ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly
ИЗВОРНА ПОРАКА: blond
И да, АнаМоли, кажи како да се однесувам дека не е овде? Како да ја игнорирам? Не сакам јас такви работи, се обидувам на секој можен начин да ја подобрам комуникацијата, ама јбг, не збориме ист јазик
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања
Гледам повеќето овде се советувате да ги игнорирате свекрвите. Нешто не ми е јасно: Зарем така не додавате масло на огнот Нели е поедноставно и побезболно да се обидете да се однесувате добро со свекрвата, колку и да е лоша, добриот третман ќе и годи и во секој случај ќе имате повеќе корист и помирна куќа отколку ако цело време сте „во војна“.
Значи јас не ја игнорирам, не дека не и зборам и се правам дека не е тука. Само ги игнорирам нејзините глупости, не дозволувам да ме повредат. Порано кога плачеше Филип ми викаше : Да не си заборавила да му смениш пелена? Му даде да јаде на детето, да не плаче дека е гладно? Добро, јас ненормална ли сум да не му менувам пелени и да не знам кога е гладно детето? И таквите работи ги игнорирам. Ќе и речам: Не, не заборавив. Или: Да, сега јадеше. Не се расправам. На такво игнорирање мислев. А со нејзе сум фина, не викам, не се карам и да има зошто.
o izvinete dolg mi e postot ama polesno mi e vaka.Pred nekoj den sin mi stucka i zemav da mu dadam vodicka ona go trga sisenceto i mu vika ne ti dava toa baba (ne trebalo voda da mu se dava) aj da odime ovaa majka ti ne ti dava da cicas sto ne ti dava lele sakav lom da ja napravam ama izdrzav nekako e samo neznam uste kolku ke se vozdrzuvam.Mnogu loso imam videno od tie luge...
За водичката и мене ми рекоа чајче да му давам кога ќе има грчеви а она ми збори: не му давај чај или вода, нема да сака после да цица од тебе. Ахам, да, затоа на секој час ми бара цицка
АнаМоли и јас истото го правам, ама не можам да го поднесам тоа така да се да ме прашува. Јас закачив сега една бактерија од болницата и треба да сум подалеку од малиот, само за цицање да е до мене, па мајка ми го гледа постојано. И вчера кога за прв или втро пат свекрвата го зема во раце му збори (иако де не разбира, ама што има така да му збори) еее мама е болна, не може да те држе, ах мамо мамо ич не си се грижила за здравјето, сега може и тебе да те разболе.
Па у
јас ако не се грижам за своето здравјеи за здравјето на моето бебе, ти се грижиш ????
Успеав некако да преќутам. Ама јас си знам колку се нервирам само на овие нејзини непотребни коментари.
Или пак кога ќе рече: Блооооооооонд, не го оставај така да спие свртен на таа страна, не е добро така, на времето не ги остававме така да спијат (а зошто и она не знае).Не ја вклучувај климата ќе измрзне детето ( а ако не ја пуштам ќе се се варам ко кокошка во котел).
Па колку и да имаш челични нерви, попуштаат на такви непотребни коментари.
< Поракaта ја уредил blond -- 8.7.2011 13:30:30 >