за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Здраво жени, јас од гости на гости, сега кај мама со спиење, доста беше од свеки Инаку на свадба убаво си поминавме, се изнаигравме, мораше да играме, зошто битолчани слабо играа, па мораше ние да надоместиме и за нив, се разочарав од нив, не очекував, мислев растур ќе направат. Михаил го чуваше мајка ми и бил мнооогу мирен, така да успеавме дури и Битола по невеста да одиме и вечерта на свадба, а тој како да знаеше дека сме на свадба па цело време бил мирен, само малку поплачил, вечерта пред спиење Вчера малку на излет отидовме со моите и тетка ми од Скопје е тука, па утре си оди, па малку да се видиме останав да спијам кај мајка ми Ајде се читаме покасно
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
03.08.2010, 20:36
Bitolcanka
2461
Snowhite значи битолчанка зедовте за прилепска невеста? Навистина чудно за битолчани што не играле, особено што пола од главните гости биле битолчани, според тоа што кажуваш ... Или не биле луѓето по играњето или не се подготвиле добро (не се напиле многу ), а можеби и не се чувствувале како дома Јас секогаш кога сум на свадба во мојот град е весело, но сепак, има разлика од една до друга свадба. На некои свадби и младоженците не играат ногу. Лани кога првпат бев на прилепска свадба, прилепчани не играа многу - баш си реков треба да видат како изгледа битолска свадба ...
Поздрав до утре, ќе одам да шетнам малку
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
03.08.2010, 21:13
Snowhite RR
5042
Невестата и зетот играа многу, беа ептен весели, ама освен неколку гости од Битола, другите како за сеир да беа дојдени. Нема врска помина и тоа, па ајде Битолчанка сега кај тебе на свадба, па да видиме како играат битолчани
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
03.08.2010, 23:11
jovanka
1745
Sega gi prefrlav slikite od Mavrovo-Hotel Radika
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
03.08.2010, 23:14
jovanka
1745
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
04.08.2010, 00:13
Snowhite RR
5042
мммм прекрасно
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
04.08.2010, 18:28
Martins mom
3342
Хелооооууу...како сте???
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
04.08.2010, 19:14
mama26
3977
deneska umorno se osekam martins mom.utre e nov den
04.08.2010, 22:52
Maca25
7558
како сте ми пријателки? ме немаше неколку дена, мртва уморна доаѓав од работа, малце надвор со нина и правец во кревет. ни со мм се нама асално видено. што има ново? гледам убава дружба имало викендов во Дојран.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
05.08.2010, 01:11
Тања РР
2029
Како сте жени? Што е ова свадбарско расположение на РР?
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
05.08.2010, 01:29
Bitolcanka
2461
Тања - не бев јас Прашај ја Snowhite да не знае Јас само си читам, собирам информации и потпрашувам по малку Фустаните не бев сигурна дали да ги сместам во оваа или темата - Модни трендови пролет/лето, но заклучив дека повеќе тука им е местото, зашто свечени фустани се носат во секое годишно време. Инаку јас сум супер, бев излезена денес (помалку дома се проврткав), претпладне до едно фото-студио да порачам слика од последната свадба (доцна отидовме и се сликавме, па не зедовме), но не свршив работа - затворено беше. Купив некои ситници и дома. Попладне повторно, завршив со тоа, утре ќе ми ја донесат дома (имам привилегии ), па кај една колешка на кафенце и така - помина денот. Кога се видов на сликата на компјутер сфатив дека погрешен фустан облеков на последната свадба, темна боја (цела бев во црно) - претходниот (темнолилав) поубаво ми стоеше). Можеби тоа ми беше инспирација да побарам свечени фустанчиња Ти како си?
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
05.08.2010, 01:32
Bitolcanka
2461
BTW
Активни корисници: Моментално на порталот има членови: 3 и гостуваат: 81. Bitolcanka 5.8.2010 1:31:14: Преглед на активни корисници Snowhite 5.8.2010 1:30:57: Прегледува порака : Свадба со бебе Тања 5.8.2010 1:19:42: Го прегледува порталот
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
05.08.2010, 01:41
Тања РР
2029
Џабе пишав, не сакаше да се прати пораката
Инаку, на кратко: Битолчанка немој да се правдаш, ти се рипа тебе на лудиот камен Не те брзаме ние, стрпливо си чекаме да се решиш па да се нацртаме со подароците и честитките
Јас сум добро. Овде попладне врнеше па не излеговме да прошетаме со Јана. Сега ми е жешко и досадно но не се решавам уште да одам да си легнам до моите две сонца.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
05.08.2010, 01:48
Bitolcanka
2461
Тања грешиш и во голема заблуда си Воопшто не ми се рипа на лудиот камен во овој момент, само сакам да гледам слики од свадби, да читам за подготовките и интересни работи од други - блиски лица пред се', како влегле во мрак / брак Рано е за подароци, но вие полека полека спремајте се - да не немате време потоа и речите - "во криза сме"
И тука врнеше попладнето, но кратко, само 30-тина минути. Беше силно и ме исплаши за миг, но не ме премисли да излезам од дома - баш беше пријатно за пешачење и шетање по дождот.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
05.08.2010, 01:52
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања
Како сте жени? Што е ова свадбарско расположение на РР?
