cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Пиво фест во Прилеп

  
clock-img

05.07.2012, 13:05

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Пивофест 2012

Традицијата која што започна во 2003 година во Прилеп продолжува и оваа година. Тогашната ентузијастичката идеја сега се претвори во традиционален настан кој го исчекува не само Македонија туку и нашите иселеници во странство кои своите одмори ги темпираат за време на фестивалот.
Во очекување на целосната музичка програма за Пиво Фест 2012 што по јубилеен 10-ти пат ќе се одржи во Прилеп од 12-ти до 15-ти Јули, ги пренесуваме учесниците што се засега потврдени. Напоменуваме дека ова не е конечниот список и кога ќе имаме нови информации, постов ќе биде навремено обновен.

Главна сцена:

Четврток, 12-ти Jули 2012
Дубиоза Колектив (Босна и Херцеговина)
С.А.Р.С. (Србија)
Ras Zacharri (Јамајка)
Conquering Lion (Македонија)
Петок, 13-ти Jули 2012
Crossroad Blues Band (Македонија)
Влатко Стефановски Трио (Македонија)
Есма Реџепова (Македонија)
Кирил Џајковски (Македонија)
Сабота, 14-ти Jули 2012
Мирослав Илиќ (Србија)
Џеј Рамадановски (Србија)
Жељко Јоксимовиќ (Србија)
Недела, 15-ти Jули 2012
Наум Петрески (Македонија)
Петар Грашо (Хрватска)
Лепа Брена (Србија)

извор:криглапиво.ком

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

05.07.2012, 13:07

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Наредниот четврток започнува Пивофестот, е па ајде не туку се собирајте само на кафиња и сладоледи по Скопје, ајде дојдете на ладно пиво во Прилеп.
Ве чекамеее!

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

05.07.2012, 14:13

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Их, радо би! Не сум била на пивофест одамна. Ама нешто програмава за сабота и недела не ми фаќа око, хм..

clock-img

05.07.2012, 18:36

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Како бе не ти фаќа око, ами дури од Бугарија кај нас во хотелот (кај што работам) резервираа соби уште пред месец за Жељко и за Џејuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

05.07.2012, 19:04

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Јас поканив еден куп Рингерајки, само ако не дојдат user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

06.07.2012, 09:22

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

На драга воља и со полно срце ми се иде, ми се плаче.....ама математиките и ова лето ми се утнати-те,од минатото лето-лани прескокнав оти бев со стомак до заби, годинава-оти user posted image не е доволно големо за журки,ниту пак за оставање само со баби...и така,ќе споделите вие импресии. А пусто, и ген ме влече накај ПП user posted image ,ама живи здрави, ќе чекаме догодина пиво фест user posted image

clock-img

11.07.2012, 17:27

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Утре започнува ПивоФестот. Веќе се е речиси наместено, ќе има многу повеќе штандови од лани, значи повеќе пиво и скара, имаме и туристичко вовче, и така.... на сите што нема да дојдат ќе им биде криво.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

11.07.2012, 17:38

clock-img

Gardenia

pencil-img

682

Дај кажете како е програмата не сум многу информирана user posted image

clock-img

11.07.2012, 17:40

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Gardenia, ја има најгоре на страната.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

11.07.2012, 17:44

clock-img

Gardenia

pencil-img

682

мммм четврток и петок ми фаќа меракuser posted image

clock-img

11.07.2012, 17:46

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Е па ајде, ние сме тука за да ги пречекаме сите РР-ки кои имаат желба да не посетатuser posted image .

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

11.07.2012, 18:17

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

И јас да пријавам гостопримливост. Која Рингерајка сака да повели во Прилеп на гостиuser posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

11.07.2012, 18:37

clock-img

meU87

pencil-img

454

Женски имам едно прашање, дали има можност за изнајмување соба во Прилеп и кои се цените???
Сакаме да отидеме во сабота на пиво фестот, само незнам дали ќе бидам способна цел ден да шетам, па за секој случај да имаме и соба за преспивање, одмор.???

clock-img

11.07.2012, 21:11

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Сакам на Пивофест, сакам на скара, сакам на журкаааа user posted image

clock-img

11.07.2012, 22:46

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505


ИЗВОРНА ПОРАКА: meU87

Женски имам едно прашање, дали има можност за изнајмување соба во Прилеп и кои се цените???
Сакаме да отидеме во сабота на пиво фестот, само незнам дали ќе бидам способна цел ден да шетам, па за секој случај да имаме и соба за преспивање, одмор.???



