cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Што треба да избегнувате?

clock-img

10.05.2013, 23:30

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Аиии глупости ова, освен делот со сировото месо и јајца и туна, сардиби и слично од конзерва риба, друго ништо не признавам.Ако е така тогаш трудниците ќе да се на најригорозната диетаuser posted image
Јас се јадев во првата освен такви внатрешниоргани што и никогаш не сум јадела а исто и сега со втората бременост.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

11.06.2013, 23:15

clock-img

Snow Queen

pencil-img

302

За јајца имам чуено, ама искрено не ги избегнувам.
На 4/5 дена знам да имам оброк со јајца.
Инаку и за многу солено имам чуено, ама јас пустата не јадам ако не е солено.

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

clock-img

17.07.2013, 09:48

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Што да избегнувате?

Навистина консумирањето на риба е корисно, но не треба да се претерува. За време на бременоста не треба да се консумира риба повеќе од два пати неделно.

Особено треба да се избегнува месо од ајкула, сабјарка и треба да се ограничи внесувањето на туна. Овие меса содржат жива, која што ако се консумира во големи количини може да му наштети на развивањето на нервниот систем на бебето.

Не се препорачува ниту консумирањето на жива морска храна како остриги или школки.

Алкохолот треба да се смета како забранет за време на бременоста. Иако нема докази дека малото количество алкохол може да му наштети на фетусот, најдобро е да го избегнувате целосно.

Кофеинот треба да се ограничи на 300mg дневно. Треба да знаете дека освен во кафето, кофеин има и во чајот, некои газирани сокови и чоколадото.

Особено треба да сте внимателни со внесувањето на витаминот А. Храните кои што содржат големо количество витамин А, како џигерот, треба да се избегнуваат.

Непастеризираните сирења и млечни продукти треба да се исфрлат од исхраната. Тие се асоцираат со бактеријата листерија, која може да му наштети на вашето бебе.

Храната која што ја јадете треба да биде целосно зготвена. Ако јајцата или местото не се доволно готвени, ризикувате да се заразите со некоја бактерија.

извор: фемина.мк

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

22.12.2013, 22:26

clock-img

Stefanija Stefi

pencil-img

64

Мајки, помош!!!
Читав тука дека меките сирење не се препорачуваат за време на бременост АМА јас ги обожавам и јадам фета сирење со 90% од храната што ја јадам....user posted image
На овој преглед не ни знаев за ова па да ја прашам докторката, а за да не чекам до наредниот преглед- дајте мислење (инаку сум крај на 8 недела)

clock-img

23.12.2013, 00:38

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Stefanija jas apsolutno nisto ne sum izbegnuvala vo tekot na bremenosta.Sekako se trudev sto pozdravo da se hranam no sepak ona sto mi bilo vkusno na dusata ne sum si go kratela nikogas.I jas imam procitano za mnogu takvi namirnici sto treba da se izbegnuvaat vo bremenosta pa da ti kazam na pamet ne sum si gi ni stavila a ne pak da gi izbegnivam.Najbitno e da gi izbegnuvas cigarite i alkoholot i da vnimavas so prekumernata up[otreba na kofeinot.Se razbira deka so site namirnici sto ke gi vneses treba da vnimavas da ne preteras no da se otkazez celosno mislam deka nema potreba.Ete jas i vo dvete bremenosti jadev feta sirenje pa decata zdravi pravi.

clock-img

23.12.2013, 00:47

clock-img

Мамичка85

pencil-img

366

Jas da Vi kazam kaj i da e ke se porodam pa vo cela bremenost nisto ne izbegnuvav od hrana i eve 9 mesec se si e ok alkohol ne sum vnesla voopsto,nepusac sum kafe ni pred toa ne sum piela sega pa ic epten retko taka da mislam ako pazime na se i sesto deka ko za belja bas togas moze nesto da se desi vaka jadi se sto ke ti posaka dusickata samo normalno bez preteruvanje user posted image

clock-img

23.12.2013, 23:32

clock-img

Stefanija Stefi

pencil-img

64

Фала, срцки стеuser posted image
Навистина ми олеснија вашите совети, и ако подобро размислам ВО ПРАВО СТЕ, не треба да се плашам, а вашите искуства ми дојдоа како мелем на раната (помислата да не направам нешто погрешно -не дај Боже)

