Беки, пријателке, да ти кажам искрено, воопшто не сум гладна или посебно внимавам било за времето за храна или количеството. Едноставно немам голема желба за храна, a јадам кога ќе ми се јаде. (Се имав многу здебелено лани, од тогашното друштво, на кое единствено хоби им беше храната и омилено, речиси секојдневно место - рестораните. Многу ми сметаше тој начин на живот, но, благо кажано, бев принудена на тоа. Инаку, никогаш не сум била екстремно дебела или екстремно слаба - златна средина
)
Го земаме здраво за готово зборот "диета". Тоа е начин на исхрана, не нешто строго и ригорозно одрекување. Јас се навикнав на ваков начин на исхрана и сега ми е супер. Не се одрекувам од ништо посебно, но немам ни апетит за нешто посебно. Ако ми се јаде чоколадо или нешто благо, каснувам, но тоа не е во големи количини и често. Само искоренив некои од старите навики, јадење доцна навечер, грицкање пред компјутер/тв, "мрсни" меѓуоброци, мрсна, пржена храна. И за тоа со обврските - во право си. Кога човек се досадува, повеќе мисли на храна и обратно, кога повеќе работи - заборава да јаде
Во принцип, се'' она што ќе си го зацртам го исполнувам, па макар и по долго време, со поголем напор, препреки и сл.
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 13.9.2010 15:26:07 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...