cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Пиво фест во Прилеп

  
clock-img

15.07.2009, 08:59

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

И оваа година четири денови Прилеп ќе живее со ладното пиво и вкусната скара. Оваа недела, на 16-ти, започнува седмиот по ред, веќе култен, Пиво Фест.

Според направените проценки, минатата година се потрошија 70 тони пиво и 30 тони скара. Годинава се очекува дуплирање на бројките.„Оваа година очекуваме да бидат потрошени преку 60 тони скара и 140 тони пиво, исто така според најавите кои ги имаме, очекуваме над 200.000 посетители за овие четири дена“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.Ќе има 22 штандови распределени на простор од 2.900 метри квадратни. Ќе учествуваат пет пивари и овластени дистрибутери со 13 видови на пиво, а покрај нашите естрадни уметници ќе гостуваат и Луис, Електрични оргазам, Серчук оркестар и Северина.„Поголем дел од просторот е резервиран за самите пивари и овластени дистрибутери на пиво, а во другиот дел од штандовите ќе бидат застапени наши реномирани ресторани и угостители“, вели Винета Иваноска, сектор за Лер - општина Прилеп.„Најспектакуларен е секако настапот на Северина кој сите го очекуваме со неизвесност, бидејќи до сега Северина нема одржано концерт на отворено во Македонија“, рече Снежана Ристеска, советник за култура.Покрај забавата, ќе има организирано и натпревари во најбрзо јадење скара и пиење пиво.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

15.07.2009, 08:59

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Пиво фест е манифестација која се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на општината Прилеп и стопанските субјекти од Прилепско.
Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на Прилеп.
Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители.
Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји.
Фестивалот е познат по добрата забава, добрата скара и ладното пиво и секако масовната посетеност.
Фестивалот има стекнато традиција, и на туристичката карта на Прилеп
има едно од најважните места. Се одржува во лето, во 2009-та од 16-ти
до 19-ти Јули.

2007 година


Во пивофестовската журка учествувале над 350.000 посетители од
земјава и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60
тони скара. На двете бини во центарот на градот настапиле 30-ина
музички имиња и од забавната и од народната естрада. На 15-те штанда на
шесте пиварници и десетте скараџии немало слободно место.
Имало организирани посети од Грција и од Бугарија, а имало туристи и од Кина.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

15.07.2009, 09:00

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Ве поканувам сите на вкусна скара и ладно пиво во Прилеп. user posted image  user posted image  user posted image  

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

15.07.2009, 09:16

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Палешка супер, фала на поканата, навистина примамливо! Те молам имаш информација кога ќе биде Северина, не дека јас нешто ја обожавам, но машкиот пол ќе биде заинтересиран user posted image user posted image user posted image

_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

15.07.2009, 09:34

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Ќе се распрашам Јуле за точниот датум и време. Во право си, освен пиво, скара, па и Севе, примамливо 100% user posted image  user posted image  user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

15.07.2009, 09:44

clock-img

mami

pencil-img

8680

да знаеш дека ке му предложам на мм да појдеме, добро би ни дошло малку патување надвор од скопје..ако идеме ти пријавувам обавезно

clock-img

16.07.2009, 01:04

clock-img

biljanaM

pencil-img

662

многу сакав да присуствувам на овој настан ама ете околностите не ми дозволуваат.....user posted image
а имав многу покани плус цимерката ми беше од ПП


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

clock-img

16.07.2009, 17:26

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Палешка ние одиме на одмор во недела па ќе понинеме низ прилеп па ме интересира кои се дневните шеми на пиво фестот.Никогаш не сум била и ме интересира кое време започнува во недела?Поздрав

clock-img

17.07.2009, 09:32

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

mis, нема дневна ниту ноќна смена, штандовите работат нон-стоп. Можи да има прекин во печењето скара од 06-08 наутро, но верувам дека вие ќе стигнете подоцна. Пиво фестот се одржува на булеварот, кој е затворен за сообраќај, па нема да го промашите. Ако имаш време јави ми, на одење или на враќање, па да направиме едно кафе-дружење во Прилепuser posted image  user posted image  user posted image  user posted image  user posted image .



