за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Сте се запрашале ли некогаш што ако онаа наша верна набљудувачка, злобница, непријателка (не дај Боже соперничка) ви е пријателка на РР? Најверојатно, на некој начин го дознала вашето корисничко име, па не можејќи поинаку, решила на ваков начин да ви се одмазди или да придонесе за проблеми во врската/бракот... Или, можеби не го открила корисничкото име, но бара совет за да го добие посакуваното - зафатен дечко/маж, а вие не ни помислувате дека тоа може да е вашиот
Дали поминало ова прашање во вашата глава и вашите мисли од самото зачленување на форумот до денес? Подготвени сте на се, внимавате што и колку кажувате или не се плашите, мислејќи дека тоа нема да се случи (ТАА да се зачлени тука) и да ве открие?
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 16.7.2010 22:35:58 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
16.07.2010, 22:25
niki
4299
аууууууууууууу, лелеееееееееееееееее Битолчанке инспирација на темава ти е реална случка од твојот живот, или генерално размислуваш на темава, или испитуваш некоја теорија?
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 16.7.2010 22:35:27 >
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
16.07.2010, 22:27
nadica
4381
ах битолчанке јас секогаш го кажувам/пишувам тоа што го мислам во моментот без разлика кој го чита тоа и на која тема коментирам имам поставено и слики кои се достапни за сите така да мојот идентитет е откриен и ако имам некаде некој кој ми посакува лошо а тука ми се прави пријател нека му ја мисли
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 16.7.2010 22:35:01 >
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
16.07.2010, 22:32
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
аууууууууууууу, лелеееееееееееееееее Битолчанке инспирација на темава ти е реална случка од твојот живот, или генерално размислуваш на темава, или испитуваш некоја теорија?
Од се по малку, иако знам дека никој така лесно не се издава Шегата на страна, ме интересира ваше мислење, одговор на прашањата Секако дека се си кажуваме, но човек секогаш треба да е со доза на резерва, добро внимателен.
П.С. Голем беше насловот, не се читаше до крај, затоа уредувам
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 16.7.2010 22:34:29 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
16.07.2010, 22:52
niki
4299
Немам во животот личност која ја сметам за непријател или соперник. незнам во што би можела некоја да ми биде соперничка. Знам, дека сите луѓе што се околу нас не ни се вистински пријатели, но не развивам такви односи за да некој може нешто да направи и да ми наштети, посебно не би ми наштетил ако би ме пронашол на форум. Сигурно би испрочитал многу детали од мојот живот кои се интимни и кои не ги делам со пријатели, но тоа би му овозможило само да ме оговара, некоја посебна друга штета да направи не верувам. Е, а за оговарање не мора да има информација, бујна фантазија е доволно. А ако некој ете баш ми се намерачи, па ми создава невољи тука, или од тука собира информации па ги користи приватно, незнам што би направила. Една опција секако е да контактирам со администраторот и да ги изнесам своите сомнежи па од тука би видела што понатаму... Незнам досега не сум размислувала за ова бидејќи сметам дека сум доволно претпазлива, и не сум се почувствувала загрозена, но што знаеш, се е можно....
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
16.07.2010, 22:53
Палешка РР
7505
Темава е леле мајко
Прво - не би си дозволила така лесно да имам соперничка. Сакам да сум една и единствена во очите на мм. Второ - Ако тоа се случи, што е можно бидејќи нели луѓе сме, ќе ја сетам по нешто (начин на пишување, начин на приближување, невообичаено разменување комплименти или пцовки во ПП, итн, итн, итн). Е тогаш ќе го пратам мм да си ја собере вересијата и не се замарам!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
16.07.2010, 22:55
mama26
3977
vo vojnata i ljubovta nema pravila.taka da nikogas neznaes. a ako dojde do takvo nesto i sam si odluci toa e.so sila ubavina nema.i ke se pokae zasto kako mene nema da najde
16.07.2010, 22:57
niki
4299
А ова соперничка се однесува на некоја што го сака мм или генерално на било кое поле?
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
16.07.2010, 22:58
mama26
3977
sopernicka e sopernicka.za mene i taa sto ke go pogledne mi e sopernicka niki
16.07.2010, 23:04
Martins mom
3342
и јас не сфатив за каква соперничка е темата...за некоја што си го пика носот во нашата љубов или општо соперничка на било кое поле?
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
16.07.2010, 23:04
Bitolcanka
2461
И јас би ја препознала по нешто - напишан збор, стил на пишување - едноставно секоја личност си има нешто карактеристично за неа лично (ама рима испадна ) по што се разликува од останатите. А ако се работи за жена што ја познаваме - сме биле во контакт долго време со неа, сигурно ќе ја идентификуваме/етикетираме и држиме на око - нашите сили против нејзините И да не се работи баш за соперничка, едноставно има лица кои "копаат" по туѓите животи (ова особено важи за припадничките на понечниот пол ), прибираат информации, како што спомна Ники и тоа го користат во своја корист, применувајќи некои замки подоцна својствени на нив. Едноставно чувствува љубомора кон вас и подготвена е на натпревар, колку долго и да трае тој.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
16.07.2010, 23:05
Martins mom
3342
ма каква и да е, нека чита што сака за мене, не ми може ништо
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
16.07.2010, 23:05
niki
4299
Па јас колку го разбирам зборот соперник не е до толку ограничен да се однесува само на љубов може сум грешка инаку ако е за мм слободно може да го земе која сака, сигурно ќе се офајди го давам јас без проблем не мора на форум да ми станува пријателка. нека има предвид дека тој има и дете и обврски кон него, и дека во пакет со него одат и неговите смрдливи чорапи, неиспрани алишта, весници расфрлани во спална, а тој нема воља да средува по себе, јас радо би се ослободила од сите тие обврски
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
16.07.2010, 23:07
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
и јас не сфатив за каква соперничка е темата...за некоја што си го пика носот во нашата љубов или општо соперничка на било кое поле?
