за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
За да ти одобрат во Фонд, треба да имаш 4 инсеминации, не е важно колку си во брак. Позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
24.03.2014, 11:38
lusy
42
Devojki ve molam za informacija. Dali mora spermogram i HIV od Klinika ili moze i privatno da se napravi za da go ostvarime pravato za in vitro preku Fondot? Jas gi srediv site dokumenti vo rok od 10 dena, a maz mi eve zaglavi, prvo maticnata ne mozela da mu dade upat za na urolog, pa jas najdov vrski i eve zemav od urologot specijalisticki za na klinika, no od tamu mi rekoa za da napravime spermogram ni treba HIV od Klinicka biohemija, pa pak se javi kaj maticnata da mu dade upat i ovaa pak veli ne mozam da dadam upat. ve molam kazete mi kako da zavrsam rabota, navistina zbudalev...
24.03.2014, 11:46
andrijance90
176
Lusy odi vo centar za javno zdravje vo Prolece za 5 min imas rezultati od Hiv zimaat krv od prstot, ne ti treba ni upat ni nisto ne znam zasto ti kompliciraat za nisto :S gore na sprat ke se kacis eden fin doktor e za ispituvanje za hiv. I ne ti trebal specijalisticki upat za spermogram, so upat od opst maticen maz mi proversuvase na Histologija, samo sto se ceka 2 nedeli za termin. A rezultatite se gotovi za 2-3 dena.
< Поракaта ја уредил andrijance90 -- 24.3.2014 11:48:05 >
24.03.2014, 11:57
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: andrijance90
Lusy odi vo centar za javno zdravje vo Prolece za 5 min imas rezultati od Hiv zimaat krv od prstot, ne ti treba ni upat ni nisto ne znam zasto ti kompliciraat za nisto :S gore na sprat ke se kacis eden fin doktor e za ispituvanje za hiv. I ne ti trebal specijalisticki upat za spermogram, so upat od opst maticen maz mi proversuvase na Histologija, samo sto se ceka 2 nedeli za termin. A rezultatite se gotovi za 2-3 dena.
Истото ќе ти го препорачам и јас. Позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
24.03.2014, 11:59
lusy
42
Fala vi devojki mnogu, vidis vakvi raboti duri ni maticnite neznaat da ti kazat. Sramota e ova sto go pravat, sramota
26.03.2014, 11:28
Hopeful RR
2349
И ние со сличен проблем, ни остана уште еден спермограм и маркери за хив, хеп Б и хеп Ц. Матичниот на сопругот упорно му вика дека не може он да даде упат за клиничка биохемија (за маркерите, бидејќи таму не е со закажување), него дека требал мојот гинеколог да му даде?!!! А за спермограм на хистологија не ни искачало кај нив за закажување... И сега, да не губиме време, ќе направиме спермограм во Авицена, налет 1000 денари, а маркерите му ги закажаа на инфективна следната недела. Глупости, само да се малтретирало.
Мене ми остана уште крвна слика со седиментација и липиден статус, ги правам утре, па да носиме се на куп во фонд
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
26.03.2014, 12:33
andrijance90
176
Za spormogram na Histologija ne izleguva vo sistemot zatoa sto ne rabotat so moj termin, direktno se zakazuva kaj niv, ako gi zamolis i im objasnis za sto ti e ke ti zakazat najbrzo sto moze, fini se Vo centar za javno zdravje-prolece ispituvaat i hepatitis B i C. Koga bevme nie za Hiv doktorot ne prasa dali sakame i toa da proverime, isto bez upat, bez participacija I najvaznoto ziv covek nema, voopsto guzva nema, cisto , sredeno, rezultati max za 10-15 minuti Taka da ne se maltretirajte po klinikive, odete si vamu
26.03.2014, 15:00
Hopeful RR
2349
Супер информации, ќе направиме така! Фала ти
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
26.03.2014, 17:24
jana81
450
Devojki sto znaci AIH. Mi pratija izvestuvanje od fondot kade vika deka treba da dostavam 2 AIH. Pretpostavuvam deka e inseminacija ama pa oznakata ne mi lici za inseminacija
26.03.2014, 17:40
kapina
4327
Da dve inseminacii treba da napraves so rastojanie od dva ciklusi kaj mene bese taka
27.03.2014, 14:44
butterfly1
124
не знам прашањево за тука ли е ама да прашам дали замена на матичниот гинеколог може да ми даде упат? Мојава на боледување е и има стална замена ама не сум отишла никад кај неа па планирам да идам денеска сакам упат хормони да проверам
27.03.2014, 14:59
LoveableMe RR
5035
Во принцип матичните гинеколози обично немаат замена за издавање упати за испитувања за ИВФ/редовни испитувања, барем кај мене е така, освен ако не е итно, тогаш сигурно има некоја постапка. Позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
27.03.2014, 15:03
butterfly1
124
оф леле а замената за што служи уствари тогаш? На вратата беше залепено дека таа и таа докторка и е замена на мојава и кај неа да се обракаме додека оваа е на боледување , се надевам дека има начин не можам јас да ја чекам цел месец да се врати
27.03.2014, 15:04
LoveableMe RR
5035
Штом е на врата напишано значи има замена, побарај ја замената.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
28.03.2014, 14:50
lusy
42
Здраво мили мои, еве јас да ве известам дека мм направи приватно во Авицена хив и хепатит б и ц, па сега од понеделник на клиника со документите за спермограм, а јас хормони треба утре.Но не знам што да правам нели хормони треба на 3 ти ден од циклус, а јас добив завчера, но само 1 капка кафеаво, вчера ништо и денес пак малку кафеаво. Утре се рачуна како 3 ден и би требало да одам, да одам или да почекам убаво да добијам. После хистероскопијата еве веќе 2 циклус вака со кафеаво, ама овојпат скоро ич немам. Не знам зошто вака, некој совет ве молам? А и една добра вест закажав кај Лазаревски консултација за ин витро :)
28.03.2014, 15:12
LoveableMe RR
5035
Lusy, префрлив дел од разговорите во темата Хистероскопија, таму најдобро ќе ти одговорат членките.