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

17.07.2009, 09:34

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

За сите заинтересирани user posted image

Северина настапува во сабота од 21 часот до даље user posted image



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

17.07.2009, 18:31

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Палешка па супер ми одговара оваа работно времеuser posted image Се надевам дека ќе скршнеме од пат и ќе го посетиме пиво фест.Ако можам ако имаме доволно време ќе се чуеме.Поздрав.

clock-img

10.07.2010, 00:33

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Палешке кога е Пиво-фестот оваа година, овој месец - на која дата? Имам информации дека е на 17-ти. 17-ти и 18-ти не ќе можам да дојдам, за другите дена ќе видиме. Лани не бев, ме викаше другарка ми, за оваа година се надевам ќе можам да дојдам малку, да ја почувствувам атмосферата user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

10.07.2010, 01:16

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

КЛИК ТУКА за инфо

Ве чекам сите во Прилеп, се разбира, посебно Битолчани, најблиску се, но и сите други!
Ајде, добра можност да се запознаеме и напиеме user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

10.07.2010, 13:30

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Лани бевме...и оваа година ми се иди, ама со user posted image малку неизводливо ми еuser posted image
Палешка, да ги оставиме Миа и Мартин на татковците, а ние да пиеме пиво и да јадиме скара...ок ли е??user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

10.07.2010, 13:47

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Свекрва ми е воспитувачка, да и ги оставиме сите нејзе и ние да одиме на пиво, што велите а? user posted image user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

10.07.2010, 14:39

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Ако доаѓаме со дечко ми ќе ве известам. Најверојатно четврток или петок - 15-16-ти (17 и 18 се свадбата и крштевката), но дневна шема (ќе има штандови и пред 19ч. нели?), најдоцна до 20ч., навечер не можеме. Можеме со 1 кола да идиме, ако се заинтересирани и Тереза со нејзиниот сакан user posted image

< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 10.7.2010 14:41:55 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

10.07.2010, 15:11

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Свекрва ми е воспитувачка, да и ги оставиме сите нејзе и ние да одиме на пиво, што велите а? user posted image user posted image



Ееее...тогаш лесно правиме...сите ќе и ги тупнеме на твоја свекиuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

10.07.2010, 15:24

clock-img

danced

pencil-img

101


Пиво Фест во Прилеп годинава ќе се одржува четири дена:
од четврток 15 јули до недела 18 јули. Организаторите ќе понудат пиво, скара, музика на различни сцени и забава. Цеца Ражњатовиќ ќе биде ѕвездата на вечерта. Сите се добредојдени:)

За сите заинтересирани Цеца ќе настапи во недела, на 18 јули, на затворањето од фетивалот!

clock-img

15.07.2010, 10:18

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Да ве информирам само дека денес ќе идам во Пп со дечко ми, околу 17 часот. Планирам да си купам фустан од таму, па ќе прошетаме. Кој има време од 18-19:30 некаде ќе го дружиме, т.е. да не дружи user posted image Пишете ми во пп броеви, ќе ве побарам.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

15.07.2010, 12:19

clock-img

majka 79

pencil-img

836

pocna guzvata vo Prilep.
glavnite ulici se zabraneti, pa zatoa sporednite se prebukirani so koli,edvaj da se razminis.
bitolcanka,parkirajte podaleku od centarot.

clock-img

15.07.2010, 15:57

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Фала за информацијата Мајка79. Ќе паркираме некаде подалеку. Еднаш и во пазарен ден - сабота, исто имаше гужви, одвај најдовме место. Ти пратив пп. Ако си слободна да пиеме кафе некаде. Поздравче user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

15.07.2010, 22:46

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

user posted image

Еве сме со Палешка и срцката-Миа на пиво-фестот пред штандовите user posted image

< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 15.7.2010 22:47:24 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

15.07.2010, 22:50

clock-img

tereza

pencil-img

784

аајјјј што сте убавиииuser posted image сакам и јас на пиво фестотuser posted image

clock-img

15.07.2010, 22:52

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Ај што сте ми убави сите три, ама ќе ми извините најмалата е најубавааааuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

15.07.2010, 22:54

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461


ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza

аајјјј што сте убавиииuser posted image сакам и јас на пиво фестотuser posted image



Е другарке, те викавме, не дојде - кој ти е крив user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

Последни статии

article-img