа и бара, плачи, некогаш успевавме да се скриеме или да му купам додека таа преспива или ќе му речев да го јади на тераса на пример да не го гледа

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

29.09.2014, 14:55

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

M od sladoled obozava samo jagotka vo kornet...kornetite posebno gi jade pa se slucuvalo od slatkara samo korneti praznuser posted image i da barame

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

30.09.2014, 12:15

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Јас сладолед и во зима јадам - обожавам млечни и чоколадни вкусови, а Тина годинава прв пат изрази желба за сладолед, на 3 години. Но не јадеше секојдневно, туку да речеме 2-3 пати неделно, и тоа некој чоколаден на стапче (од фрижидерите на Нестле или Цермат), или пак 2 топчиња од слаткарницата каде преседавме летово. Е корнет не сака, јаде од чинивче, или го остава корнетот на мама user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

19.11.2014, 13:13

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Јас не сакав да му давам сладолед на син ми, не од страв дека ќе го фати грло, туку заради тоа што сладоледот е многу благ. Ама ова лето, почна да јаде сладолед, и тоа најчесто татко му му купуваше, ама не се загрижив толку многу, сепак не јадеше секој ден. Догодина здравје, ќе му правам домашен сладолед со јогурт и сецкано овшје, барем поздрава варијанта ќе биде.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

19.11.2014, 15:57

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

И јас на моиве прв пат сладолед им дадов летово. Не дека нешто премногу се потресоа по сладолед ама не го практикував нон стоп.Многу ретко еднаш во две недели. А во однос на благото моите прв пат чоколадо пробаа на годината и тоа животинско што е повеќе на какао.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

Последни статии

article-img