cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Колку кошта едно дете?

clock-img

17.06.2010, 15:18

clock-img

elle

pencil-img

613

Се согласувам со martins mom навистина си позитивна личност, на форумов требаат такви луѓе. Неможев ни да претпоставам дека ти се случило такво нешто и жал ми е за тоа што сте го претрпеле ти твоите деца.

_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

clock-img

17.06.2010, 15:35

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Значи милион пати имам кажано..сите од центарот тоталка треба во најмала рака да се сменат, а некои од нив и треба да се казнат. Да заете само колку вакви случаи има, како жената на која и побарале пари, како Анушка која се малтретирала со нив и милион други. Многу добро ги познавам тие случаи, бидејќи дел од мојата работа е и тоа.Ние како органозација се обидовме да им укажеме на некои раборти како треба да работат и слично..но си останавме со прстот во уста... Имам другарка која се разведе по снов на семејно насилство и замислете центарот даде препорака детето да се додели на таткото, на насилникот..невидено, нечуено. Се обжали препораката, судот и го додели детето, и по препорака на организациите кои работат со такви случи, го тужевме центарот. и знаете, после 3 години сеуште не е мрднато со мало прсте во врска со случајот, не му дошол редот..Дури и тужбите не се реализираат..САКАМЕ НОВИ ЦЕНТРИ, ОВИЕ НЕ ФУНКЦИОНИРААТ!!!!!!!!!!!!

clock-img

18.06.2010, 11:34

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Мито и корупција постои секаде, во сите држави, не ја кудете толку Македонија. За се` треба двајца, па зата Законот ги санкционира и примачот на мито, но и давачот на мито. Проблемот е во тоа што во најчест случај во улога на примач на мито е самата Власт. Значи, не се будали сами да се казнуваат и пријавуваат, освен кога треба да се замачкаат очи пред избори... А давачот на мито, пак, е очајна едника која се фаќа за сламка...
Ники, не прашувај гаталец, прашај паталец. Ќе ви го раскажам мојот случај:
Центарот за соц. грижи беше посредник при мојот развод и правеше евалуација кој треба да биде старател на нашите две мали деца. Во тоа време (пред повеќе од 10 години), на власт беше партија многу блиска до фирмата на бившиот сопруг. Не постојат зборови со кои можам да ви ја опишам голготата низ која поминав, а тортурата која секојдневно им ја правеа „добрите тетки“ од Центарот на моите деца се граничи со лудило. Траумите низ кои поминаа останаа трајни. Секојдневно им одеа де во школо, градинка, дома, на улица, ги м`кневме во Центарот да не` „посматраат“...  да видат каде да ги дадат децата. Не ми беше јасно зошто го прават тоа. Вообичаено беше нивното Мислење да се изготви за месец-два. Ова траеше цели две години! Без никакво, ама баш никакво образложение децата привремено ги доверија кај таткото (кој нон-стоп беше на пат, па ги чуваше кој стигне), а јас смеев да ги гледан еднаш на две седмици. Мислам, во затвор да бев, криминалец, ќе можев почесто да контактирам со нив. Ако ги вратев 15 подоцна, редовно бев приведувана во Полиција за малолетничка деликвенција.
Дознав дека се добро подмачкани за целиот сулчај од страна на фирмата на бившиот, а намерно го одолжувале целиот процес, за да (бидејќи немаше никаква причина да мене не ми ги доверат децата, особено што беа многу мали, а татко им во странство) во меѓувреме да се отуѓат од мене и пораснат. Кога тоа се случи, со Мислење дека децата се од машки пол (!?user posted image ) и дека затоа треба да бидат со таткото, не` пратија на Суд. Тимот кој го даде мислењето сите добија унапредувања веднаш утредента!
Од немајкаде, си ја продадов колата и на крај дадов мито. Тие тоа толку суптилно го изведоа, воопшто незнам кој ги зема сретствата, но јас добив ново Мислење.
Од тогаш, децата се кај мене, татко им НИКОГАШ не се јавува, а ретко ги зема по саат-два. На децата многу им недостасува, одев пак во истиот Центар и ги молев да го најдат, да му „наредат“ да ги гледа, а тие креваа раменици со образложение „што да ти правам ма, кога со таков ненормален маж си се земала (?!user posted image )“ ова ми го кажуваа стручни лица.
Да имам желба да ја обелоденам целата работа, да имам желба за освета, ама пак да поминувам низ сето тоа, пак да им ги гледам лицата, немам веќе нерви. Но, еден ден, ќе го направам тоа, правдата мора да ги стигне.
П.С.: ни на најголемиот душман на веков не би му посакала да мине низ тоа низ кое јас и моите дечиња минавме. Сепак, уште сто пати да треба да платам, ќе платам. И душата на ѓаволот ќе ја продадам за моите деца.



