за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Koi igri gi igrate so vasite najmili? Sin mi e 14 meseci i veke mu zdosadija "bebeskite" igri,(ogledalca, kukli na vibracii, tropalki, pika boo i ringeraja :) Bara novi. Eve pocnavme da crtame i sega zasega toa ni e hit igra. No brzu ke zdosadi i toa. Nekoj predlog za igri vo zatvoreno?
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
14.09.2013, 10:28
Felly RR
7977
Па сега на затворено, ние најмногу играме со коцки, со бебињата, со кујната. Играме и со пластелин, ама за тоа вие сте мали. На М кога беше помала најинтересно и беше со коцки. Исто и пордавачки, докторки, или најново - играме мајки.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
14.09.2013, 13:50
Bethany
4534
На син ми нај, најомилено му е бркање низ станов... Тогаш цика и писка од среќа Криенки, брканици и тому слично, секогаш е за. Друго: се игра со коцки, читаме сликовници, некогаш демек цртаме, пластелин нејќе да фати во раце, се стресува, му се гади Колички, па камиони, багери, па собираме каменчиња обавезно кога сме надвор, па ги носиме дома, па ги става во багер, па во камион и така... И ние бараме додатна занимација, ќе мора да земам уште некои други играчки, сите сложувалки, форма коцка и сл. веќе се здосадени, дека веќе е професионалец, па треба нови. Не знам зимово што ќе се прави, ќе мора да бидеме креативни.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
01.10.2013, 10:59
vezilka RR
4931
Еве сега ова го видов и ми седопаѓа.
Никола и така кога играме со коцките тој гради само згради и куќи. Ако знаете кај има вакви во Скопје, пишете. Ќе ни треба за зимава, хехе.
10.01.2014, 22:39
Палешка РР
7505
Нашава најнова игра бааги напорна е
Сака јас да бидам коњче таа да ме јава качена на грб и плус да одам и да ја држам, оти таа в раце книга држи и чита Ако застанам слегува и демек трева ми дава за да продолжам да одам. Таа била Александар Македонски (така брат и ја поучил). И преѓеска јас се изморив и почнав пополека да одам и ми рече дека не сум била коњче, магаре сум била
И незнам дали да плачам или да се смеам на нејзиниве фантазии
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
11.01.2014, 00:38
Defne90 RR
1991
Nie so decata najcesto igrame brkanica,krienka site igri sto baraat trcanje i skokanje toa im e najinteresno.Se razbira si igrame so kocki,crtame boime.Ponekogas si igrame na doktori M e doktor i ke zeme ke ne leci site niz doma i ke ni stava inekcii demek.Potoa si igrame na vredni domakinki demek gotvime za tato i pomaloto bratce i taka.A na pomaloto definitivno mu e najinteresno da si igra so sadovite za gotvenje ke mu dadam eden sad i lazica i toa tropa li tropa zadovolno e epten.Isto taka ponekogas znaeme da si pustime detski pesnicki i ke igrame i peeme site zaedno.Vo sekoj slucaj decata se prezadovolni koga so maz mi ke ostavime se drugo i ke im se posvetime samo niv a toa praktikuvame da go pravime cesto.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
11.01.2014, 12:26
Hunny
626
Палешка ме изнасмеа, особено зашто и ќерка ми има таква бујна фантазија
25.02.2014, 02:02
Defne90 RR
1991
Во последно време со М си играме со пластелин,му купивме во неколку бои го има и постојано по дома моделира и прави разни форми.Тоа моментално ни е хит и му е најинтересно.Така успевам на подолго време да го тргнам од компјутер сепак пластелинот е супер и забавен и работејќи со него ја изразува и збогатува својата креативност.Си имаме малку мака со малото затоа што тоа се уште не знае што е тоа ама пак гледаме да си игараме со пластелинот додека спие или е долу кај баба и дедо.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
23.04.2014, 20:42
Палешка РР
7505
Лото играме
Виде лото извлекување на телевизија и почна да плаче да бидела лото девојка
Па на хартија нацртавме топчиња, им напишавме бројки, ги исековме, ги ставивме во стаклен сад и почна извлекувањето...После и текна дека не е дотерана и нашминкана и дека нема микрофон. Ајде и тоа го направивме, па штикли побара лото девојкава Во филм влезе детево, уште малку ако повежбаме на кастинг ќе ја носам
< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 23.4.2014 20:43:04 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
15.08.2014, 10:29
Mila mamicka
