Како сте девојки? Само да ве поздравам. Немам воопшто време. Ја прифатив поканата за на кино од една другарка, некако не ми се оди, но нема смисла да и откажам. Чувствувам дека настинувам Времето е ужасно, нагло залади, човек да не знае како да се облече До вчера седев по маица со кратки ракави - иако ми студеше, не ми текнуваше да се облечам, се напив вода од чешма и толку требаше. Утринава грлото - ужас... Инаку вчера бев на кино, воопшто не ми се допадна филмот - со Al Capone, но сепак седев, требаше да станувам луѓе за да заминам, се надевам денес ќе е некој подобар, како што не сум баш ок ... Мама26 не си сфаќај се' здраво за готово и не си ставај се' при срце - колку човек повеќе се отвора себеси - полошо си прави. Знам од себе лично. Каква и да е поддршката, утехата и радоста со пријателките на некој форум, во споредба со личната присутност не вреди да се споменува. Не биди детинеста (сите сме на моменти), таков е и периодот - есен, ладно време, пократок ден, депресивно, но ќе помине. Кога си го имаш синчето до тебе - не се грижи за ништо. Колку и да сум нерасположена, тажна, нервозна, бесна ... кога ќе видам детенце - заборавам. Утре е нов ден, главата горе По дождот изгрева сонце, по лошите моменти и расположенија следат добри, ведри ... Животот е борба, не смееме да се предадеме, никогаш, по никоја цена.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...