Во однос на хормони 3-ти ден од циклус, тоа е најубаво заради тебе, да знаеш точно каква е вредноста, бидејќи тогаш се најпрецизн резултатите.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
31.03.2014, 10:29
Kaya
30
Девојки, здраво!!Нова сум на форумов се надевам ќе се дружиме ..Јас се спремам за Ин витро, ги собрав сите документи и сакам да ве прашам, каде треба да се однесат документите? Во фондот кај куќата н а Мајка Тереза или? Фала однапред
31.03.2014, 11:28
LoveableMe RR
5035
Kaya, добредојде на форумот, се надевам на пријатна дружба. Документите се носат во Подрачната единица за Скопје кај Црвен крст зградата, а тие потоа ги носат во Фондот на разгледување. Со среќа, па пиши кога ќе добиеш одговор и каде се реши да правиш во која клиника и кај кој доктор. Позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
31.03.2014, 11:33
Hopeful RR
2349
Здраво Kaya, и јас сум при крај со собирање документи, па ние секако ќе се дружиме Со среќа и пишувај ни
< Поракaта ја уредил Hopeful -- 31.3.2014 11:34:15 >
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
31.03.2014, 12:48
Kaya
30
Фала за брзиот одговор..Денес ќе одам, се надевам работат после три зашто до тогаш сум на работа.. Уф, баш сум возбудена
_____________________________
PCOS+олигоастеноспермија, 1 обид за IUI= /, многу малку пливачи :) 1 IVF - тешка хиперстимулација, freeze all; 2 FET=/, во план трет FET...
31.03.2014, 13:02
LoveableMe RR
5035
Мислам дека работеа од 07.00-15.00 или од 07.30-15.30, баш види и кажи ни. направи си копии од сите документи и барај да ти стават печат на нив - верно на оригиналот. Позз, со среќа
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
02.04.2014, 22:40
butterfly 00
555
Sakam da podnesam dokumenti za vtoro IVF sakam da prasam 6 meseci se racuna od napraven transver ili od koga sum pocnala da go pravam IVF, od koj datum racunaat pominati 6 meseci. Dali treba povtorno da se pravat spermogrami ili si vazat starite zosto neli kako bese so kolku meseci razlika trebase da ima megu niv. Znam deka rezultati kako HSG, histeroskopija se pravat samo ednas, dali treba i spermogramite od dve razlicni institucii da se povtorat? Dali na kopiite so pecat od fondot i sto pisuva na niv verno na originalot pak i na tie treba da se pravat kopii?
Dali povtorno treba mislenje od specijalist ili istoto mislenje sto go podnesov so prvoto IVF mi vazi so pecat od fondot samo povtorno da go prilozam? Vidov deka spermogramite treba da se razlika eden mesec i posledniot da ne bide postar od edna godina. Nie posledniot go pravevme vo oktomvri za da go prilozime za prvoto IVF, dali ni vazi?
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 3.4.2014 11:12:55 >
_____________________________
3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /
03.04.2014, 06:25
kapina
4327
Butterfly se racuna datata od od transferot ne od koga si pocnala I treva a eden nov spermogram I eden od starite I plus hormoni brisevi pap I HIV I hepatitis. Bi c. krvna slika
03.04.2014, 11:08
jana81
450
Treba da pravam dve inseminacii za da mi odobrat vaucer a ic ne mi se pravi veke mi se zdosadeni neznam ni jas kolku imam napraveno. Dali moze nekade da si platam da mi izdadat potvrda deka imam praveno?? Znam deka ne mi e bas na mesto prasanjevo ama koj pita ne skita.
03.04.2014, 11:19
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
Девојки, бев да се информирам за ИВФ втор обид IVF, која е процедурата, што документи треба и ми рекоа вака:
- копии од претходни HSG, лапароскопија, хистероскопија (доколку сте правеле) - 3Д/4Д ехо ново да се направи не постаро од 6 месеци - ПАП тест (не постар од 1 година) - микробиолошки брисеви не постари од 6 месеци - хормонален статус FSH, LH, PRL, E2, Progesteron, Testosteron, TSH, T3, T4), не постар од 6 месеци. Доколку FSH е покачен, може да побараат Антимулериан хормон, доколку не е, не бараат - комплет крвна слика со седиментација и гликоза не постари од 6 месеци, - два спермограма (еден од претходното ИВФ), а друг нов не постар од 6 месеци - вирус маркери, хепатит Б,Ц и ХИВ не постари од 6 месеци (за двата партнера) - копии од претходни инсеминации - извештај, отпусна листа од ИВФ-то кое било неуспешно од болницата каде сте правеле
Butterfly00, погоре пишува кои документи треба, кои треба да не се постари од 6 месеци, а кои испитувања треба наново да ги правиш. Спермограм треба да не е постар од 6 месеци, а еден можеш стар да приложиш од претходно. Бараат документацијата од првиот обид фотокопирана да ја доставиш, дополнета со новите испитувања. Одобрување на ИВФ даваат после 6 месеци од претходниот обид, поточно од негативниот тест за бременост. Со среќа, позз,
Jana81, нема доктор што ќе го ризикува својот углед, работно место и сл. да ти даде фиктивен документ дека си правела инсеминации..или прави ги, или оди ИВФ на приватно.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!