Анушке, суштината на проблемот ја имаш кажано во првата и последната реченица. Светот го  вртат парите, отсекогаш било така секогаш ќе биде така, за жал. И кога ќе му влезеш во вилицата на волкот спас ти е или да се откажеш од тоа што го сакаш ( што не е секогаш лесно, а во твојата ситуација е неприфатливо и да се најдам во иста ситуација исто ко тебе би постапила) или и душата на ѓаволот да ја продадеш и да платиш што ти бараат.
Она што сакав да кажам за менталитетот, е дека сакаме на две столици да седиме, да платиме мито колку нас ни одговара, тој што го зима митото да го затвориме, а до целта која сме ја зацртале да дојдеме преку ред, пред сите други кои исто како нас чекаат и вредат исто колку и ние. И уште се прави пазар, 1500 долари ќе дадам, повеќе не, малку ќе дадам да почастам, 10 000 евра се многу... хм тоа ми боде очи.  По мене или чекаш без да дадеш воопшто, со ризик никогаш да не дочекаш или даваш колку ќе ти побараат за да го добиеш она што го сакаш, евентуална опција е да тераш правда и пак да не го добиеш она што го сакаш, но и да се надеваш дека правдата ќе биде истерана. 
Посвоителите се навистина во незавидна положба, а оние кои работат по социјалните служби треба да бидат казнети, сменети, а кој ќе го направи тоа? Власта, без притисок од народот, тешкоuser posted image

< Поракaта ја уредил Палешка -- 18.6.2010 11:35:45 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

18.06.2010, 12:25

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Aнушке, суштината на проблемот ја имаш кажано во првата и последната реченица. Светот го  вртат парите, отсекогаш било така секогаш ќе биде така, за жал. И кога ќе му влезеш во вилицата на волкот спас ти е или да се откажеш од тоа што го сакаш ( што не е секогаш лесно, а во твојата ситуација е неприфатливо и да се најдам во иста ситуација исто ко тебе би постапила) или и душата на ѓаволот да ја продадеш и да платиш што ти бараат.
Она што сакав да кажам за менталитетот, е дека сакаме на две столици да седиме, да платиме мито колку нас ни одговара, тој што го зима митото да го затвориме, а до целта која сме ја зацртале да дојдеме преку ред, пред сите други кои исто како нас чекаат и вредат исто колку и ние. И уште се прави пазар, 1500 долари ќе дадам, повеќе не, малку ќе дадам да почастам, 10 000 евра се многу... хм тоа ми боде очи.  По мене или чекаш без да дадеш воопшто, со ризик никогаш да не дочекаш или даваш колку ќе ти побараат за да го добиеш она што го сакаш, евентуална опција е да тераш правда и пак да не го добиеш она што го сакаш, но и да се надеваш дека правдата ќе биде истерана. 
Посвоителите се навистина во незавидна положба, а оние кои работат по социјалните служби треба да бидат казнети, сменети, а кој ќе го направи тоа? Власта, без притисок од народот, тешкоuser posted image