Јас сум виновна, се зачитав на форумите за крштевка ме интересираше(планираме наскоро),па забегав во свадбарските теми, а Битолчанка по мене, можи има нешто, од кај знаеме, можи не кажува, нели се крие не се кажува додека не биде работата, а Битолчанка? Ние вака, така, ќе те заречиме, прави се ти дека не слушаш
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
05.08.2010, 01:58
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања
Како сте жени? Што е ова свадбарско расположение на РР?
Јас сум виновна, се зачитав на форумите за крштевка ме интересираше(планираме наскоро),па забегав во свадбарските теми, а Битолчанка по мене, можи има нешто, од кај знаеме, можи не кажува, нели се крие не се кажува додека не биде работата, а Битолчанка? Ние вака, така, ќе те заречиме, прави се ти дека не слушаш
Не се кажува предвреме, но бидете сигурни - кај мене нема ни трага од шум сега - не читам од тие причини такви теми. А дека ме интересира - нормално е. Не можам да мислам сега на или дете, пензија и сл. нели? Секое време - свои карактеристики и поле на интерес на човекот. А за заречување - нема шанси - не верувам во зарекувања, магии и триста други чуда Живеам од денес за утре во последно време.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
05.08.2010, 02:06
Snowhite RR
5042
Се зезам пријателке, ако ти интересирај си се, да си бидеш подготвена, еве ти една страна да си се информираш за се КЛИК
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 5.8.2010 2:09:24 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
05.08.2010, 02:12
Bitolcanka
2461
Знам дека се зезаш, уживај си Фала за информативниот сајт Ја знам страната добро и уредничката на страната, т.е. девојката што ја претставува. Битолска web страна е Добра ноќ и добар сон
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
05.08.2010, 02:21
Snowhite RR
5042
Заминав и јас, добра ноќ на сите, мирно сонче
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
05.08.2010, 08:57
agnes77
1959
ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka
оооо убавоооооо
05.08.2010, 12:11
Martins mom
3342
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka
Тања - не бев јас Прашај ја Snowhite да не знае Јас само си читам, собирам информации и потпрашувам по малку Фустаните не бев сигурна дали да ги сместам во оваа или темата - Модни трендови пролет/лето, но заклучив дека повеќе тука им е местото, зашто свечени фустани се носат во секое годишно време. Инаку јас сум супер, бев излезена денес (помалку дома се проврткав), претпладне до едно фото-студио да порачам слика од последната свадба (доцна отидовме и се сликавме, па не зедовме), но не свршив работа - затворено беше. Купив некои ситници и дома. Попладне повторно, завршив со тоа, утре ќе ми ја донесат дома (имам привилегии ), па кај една колешка на кафенце и така - помина денот. Кога се видов на сликата на компјутер сфатив дека погрешен фустан облеков на последната свадба, темна боја (цела бев во црно) - претходниот (темнолилав) поубаво ми стоеше). Можеби тоа ми беше инспирација да побарам свечени фустанчиња Ти како си?
А да не беше излезена и околу 12 часот дента да си купиш праски ?? Мислам дека те видов, со такси поминував низ брусничка...ти беше или се препознав (во црвена маичка и кафеави пантолони)
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
05.08.2010, 13:05
Bitolcanka
2461
Да, јас бев - си купив праски - "фрлена" сум на здрава храна
Повелете кафенце. Палешке, ај да се напиеме виртуелно кога не можеме во живо ...
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 5.8.2010 13:06:43 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
06.08.2010, 12:36
Martins mom
3342
Ќе може ли некој да ми каже што да правам...грлото ме боли, ме убива...црвено ми е, а мислам дека и на едниот крајник имам гној..Мерев температура 38,2...Хелп Главата ми пука, ушите ми свират. Се напив чајче, се капев со млака вода...ама залудно е се..ништо не ми помага.Дај кажете некој совет што да се прави
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
06.08.2010, 12:39
Палешка РР
7505
Јас веднаш би испила еден Парацетамол. Потоа оди на лекар Мартинс мам, мене еднаш ми препишаа капсули Цефаклор и ги пиев, иако дојам.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.