Поздрав најголем !!!

clock-img

23.12.2013, 23:36

clock-img

Мамичка85

pencil-img

366

Zatoa sme tuka edna so druga mora podrska da si davame pozz i imaj ubav den utre user posted image

clock-img

22.02.2014, 21:46

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

5.6.2009 14:21:10

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

КОКА-КОЛАТА НЕ ШТИТИ ОД БРЕМЕНОСТ

Верувањето дека кока-кола пијалакот штити од несакана бременост и реагира како анти-спермицид не е ништо друго, освен урбана легенда, велат научниците во списанието British Medical Journal. Дебора Андерсон, професорка по гинекологија на Универзитетот Харвард, вели дека во 50-тите и 60-тите во САД било широко распространето мислењето дека степенот на киселост на кока-колата ги убива сперматозоидите. Таа објаснува дека во некои сиромашни земји, се уште се верува дека ваквиот степен на киселост има контрацептивна улога. Медицинските истражувања пак, покажуваат дека кока-колата може да има и штети последици, бидејќи доколку се конзумира во огромни количини, го уништува горниот слој од вагиналните клетки и создава предиспозиции за сексуално преносливи болести. Едноставно, не треба да се зборува дека кока-колата штити од бременост, кога постојат толку контрацептивни средства кои се едноставни за користење, вели во својот текст доктор Андерсон. Во својот реферат, докторката посочува дека текстот за заблудите околу плодноста и кока-колата е реакција на стара студија која деновиве повторно се актуализира и ја претставува кока-колата како вид контрацептивно средство.

Преземен текст од интернет портал




_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

28.03.2014, 22:27

clock-img

Milicka27

pencil-img

31

Мамииии дали имате разбрано дека паштетите, виршли, колбаси треа да се избегнуваат во текот на бременоста??? Јас ги обожавам колбасите како јадење ама сега ме подуплашија малку...user posted image

clock-img

29.03.2014, 15:54

clock-img

nataly86

pencil-img

534

Воопшто јас мислам дека конзервираната храна треба да се исфрли 100% .....јас еве не се секавам кога последно јадев паштета или виршли....колбаси и не обожавам многу...а сувомеснато имам исфрело веќе 7 месеци едно три месеци пред ИВФ...а и воопшто не ми недостига или да ме фаќа желба за нежто такво..
Овај период ми се погоди бидејќи мм пости и сме на овошје и зеленчук претежно иако јас треба да јадам месоuser posted image заради железото...

Инаку денот го почунувам со овошје пример едно јаболко..потоа следуваат овесни со јогурт потоа јајце варено па ручек со многу салата па пак овошје најчесто суво поручек и креветuser posted image

clock-img

29.03.2014, 20:25

clock-img

cacisk

pencil-img

328

Мешиња а капучино и нес кафе еднаш на 2-3 дена може да се пие?? Кога одам на кафе најповеќе тоа го пијам, ама мислам дека не е штетно ако не е претерано така? Кафе 2-3 пати во неделата пијам, ама за овие другиве почесто ми оди око.

clock-img

29.03.2014, 22:00

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

cacisk има тема Кафето и чајот опасни за трудниците=ТУКА ќе прочиташ искуства.Јас тогаш 1 неделно пиев црно македонско се ориентирав на капучино,чај и какао user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

01.05.2014, 12:49

clock-img

Stefanija Stefi

pencil-img

64

Јас не внимавам што јадам, едноставно јадам она што ми се јаде. user posted image Во секој случај тоа е здрава храна, јадам многу салати и добро се чувствувам.

Последни статии

article-img