За непријателка/соперничка на љубовно поле - жена што го пика носот во вашата врска/вашиот брак, а сте ја забележале лично, сте се посомневале во нејзините "игри".
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
16.07.2010, 23:11
mama26
3977
prvo ke i go napravam zivotot tezok.vtoro ke se boram za mazot.treto ako ja saka navistina nemozam da go sopram.ali pak ke kazam od mene podobra nema da najde
16.07.2010, 23:12
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Па јас колку го разбирам зборот соперник не е до толку ограничен да се однесува само на љубов може сум грешка инаку ако е за мм слободно може да го земе која сака, сигурно ќе се офајди го давам јас без проблем не мора на форум да ми станува пријателка. нека има предвид дека тој има и дете и обврски кон него, и дека во пакет со него одат и неговите смрдливи чорапи, неиспрани алишта, весници расфрлани во спална, а тој нема воља да средува по себе, јас радо би се ослободила од сите тие обврски
Пред се' мислев на љубовниот живот. За непријателка во секаква смисла може да се отвори нова тема. Ники, значи го продаваш мт, 5 пари не даваш
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
16.07.2010, 23:13
Gari68
192
Леле битолчанка навистина се преокупираш со небитни работи.Теоретски е можно да се сретнеш со таква личност на форум,ама мислам дека практично шансите се многу мали,да не речам никакви.Поверојатно е да се закачиш се некоја од форумот па после таа личност да се логира под друг ник и да проба да те дискредитира како личност.
16.07.2010, 23:16
niki
4299
Секоја и малку нормална, која има претензии да го земе зафатениот маж , сигурно не ќе се труди да се спријателува со жена му, ваљда треба него да го освои, не жена му. Чисто се сомневам дека би ме барала по форуми, евентуално би ми се јавила на тел да ме освести или да ми соопшти дека трудна мм е татко и да побара да го позајмам бидејќи е потребен на новороденото дете
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
16.07.2010, 23:16
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26
prvo ke i go napravam zivotot tezok.vtoro ke se boram za mazot.treto ako ja saka navistina nemozam da go sopram.ali pak ke kazam od mene podobra nema da najde
За човек што го сакаш и те сака вреди да се бориш. Особено кога во врска/брак се вмешува/пика 3-то лице, иако другиот не ја рецка ни под разно. Можеби некоја што не знае што со себе и животот, некоја ненаситна, од оние "чесните" ...
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
16.07.2010, 23:20
Viktori
5329
мене не ми е јасно како може мојата активност на форумов да ја искористи против мене...
Не ми поминало низ глава никогаш, немам толку забегана фантазија дека сега некој ќе ме прогонува по интернет.
Ако има таква и ме гледа топло ја поздравувам!!!
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
16.07.2010, 23:20
Палешка РР
7505
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26
vtoro ke se boram za mazot.
Јас не се борам за маж. Полесно ми е да речам Адио.
< Поракaта ја уредил Палешка -- 16.7.2010 23:21:09 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
16.07.2010, 23:21
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68
Леле битолчанка навистина се преокупираш со небитни работи.Теоретски е можно да се сретнеш со таква личност на форум,ама мислам дека практично шансите се многу мали,да не речам никакви.Поверојатно е да се закачиш се некоја од форумот па после таа личност да се логира под друг ник и да проба да те дискредитира како личност.
Не значи дека темата се однесува на мене. Ми се виде интересна, ја сретнав некаде по други форуми, па онака добив идеја а ја објавам. Не значи дека со самото отворање се замарам. Тоа може на секого да му се случи, без разлика дали е маж или жена.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
16.07.2010, 23:22
mama26
3977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26
vtoro ke se boram za mazot.
Јас не се борам за маж. Полесно ми е да речам Адио.
paleska sekoj si ima mislenje svoe.mojov maz vredi za malku da se pomacam
16.07.2010, 23:24
mama26
3977
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори
мене не ми е јасно како може мојата активност на форумов да ја искористи против мене...
Не ми поминало низ глава никогаш, немам толку забегана фантазија дека сега некој ќе ме прогонува по интернет.
Ако има таква и ме гледа топло ја поздравувам!!! hahaha bitolcanke ne zapali site.koja dava maz,koja nedava koja so sliki tuka ne go dava i viktory.taka mi izgleda po prstov hahha
16.07.2010, 23:25
niki
4299
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Па јас колку го разбирам зборот соперник не е до толку ограничен да се однесува само на љубов може сум грешка инаку ако е за мм слободно може да го земе која сака, сигурно ќе се офајди го давам јас без проблем не мора на форум да ми станува пријателка. нека има предвид дека тој има и дете и обврски кон него, и дека во пакет со него одат и неговите смрдливи чорапи, неиспрани алишта, весници расфрлани во спална, а тој нема воља да средува по себе, јас радо би се ослободила од сите тие обврски
Пред се' мислев на љубовниот живот. За непријателка во секаква смисла може да се отвори нова тема. Ники, значи го продаваш мт, 5 пари не даваш
Битолчанке мм не е моја сопственост па да можам да го продадам. Слободен човек е тој и ако ја најде љубовта таму некаде надвор од мене, не можам јас ништо да направам. Но, цаката е дека тој сега не е сам и оди во пакет и се сомневам дека со тој пакет е привлечен за други жени. Но без оглед на тоа и да се најде таква не бре нема да ме бара на форуми во тоа сум сигурна, се друго е дискутабилно.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together