Да Ники, целосно потпишувам, се сложувам со тебе. Каков народ - таква држава. Но, подлите и перфидни властодршци знаат дека најдобро се ќарува од оној на кој му догорело. Мислам, да си ги купуваш сопствените деца, а на правди Бога, па тоа е апсурд, за кој некој да ми кажувал, дефинитивно немаше де верувам.
А тие што посвојуваат, намерно и плански се оставаат да чекаат со месеци, години, да тонат во куп ветувања, папирологии и наоди. На крај гледаат дека тие бебиња кои ги чекаат за посвојување, пораснале. Како домски деца почнуваат да живеат на работ на општеството. Родителот посвоител старее и на крајот нема избор. Се повинува на желбата на самоназначениот Бог (социјален работник) и му плаќа.
Или, што е уште пострашно, купува дете на црниот пазар, кои и тоа како постои и цвета!  

clock-img

18.06.2010, 12:43

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Родителот посвоител старее и на крајот нема избор. Се повинува на желбата на самоназначениот Бог (социјален работник) и му плаќа.
Или, што е уште пострашно, купува дете на црниот пазар, кои и тоа како постои и цвета!  




И ја мислам исто тако.
нетко који је одлучио да посвоји прије тога можда 10 година је прошло или више због леченја неплодности. И на крају околи 40 година одлучи, да посвоји. Да спреми све папире поминје још година или две. И након тога има 42 година. Али код посвојуванја има граница 45 година односно измеѓу година детета и посвојителје не сме да буде више од 45 година. истина је много луѓе на крају немају избор.
Ја могу чекати пошто немам толико години и нисам у такој лошој ситуацији, али разумјем жену, која је након 15 година инсеминација, ивф етц. добила дете у руке и социален работник рекао - то е ваше дете. након тога рекао још није ваше дете, требате да платите. Шта че таа жена да уради. Она че клонити она че пасти на колјена и молити колику вам могу платити?

То заиста није једноставна ситуација. И не би смело да буде тако није важно дали је то МК, СЛО или Америка ...


< Поракaта ја уредил agnes77 -- 18.6.2010 12:44:59 >

clock-img

18.06.2010, 12:49

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

Ахххх, user posted image  Агнес . . .  ме рсплака . . . user posted image user posted image user posted image  Навистина е така.
Многу често, мнонгу, многу често размислувам како да се стави крај на сето ова и да се најде трајно решение со кое нема Луцифер да ги крои судбините на малите ангели. Нема сум....
Многу често помислувам да бидам сурогат мајка.

clock-img

18.06.2010, 13:10

clock-img

agnes77

pencil-img

1959


ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Многу често помислувам да бидам сурогат мајка.




знаш али то нече спасити све оне дјеце који су у битола или у 11октобер пуно нјих заврши на улица, и аку су роми нјихова судбина нече бити лјепа ...
могли би да биде лекари, наставници није важно што ... било што уз пуно лјубави и подршке али они че заврити на улици ... знаш како мене срце боли кад знам да таму су дјеца овдје сам јас и ништа да урадим осим чекам и чекам

clock-img

02.08.2010, 09:33

clock-img

dona

pencil-img

18

user posted image izvnete vaka moi ringerajki.da tocno e deka se vrti mito i korupcija no ne e kaj sekoj covek.eve jas sum primer za toa i go osetiv i na moja koza.lani leto koga go ocekuvavme naseto bebuvce  ni se sluci nesto strasno i si mislev isto kako vas.samo zavisi od stabilnosta i karekterot na socijalniot  rabotnik.jas sum mnogu blagodarna na nasit soc.rabotnik,koga taa ke kaze taka i ke bide.za toa pak ke napomemen zavisi od licnosta i od negovata stabilnost i karakter

clock-img

02.08.2010, 09:45

clock-img

dona

pencil-img

18

user posted image bravo za tie sto te ohrabruvaat.agnes77 bidi silna i vo mslite neka bidat devojcinjata.se drugo ke si dojde po red

clock-img

19.09.2010, 00:13

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

15 илјади евра да се посвои дете

"15 илјади евра за да посвои дете. Ова е непристојниот предлог што социјалните работници му го понудиле на Македонец кој живее во Америка и неколку години со сопругата чека да посвои дете од земјава ..."

