Деновиве форумов ми е инспирација за отварање нови теми, немој да ми замерите
ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz
Dobredojde veda
Da ti se zivi i zdravi cicinjata golemi da rastat
Arh_diz sigurno si bila seuste sonliva koga si go pisuvala ova,zatoa sto ovaka izgleda sosem nesto drugo deka i posakuvas na Veda
A na veda i jas i posakuvam toplo dobredojde i da go ubedi i soprugot da se zacleni da ni prenesuva i toj iskustva so decata
Ова што го цитирал Гари го видов утрово, но ич не го размислив вака бидејќи во српскиот јазик цица се користи за нешто слатко и мало, како цица-маца, многу често и за убави девојчиња, така да мене ми е секојдневно и нималку чудно.
Но бидејќи живееме кај што живееме (зборувам за мене, мм и ќерка ни) и потекнуваме од кај што потекнуваме многу често ми се случуваат анегдоти со зборови кои на некој друг јазик значат нешто друго.
Еве примери:
Одиме да шетаме ние тројцата и ко што е ќерка ми љубопитна и жива ќе се фати за некоја глупост што ќе ја види на пат. Јас ко и секоја добра и загрижена мајка, која сака да си го заштити детето од микроорганизми, често на српски викам: Пусти то! И опс сите Грци околу нас се вртат и ме гледаат вака
. Мм ми вика пази што збориш, а јас упс
Е сега да ви кажам во што е проблемот. Пустис на грчки значи педер. И сосема оправдано ме гледаат чудно, кога на моето слатко девојче му се дерам на глас, без срам и перде: Педеру!
А да се избегне тој збор за мене е невозможно, еден ден ќе ме пријават во полиција за малтретирање на детето
Друга ситуација е кога одиме во Србија кај свекрва ми. И тогаш пак кога е непослушно моето дете јас почнувам со моите говори: Ај да не се караме..... Нормално и таму ме гледаат со чудење, а оние кои ме знаат од кај сум и го добија објаснувањето на зборот ми се смејат секој пат кога ќе го изговорам, а тоа ама ич не е ретко
И таму на улица сум во опасност да ме пријават за педофилија
Најново ни е со кучето дома и една Французинка. На секој негов немирлук ние фуј, фуј, фуј, фуј. Французинкава прво чудно не гледаше, па потоа свати што тоа значи и на крај ни објасни дека фуј на француски било кога нешто бараш, и претураш и бараш. А ние на кучето барај, барај, што да бара јадното бебе од 2 месеци
Па ајде странци и сите кои често патуваат и оние кои користат дијалекти, раскажете ги своите анегдоти со јазиците со кои се среќавате!
Повелеле!
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together