Можам да прашам, но мислам дека веќе тешко се наоѓа.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

12.07.2012, 10:02

clock-img

meU87

pencil-img

454

Ај те молам ако имаш некој прашај, ме интересира и цената, да знам колку како се движат.

clock-img

12.07.2012, 13:32

clock-img

blond

pencil-img

1268

И мене ме интересира за преноќевање во Прилеп, сабота кон недела. Ако имате некаква информација, пишете ми.

clock-img

12.07.2012, 23:39

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Snowhite еве кај што работи, имаат соби. Само нека пише дали има празни, ако не, може и кај нас да ни дојдете на кафе, па да одморите од шетање.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

13.07.2012, 10:29

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

И моиве сакаат да одиме, ама за спиење некако не сум, за враќање ќе треба јас да возам до Ск, чунки маживе ќе љокнат пиво, ја ќе треба трезна да седам user posted image или во Кичево да преспиваме... ајде којзнае како ќе се договориме

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

15.07.2012, 14:28

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Морам малку да ги пофалам Прилепчани.
Вчера бевме таму , се беше супер, најмногу што ми остави впечаток беше , седевме тоест стоевме на масата кај што беа брат му на мм и девојкатасо другарите, еден човек имаше 3 празни столици, кога ми се запна земи ги па земи ги седи ( а ние бевме за одење, ги испративме сестра ми и зет ми)па и со нив да се видиме малку , му викам не , фала не мора, и човеков ги донесе столиците абе седете не стојте user posted image , добрар чичко некој, после еден дечко го поттурна мм ( случајно) и нормално во гужвата па пет пати му се извини, после исто мене ми се случиuser posted image .Културни и гостопримливи браво.

Ние после седењето на тревата ( кај што се запознавме со ПАлешка user posted image ) тргнавме за дома ама успеавме некако да се пробиеме малку поблиску до бината и го изнаслушавме Жељко, поигравме, јадевме и си отидовме.
Многу позитивна енергија, луѓе и по некој напиен човек, суперuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

17.07.2012, 18:55

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Snowhite еве кај што работи, имаат соби. Само нека пише дали има празни, ако не, може и кај нас да ни дојдете на кафе, па да одморите од шетање.



Да, имаме соби, ама немаше ништо слободно за време на пиво фестот затоа и не пишав ништо, се надевам дека се снајдовте и убаво поминавте.
Ние за време на пиво фестот освен за Влатко Стефаноски, за другите не сакав ниту да ги слушам, ниту да се туркам низ гужвите. Трите вечери излегувавме, ама рано и рано се прибиравме, зашто и Михаил го носевме. Во саботата излегов само поради него да го повозиме со вовчето. За тие што не знаат еве да појаснам за време на пиво фестот од Кина донесоа воз (кој се разбира и понатаму останува во градот), нормално не воз на шини, еколошки, на струја и возеше на една кратка релација низ градот, како паорамско разгледување. Додека траеше пиво фестот, возењето беше бесплатно и наменето претежно за децата. Мене не ми беше нешто посебно, ама за децата беше закон

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

13.06.2013, 18:58

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Владо Георгиев, Даниела Мартиновиќ, Халид Бешлиќ, Bjonko & Copenhagen Chalgija и Вера Јанковиќ се новите имиња кои ќе настапуваат на годинешниот Пивофест во Прилеп. Тие им се придружуваат на веќе потврдените 2CELLOS, Горан Бреговиќ и Inna. Потсетуваме дека Пивофест 2013 ќе се одржува од 18-21 јули на стандардната локација.
извор: kriglapivo.com

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

13.06.2013, 20:52

clock-img

temjanuska75

pencil-img

770

E godinava ne go propuštam Pivofest. Lani ni iskrsna nešto po doma, godinava doagame.

clock-img

13.06.2013, 23:32

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Обавезно ќе гледам да појдам, освен ако не искрсне нешто непланирано.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

13.06.2013, 23:36

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

СЕ надевам годинава дека ќе може бар блиц да се посети пивофестот - ми фали 2 години user posted image

Последни статии

article-img