387
Моментално син ми најмногу сака да игра со пластелин. Имаме два големи сета, кои покрај кутивчињата со пластелин имаат кутивчиња за правење форми, па сега тоа ни е најинтересно. Едниот сет е за правење колачиња и е многу интересен, има шприц, па едни други елементи, па тањирче за да го послужите колачето и сл. А другиот пак ги прави куќата на Мики маус и самата фигура на Мики маус па и тој ни е супер, со оглед на тоа што Мики маус ни е сеуште омилена фигура. Заедно можеме и цел саат да се занимаваме со пластелинот, не му здосадува бргу.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
31.10.2014, 14:23
Melanija RR
7052
Совет од искусни Што да играме со 14 м ? знам дека разбира ама не разбира,никако да се заигра само шета низ соба,ги разнесува коцките,ги фрла позади столица, лупа со играчки по ѕид, поткачување на се и сешто и кога е уморен не е уморен цртани никако да позагледне само ако е некаква музика на ТВ
Како малку да му задржам внимание?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
25.11.2014, 12:21
caciana
863
Omilena igra na vnuka mi bese da se sminka i da seta so moite stikli niz doma... togas bese prezadovolna . A sega so vnuk mi omilena igra ni e da se brkame niz doma i da se borime. Onaka si uziva deteto koga TETE YESS go maltretira
25.11.2014, 16:58
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Совет од искусни Што да играме со 14 м ? знам дека разбира ама не разбира,никако да се заигра само шета низ соба,ги разнесува коцките,ги фрла позади столица, лупа со играчки по ѕид, поткачување на се и сешто и кога е уморен не е уморен цртани никако да позагледне само ако е некаква музика на ТВ
Како малку да му задржам внимание?
Меланија, најдовте ли нешто што ќе ве заинтересира? М на таа возраст играше со коцки и женско нели во кујна. Уште од мала обожаваше да си игра со тенџерчиња, чашки итн со бебињата да ги реди, па да ги храни.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
25.11.2014, 17:39
Melanija RR
7052
Освен брмче и автобус и некогаш ама само некогаш клекнува и ги реди коцките,се останато е пешачење од дневна во кујна со друг игра само бркање и ѕе
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
23.06.2015, 15:59
vezilka RR
4931
Во последно време хит ни се На буква, на буква и онаа сол макарон ако ви текнува. На буква на буква не ни оди најдобро оти не може секогаш да погодо на која буква му е зборот што го смислил па имаме ситуации од типот ни задал буква с, а на крај зборот бил маса на пример. Полесно му оди тој ако погодува. Обично ја играме за време на ручек за да седи мирен.
Кога ќе се соберат повеќе деца играме Авион-поплава: кога ќе кажам авион сите треба да легнат, а кога ќе кажам поплава треба да се качат на нешто. Кој згреши, испаѓа.
Исто сакав да им ја кажам и Мати, мати, колкико је саати, ама не ми текнуваше како беше. Кој знае нека пише.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
24.06.2015, 14:24
vezilka RR
4931
Со помош од Loveableme..фалааа.
Еден свртен со грб накај другите е мајката. Другите деца наредени во линија еден по еден ја прашуваат мајката, Мати МАти колкико је саати (или може да си преведеме: Мамо, мамо, колку е саат?) Таа им одговара на секое, на пример, два чекори напред, три назад итн. Целта е некој да стигне прв до мајката кој после станува мајка и го повторува сето тоа.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
13.11.2015, 12:03
marchi
948
jas bas barav vakva tema so idei za igri zasto sepak kompjuter e kompjuter ama igri si se igri ke gi prosledam i prethodnite komentari,nie na pr epten tesko se zaigruvame.povekje so skokanje so brkanje retko so igracinja,jas imam i rabota po doma taka da ne mozam 24\7 da sum posvetena na igranje,vo meguvreme dete ko dete bigra so n esto sto ne e za igranje samo za da se zanimava ili pa mu pustam crtani i pesnicki na kompjuter pa da zavrsam rabota ili da odmoram
03.03.2020, 08:56
Novum
3
Шахот е навистина добра игра, но треба многу трпеливост да го научите вашето дете оваа прекрасна игра. Ја играм оваа игра дури и со моите колеги, го научив ова од основачот на Инстафорекс, Илдар Шарипов, кој се случи да ја игра професионално: https://www.365chess.com/players/Ildar_Sharipov Дали некој овде игра и интелектуални игри со своите деца?