извор: канал5


< Поракaта ја уредил виктори -- 12.2.2011 17:31:24 >

clock-img

19.09.2010, 00:41

clock-img

amelbebe

pencil-img

1105

nemam komentaruser posted image

clock-img

19.09.2010, 11:27

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Грозно, жално и пред се нечовечно!

_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

19.09.2010, 11:50

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Грозно, жално и пред се нечовечно!


потпис.
Поминав низ слична приказна во Центарот за Соц. грижи. Покрај се` и после се`, не се згрозувам од одредени вработени, не ги ни мразам ( а мислев по тоа што ми го направија - дека можам да ги убијам...), јас само многу, многу ги жалам.
Како ли сироти жвеат со парите што ги „заработуваат“ на туѓа болка?
Како ли сироти си легнуваат навечер, со мисла дека многу детски судбини биле „запечатени“ токму од нив?
Како ли сироти гледаат во очите на сопственото дете, знаејќи дека тие очи можеле да бидат очите и на детето со кои тие тргувале?
Како ли сироти тие се осмелуваат да го дишат истиот воздух кој јас, кој моите деца го дишат...
Жалосни се и за жалење, сироти продадени души.

clock-img

19.09.2010, 12:26

clock-img

mama26

pencil-img

3977

neznam dali sum pesimista ili realna.no ne mi e cudno nisto na ovoj svet.samo tolku ke kazam.

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

22.10.2010, 18:16

clock-img

wannna baby

pencil-img

91

Moe mislenje e deka vo Centrite za socijalni raboti bez razlika dali vo Skopje ili vo dr.gradovi rabotat timovi na strasno nestrucni i pred se sebicni i krajno arogantni luge. Imam iskustvo od Centarot za soc. raboti vo Skopje,koe nesto bese vo vrska so mojata rabota. Jas bev krajno iznenadena i sokirana od nestrucniot odnos i neazurnosta za postapki vo itni predmeti. Nemam zborovi kako da Vi objasnam kako se odnesuvaa prema strankite, a znaeme deka lugeto odat tamu poradi maka i nekoi so mnogu teski zivotni sudbini. Ne velam deka nema i strucnjaci koi si ja znaat svojata rabota no poveketo se user posted image I nisto ne me iznenaduva, koga nekoj mi kazuva storii kako na Anusha. I sigurna sum deka se bilo kako sto napisa, zatoa sto tamu parite zboruvaat.

clock-img

22.10.2010, 22:58

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

wanna baby кога  читам твој пост ... 
нешто што  прије мени не беше јасно сега разбирам ...


clock-img

24.11.2010, 14:07

clock-img

milijana

pencil-img

323

Iskreno mi e zal za site sto trebalo da ,,platat,, za dete. Nemam zborovi..ne sum se soocila so takvo nesto. Duri i za naseto segasno since..samo od cista blagodarnost do centarot otidovme site trojca..da ne vidat deka sme sme srekno semejstvo i odnesov kafe i sok da se pocestat vrabotenite. Direktorkata ne sakase ni toa da go primi..no,nie insistiravme. Nisto poveke od seto toa..site bea srekni..se smeeja so nas..go zadevaa maliot..edna sredba od 15 min..da recam..i toa posle 6 meseca.Onaka cisto,edna sredba. Mnogu sum blagodarna.Posle 9 godini cekanje pred soc..porti-da gi narecam..mi se ispolni sonot i nikakvi pari ne sum dala na nikogo na raka (si velam-fala bogu,uste luge setaat po ovoj bel svet) Eve javna blagodarnost deka nekoj si ja vrsi kako sto treba rabotata. Sega,mislam deka e poinaku,sega mislam deka Skopje ke resava po komjuterski pat-na kogo ke dodeli dete.Taka imam slunato-verojatno da se izbegnat tie ,,prodavanja,, Daj boze site koi posakuvaat dete-neka im se ispolni sonot-i neka im bide so lesno.Pozz

