Ај да не должам Можеби не е најлуда, но една од моите луди работи е
Беше лани, јули месец, значи пред една година. Бевме потскарани со дм (малку повеќе, посериозно), а јас имав гостинка-колешка од факс тие дена. Беше вечерно време, се зафркавав на skype и одеднаш ми дојде идеја - ми светна сијаличката - да променам статус на фб (ми беше - in relationship или single), па без многу размислување ставив - engaged и се газев од смеа Само што сменав, се исклучив јас, се вклучи другарка ми и пиша: " Честито срц кој е среќникот? :) " Во тој момент, една друга наша драга колешка и'' пиша неа на chat: Што е работата? (за мене - новоста ) Оваа веднаш - logout и се газевме од смеа Гледаме фрчат коментари - честитки, си гледаме сеир Го оставив така до наредниот ден попладнето кај 17ч. Си бркавме ние работа, а мене само во тоа ми е мислата и да не стигне до тој што не треба Ми се јавува друга другарка на телефон, зачудена, ме прашува дали е вистина (претходниот ден зборувавме на телефон, па беше видно изненадена ) и ме известува дека сите на фб ми честитаат И кажав дека не е точно, се разбира, но и'' реков да не кажува. Кога стигнавме дома - гледам - се намножиле коментари, меѓу кои и од дм: "Што ти е жена, ти ја мислиш верна, таа верена :) " Тоа го видов на mail, на фб го немаше - го избришал по некое време. И ај си реков - доста е од играта, на ѕидот објавив: "Свршувачката сврши, сите среќни и весели" - така нешто, можеби не баш со тие зборови. Па имаше коментари од типот "Ви велев дека се зафркава со нас?" Потоа се вратив на single, па in relationship и на крај - без статус. Доста беше од љубопитни очи и уши, си реков - a little privacy
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 23.7.2010 23:36:23 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...