Кога ве читам си велам колку се банални овие проблеми. Ама знам дека на секоја од вас и е тешко, нормално, секоја си има свои проблеми. Никому не би му го посакала ова моево, што ни се случува деновиве. Жената в лице ми кажа дека сака да ни го растури бракот. Какви лицемери испаднаа со свекор ми - три години (колку што сум тука) ми правеле лице, ми глумеле дека ме сакаат, а всушност, секоја моја постапка и збор се мерени и премерувани и сфатени онака како што нив им одговара. поточно во негативен контекст.
Имам среќа што мажот ми е на моја страна, скоро и се скара со нив, сакаше и во хотел да си одиме, ама јас му реков дека нема да бегам од куќава како кукавица, со оглед на тоа што ништо од тоа што ми го припишуваат не сум направила. Контакт немаме, а и не сакам ни да ги гледам, ми се гади од такви дволични луѓе кои ја испоплукаа цела моја фамилија и мене, сметајќи дека тие се најдобри на светот. Го жалам мажот ми што има такви родители и за среќа тој е доволно разумен да ги согледа работите какви што навистина се. Пример само да ви кажам колку се мешаат - свадбата ни беше пред две години, веднаш заминавме на меден месец. Овие двајца си ги пребројале и запишале поклоните и пред некој ден ми мафтаа со списокот пред нос дека немало повеќе од половина од подароците, сум ги носела кај мајка ми да се поднови со нив. Како прво, немале право да го прават тоа, со оглед на тоа што свадбата не беше нивна, ама и онака нема што да кријам, па ги преброивме - и излегоа дека се сите тука, фалеле оние што зедов да ги користам и два-три што им ги дадов нив. Па уште и лути избегаа од собата, демек тие биле во право, а самите видоа дека не е така. Сум го играла мажот ми како што сум сакала, оти сум била начитана, замислете. Не дека сум јас цвеќе за мирисање, ама барем сум искрена и не им правам лице, ако нешто не ми се свиѓа си кажувам.
Јас не мислам болна да легнувам заради нејзината параноја и патолошка љубомора (си имала жената и претходно психички испади), и затоа решив целосно да ја игнорирам, жими едно „добро утро“ или „добар ден“ да и кажам, само заради љубовта кон мм иако таа тоа не го заслужила.
Деновиве ми е ужасно само заради мм - душа ме боли за него кога го гледам дека се нервира. Застана против родителите заради мене, и сигурно не му е лесно. Се надевам дека малку ќе се опраат кога нема да бидеме тука и ќе сфатат што направија.
Се извинувам на долгиот пост... ама морав некаде да си ја олеснам душава...
_____________________________
All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.