clock-img

24.11.2010, 23:00

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

Драга Милјана, извини, ама сега многу се изнервирав!!!
Многу сум среќна за вас, за твоето семејство кое си ја нашло среќата.
Но, вие сте биле само едни од ретките кои сте имале среќа...
Сте имале среќа што тие од Центарот за соц.грижи не виделе во вас лесен плен, како што виделе во Агнес и нм, само затоа што не виделе во вас луѓе кои имаат пари (читај странци).
Самиот факт дека сте чекале цели 9 години е ПОРАЗИТЕЛЕН!
За тие девет години ќе порасневте 5 деца кои и тоа како плачат и молат да бидат посвоени. За тие девет години и вие ќе бевте помлади родители. Трагично.



< Поракaта ја уредил Julie -- 24.11.2010 23:11:51 >

clock-img

25.11.2010, 11:41

clock-img

milijana

pencil-img

323

Taka e..taka si e..kazav..prvo zaglaveni dokumenti,pa borba da staneme ,,posvoiteli,,.Pominaa..eegodini,ama sepak si vela fala barem sto ne pobarale pari..inaku se si e taka..makata na lugeto na site e razlicna..site nie sme na svoj nacin -napateni. Te razbiram,ama nekako so godinite i besot mi stivna..sega se koncentriram na toa da bidam majka kakva sto zasluzuva moeto(a i sekoe dete)pozz od srce na site

clock-img

09.01.2011, 23:16

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

извор А1


"Прв јавно признат случај на корупција при посвојувањето деца
Билјана Стефковска
14.11.2003 00:00
 
Случајот со странското семејство кое неодамна успеа да посвои петгодишно дете, за што наводно им било барано пари од надлежните институции, се разгледува во министерството за труд и социјална политика. Ресорниот министер од Хелсиншкиот комитет побарал информација за текот на постапката за посвојувањето на детето.
Со наша интервенција и со помош на повисоките структури на министерството за труд и социјална политика прашањето беше разрешено и се избегна можеби индицираната можност со цел да се побараат друг вид на услуги со цел да се изврши посвојувањето“, изјави Мирјана Најчевска претседател на Хелсиншкиот комитет             Целата процедура околу посвојувањето на ромчето траела дури 14 месеци. На крај детето сепак заминало кај своите нови родители, а тие не дале поткуп.   Хелсиншкиот комитет по обелоденувањето на овој случај очекува дека во иднина, за врските и за поткупот ќе прозборат и други семејства со вакво искуство.
„Можеби сега луѓето ќа почнат да се појавуваат со оглед на многуте индикации дека такво нешто се случува“, вели Најчевска.
Ова е прв случај некое семејство јавно да проговори за митото и корупцијата кои владеат во институциите вклучени во процесот на посвојување на децата. "

< Поракaта ја уредил виктори -- 12.2.2011 17:31:53 >

clock-img

18.04.2011, 12:32

clock-img

viki_

pencil-img

5



[/user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

18.04.2011, 12:36

clock-img

veckasr

pencil-img

642

bravo  za tie luge sto im napravile taka na korumpiranite samo taka im treba na niv


< Поракaта ја уредил veckasr -- 18.4.2011 12:37:46 >

clock-img

04.11.2011, 17:31

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

слушнавте ли вести на сител ? страшно, едно дете коштало од 1000 до 60 000 евра????? како ова да е некој предмет, некое си ланче дијамантско.Човечко мало невино суштество оставено само на себе.Катастрофа, а толку луѓе посакуваат некое такво да им ја разубави куќата.Се надевам дека некој конечно ќе преземе мерки и ќе ги казни сите оние кои тргуваат со деца



< Поракaта ја уредил Pepelaska### -- 4.11.2011 17:32:08 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

04.11.2011, 17:51

clock-img

bubica78

pencil-img

8

strasno ne mi se veruva,kolku i da sum siromasna i da ziveam vo kartonska kutija moeto dete ne bi go prodala zasto nepostoi cena za takvo nesto.Sekoja cest na onie koi samo ragaat deca za da zarabotuvaat,uzas

Последни статии

article-img