cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Наследство

clock-img

12.07.2010, 15:12

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka


- пушти ги, нека земаат, на крајот зарем циглите во земја ќе ги однесат?
- не ми треба ништо, се` самата ќе си создадам, со моите две раце.
- сепак, дај ми Боже среќа и работливост, на децата да им оставам јас нешто.



ова е и мое мото

Инаку кога ја начнавме темата, по мене е апсурдно да се препишува на синот, а да се очекува снаата да ги гледа на стари години. Кога веќе синот толку се велича треба да се воспитува во тој дух, да се учи да биде корисен во домот, а не те чувам синко да се ожениш за домаќинка да ме гледа на стари години и те учам ќерко да си домаќинка да слугуваш по туѓи куќи.



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

12.07.2010, 16:14

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

кога ги читав постовите не ми се веруваше дека се` уште важи старинското правило „женското е туѓа среќа“ и да се остава се` на синот!? Мислев дека е тоа оставено во минатиот век....
за жал... како може родителот различно да сака свои деца? Имам три, исто ги сакам.... Камо среќа да имам на три да поделам. Јас во дом ќе си одам. Имав јас товари од стари луѓе, поарно ќе се убијам, отколку децата со догледување да ги уценувам.
Понекогаш си велам, можеби само така мислам, а на стари години да се сменам. Затоа им викам на децата, ајдќ јас да ви потпишам да не ме догледувате... тие се смеат. Кој знае како ќе биде, се надевам на здрав разум.

clock-img

12.07.2010, 16:28

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

кога ги читав постовите не ми се веруваше дека се` уште важи старинското правило „женското е туѓа среќа“ и да се остава се` на синот!? Мислев дека е тоа оставено во минатиот век....
за жал... како може родителот различно да сака свои деца? Имам три, исто ги сакам.... Камо среќа да имам на три да поделам. Јас во дом ќе си одам. Имав јас товари од стари луѓе, поарно ќе се убијам, отколку децата со догледување да ги уценувам.
Понекогаш си велам, можеби само така мислам, а на стари години да се сменам. Затоа им викам на децата, ајдќ јас да ви потпишам да не ме догледувате... тие се смеат. Кој знае како ќе биде, се надевам на здрав разум.



Многу напред си отишла ти Анушке. И јас се трудам на вакви теми, ама пак незнаеш што ќе начекаш. Уште сега си имам ветено дека нема да потпишувам со свекрва ми договор за догледување бидејќи таа така некако си планира, но ќе видиме како ќе излезе на крај. Не дека не треба некој да ја чува, но тој услов за имот чување ми е одвратен. Па да речеш дека некој имот ќе ти остават да видиш некој ќар, вака само малтретирање.
Туку памет за нас утре. Јас уште сега си се подготвувам на идејата да си остарам во дом, во некој како од американските филмовиuser posted image , што ќе му се товарам на детето, стварно е без врска моите старечки комплекси да ги лечам на млади деца пред кои е животот.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

12.07.2010, 17:05

clock-img

elle

pencil-img

613

и јас би сакала да одам во дом за старци , ако дочекам старост не сакам да бидам на товар на моите деца
но кај нас се знаат тие правила
јас не ги рагам децата за да има кој да ме чува кога ќе остарам , туку за да имаат сопствен живот во кој ќе прават што сакаат
пр. моите свекор и свекрва толку многу ги сожалуваат своите пријатели затоа што нивниот син се ожени во странство и таму живее сега - што им направил на мајка му и татко му, леле леле. Не е важно тоа што нивниот син е среќен туку среќата на мајка му и татко муuser posted image


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

clock-img

02.06.2014, 11:08

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Со години наназад традицијата била таква, што на машките деца им се оставало се, а женските откако ќе се омажеле, биле туѓа среќа. Не знам кој го измислил ова правило, ама која е логиката во ова? Синот ти е повеќе дете од ќерката? Значи, стварно нема смисла. Без разлика, какви деца ќе имам (сега засега имам еден син, а планирам да имам уште две), се ќе им поделам подеднкво. И не сакам никој од нив да ме чува, ќе си одам во старечки дом, ем јас ќе си уживам ем тие ќе си уживаат без никакви обврски. Така мислам сега, се надевам дека кога ќе остарам ќе ме држи здравиот разум, па исто ќе мислам.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

02.06.2014, 23:09

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

На ова погоре што го прочитав "женското е туѓа среќа" можам само да се изнасмеам,оти работава и само за таму е.Сум слушнала муабети од типот,"сестра му му зема дел од куќата" user posted image Пази Бога ти , а каде тоа пишува дека е само негова.Во ред ,ако едниот има каде да живее убав живот доблесно е да ја отстапи оставштината од родителите на другиот,ама ако и двајцата се фино средени и некој имот да го лапне само братот,затоа што се родил со "онакво",ми е тотално незамисливо.Јас имам сестрапатем кажано и многу сум среќна .
Сега имам само едно детенце и ако Бог ми даде уште едно се што имаме ќе им биде поделено еднакво.

clock-img

02.06.2014, 23:58

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Mojata bolna temauser posted image
Da, celiot imot ke bide prepishan na brat mi.Ni na kraj pamet ne im ide deka treba da se dade nesto na mene ili na sstra mi.
Zoshtouser posted image Zatoa sto se zakoraveni vo tradicijata,sinot ke gi gledal na starost a kerkite ke zemele imot od kaj soprugot.
Uff kolku se nerviram.Koga najmnogu mi trebashe ni mi dadoa sega ne mi ni treba,da ne dade gospod da zavisam od nivniot imot.Zatoa ne cuvstvuvam nikakva odgovornost,koga ke mozam toagash ke gi poset_am I tolku od mene.
Se trudam da gi razberam,na sekoj mozen nacin ama ne mozam.Na ednoto dete se da mu dadesh a drugoto da ti mizeruva,boze zacuvaj pamet.A I na toa dete sto ke mu so dade imot,treba rob da bide na roditelite.Namesto da uziva so negovata familija,on ke treba da im se klanja na roditelite vo slucaj da ne se premislat.
Mizerija.......
Jas imam dvajca sinovi.Uste sega sme se dogovorile so mm deka ke im podelime na dvajcata isto.Ne planirame nitu eden da zivee so nas a uste pomalku da ne gledaat na starost.Oni ke si imaat nivni zivoti I neka si uzivaat, ke bidam zadovolna so edna poset_a.

< Поракaта ја уредил bucko mal RR -- 3.6.2014 0:05:10 >


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

25.11.2015, 13:11

clock-img

marchi

pencil-img

948

ova e malku slozena tema na razgovor.ami nie dve sestri sme na kogo ke mu odi nasletstvoto?masko dete nema,i sega treba se da propagja? ili pa rodi zensko dete pa frli go na buniste,taka ispagja rabotata koga e zenskom vo prasanje za nasledstvo.se deli se podednakvo.koga maskoto dete bi dobilo se,kako ke stekne navika za rabotenje?ke si rece epa ete imam se i nema sto da rabotam.nasledstvoto e bas komplicirana rabota

Последни статии

article-img