До пред извесно време (можеби една година) бев голема песимистка, но по извесни околности под кои западнав, благодарение на одредени личности кои од некаде се појавија во мојот живот и ми покажаа многу нови нешта ... се изменав, станав нова личност, можам слободно да кажам, се почесто сум оптимистка. Нормално дека имам периоди на напнатост, нервоза, бес, тага..., но во се' гледам нешто добро, дури и во најцрната работа, од се' извлекувам заклучок и поука за понатамошните евентуални слични ситуации. Често некои луѓе се склони и во најубавиот момент да видат нешто неубаво, лошо, негативно, се сфаќаат обратно, мислат дека останатите - нивните најблиски, околината ...имаат задни намери. Една од нив бев и јас, можам да кажам дека бев најголем негативец во моето опкружување (не дека немало и други, но повеќето тоа не го нагласувале), но со текот на времето сфатив - Животот е убав, минатото е зад нас, иднината е пред нас, треба да живееме за неа. Штом имаме визија во животот и спремни сме да одиме напред, не потклекнувајќи пред препреките и сопките на кои наидуваме, успехот неизбежно ќе ни' се насмевне
П.С. Не треба да имаш розеви очила за да гледаш розево, доволно е да си опкружен со позитивни, ведри лица - 100% и да не си бил таков, ќе станеш еден од нив
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...