РР помагајте.
Мајка ми е овде оваа недела, да ми помогне малку додека застанам сама на нозе (сепак со царски се породив и тешко ми е се сама да правам дома). Свекрва ми прави ручек и најчесто таа е задолжена за перење на алиштата на мм (на бебето се трудам јас да ги перам).
Е сега, откако е тука мајка ми, свекрва ми се качува по 10 пати во денот да види што прави малиот, а претходно пред да дојде мајка ми кога ми беше најтешко со свежа рана јас сама да го гледам малиот, се качуваше 3-4 пати во цел ден.
Што и да земам да направам таа е постојано зад мој грб, постојано ми кажува како треба. Зарем јас не знам тоа да го направам? Оди по мене и кога пружам алишта, да ми каже каде да ги спружам
Сабајлево така тргна по мене и и одвратив да не оди постојано по мене, па она ми се развика.
Плус ја фатив дека стои на врата и прислушкува (си мисли дека со мајка ми сега ја оговараме).
Преска баш се случи нешто неверојатно. Доаѓа во соба и вели да ја смени навлаката на перницата ( а никој не и рече тоа да го стори). Она ја зеде навлаката, ја извади старата и и ја фрли на мајка ми перницата со навлаката и и кажа: Ајде сваќе стави навлаката.
Мислам глупости бе, веќе кога самоиницијативно го направи тоа, една навлака да е тешко да ставиш?!?
Не знам навистина не можам да ја сфатам. Можеби си вели сега еве ја дојде мајка и и се однесува како да е дома. Па мајка ми е дојдена кај ќерка и за да и помогне во закрепнувањето, а не кај некоја комшивка на кафе, нормално дека ќе се осеќа како дома.
Е сега сум на две. Не знам како да постапувам веќе со неа. Си ќутам не бива, зборам пак не бива.
Мм постојано ми вели да не се нервирам дека таква си е мајка му. Ама не можам а да не се нервирам. Некој постојано да ви кажува што како да направите, дури како и да го доите сопственото дете, е навистина оди на нерви.
И плус, не знам можеби само јас си замислувам дека е така, ама некако не чувствувам дека таа вопопшто се грижи за мене ни 1 %.
Пред да дојде мајка ми, она само ќе се качеше и ќе почнеше да ми кажува од тие бабините деветини (да не сум го вртела натаму да гледа на таа страна не било убаво, да сум ставала светена вода секое бањање и секое утро да се напивам јас на гладно (дури се качуваше секое сабајле да ме потсети да се напијам )). Зборот ми е дека се грижи само за оние бабините деветини да се по ред, а никогаш не ме праша дали сум јас добро. Користи ситуација само пред мм ме прашува дали сум добра и пред него кажува: Блонд ако не можеш ти да переш, да перам јас? И што да и кажам, не можам ајде ти земи?Се прашува такво нешто ??? Јас мислев дека се подразбира, исто ти е како да прашаш жеден - сакаш да ти купам вода?
Се плаши да го земе малиот во раце, а како планира натаму да го лува кога ќе тргнам на работа не знам.
И нешто што највеќе ми смета, си мие она заби наутро, ама на пладне кога ќе се качи кога јас го дојам малиот и кога ќе почне да зборува (дека се доближува до мене близу) мислам дека ќе се онесвестам, не знам како да и кажам за мирисот.
За сето ова пробувам околу од околу да разговарам со мм, ама не сакам директно да му кажам што се прави мајка му, еднаш му кажав така па ме сфати погрешно и малку се скаравме. Сега не знам како да постапам.
Помагајте зошто не бива вака.
Навистина ќе треба да почнам да се карам со неа и ич да не ми е гајле, нека се лутат сите околу мене, немам нерви повеќе.