Девојки, сега само што се вратив од Фондот, бев да се информирам за ИВФ втор обид, која е процедурата, што документи треба и ми рекоа вака:
- копии од претходни HSG, лапароскопија, хистероскопија (доколку сте правеле)
- 3Д/4Д ехо ново да се направи не постаро од 6 месеци
- ПАП тест (не постар од 1 година)
- микробиолошки брисеви не постари од 6 месеци
- хормонален статус FSH, LH, PRL, E2, Progesteron, Testosteron, TSH, T3, T4), не постар од 6 месеци. Доколку FSH е покачен, може да побараат Антимулериан хормон, доколку не е, не бараат
- комплет крвна слика со седиментација и гликоза не постари од 6 месеци,
- два спермограма (еден од претходното ИВФ), а друг нов не постар од 6 месеци
- вирус маркери, хепатит Б,Ц и ХИВ не постари од 6 месеци (за двата партнера)
- копии од претходни инсеминации
- извештај, отпусна листа од ИВФ-то кое било неуспешно од болницата каде сте правеле
Прашав кога треба да се достави, ми рекоа после 6 месеци од датумот од последното ИВФ. Јас им реков ако доставам неколку недели пред датумот, за да разгледаат и таман дури да решат дали може така, ми рекоа дека може.
Ги прашав за ИВФ за второ дете, ми рекоа сега ги дефинираат деталите, од јануари 2014 година почнува процедурата, и дека истата ќе биде многу поедноставна отколку за ИВФ за тие што немаат прво дете.
Позз
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 2.12.2013 20:58:56 >