за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Aaaa ne ova ne im go prostuvam taka lesno. Samo me chudi zoshto oficijalno ushte nishto mi nemaat isprateno. Mi se javija da mi kazat deka imame ODOBREN DONOR, pa otidov da mi objasnat zoshto e toa taka zivi zachudeni i izvini greshka ama samo moze da se zalite a jas neznam na shto tochno da se zalam i kogo da krenam vo vis. Se mozam da razberam ama vakvi katastrofalni greshki ne. Ne e ova detska igra pa sme se skarale denes i posle 5-10 min. pu pu karanjeto nevazi.
13.05.2014, 00:02
kapina
4327
Epa neli ima na vaucerot rok od kolku dena da se zalis odma odi vo fondot I zali se tamu kade sto si gi dostavila dokumentite tamu prasaj sto kako imas pravo na zalba sega ke vidam na mojot vaucer sto pisuva mislam na prviot imam kopija od nego
13.05.2014, 13:48
virgo
137
ИЗВОРНА ПОРАКА: virgo
Samo me chudi zoshto oficijalno ushte nishto mi nemaat isprateno. Mi se javija da mi kazat deka imame ODOBREN DONOR.....
13.05.2014, 13:59
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: virgo
Samo me chudi zoshto oficijalno ushte nishto mi nemaat isprateno. Mi se javija da mi kazat deka imame ODOBREN DONOR.....
Оди до Фондот и лично види што е работата, не оставај на телефонски повик.....
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
14.05.2014, 10:13
Hopeful RR
2349
Девојки, нас конечно ни стигна писмото од Фонд, во кое пишува дека ни одобруваат бпо на товар на фондот
Е сега, изгледа сум јас глупава или премногу буквално ги сфаќам работите - самото писмо е ваучер, така? Или има нешто што не сум го сконтала?
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
14.05.2014, 10:42
LoveableMe RR
5035
Hopeful, баш мислев да те прашам деновиве дали доби ваучер и многу се израдував. Честитки ти упатуваме како и за сите рингерајки во Дене го добив позитивниот одговор.
Со тоа решение одиш во Клиниката каде ќе правиш ИВФ и го приложуваш таму, потоа плаќаш само 6000 денари партиципација. Тоа што ти е покриено од Фонд ти следи, евентуално ако докторот ти препише поголема терапија што ја надминуваа таа од Фондот, тогаш си докупуваш инекции приватно. Каде се реши? Кај Ивановски остануваш?
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
14.05.2014, 10:55
Hopeful RR
2349
Супер LoveableMe, фала ти После сите испитувања и чекања, не очекував ни да му се израдувам до толку, ама вчера бев вон себе од среќа, им се радував на сите трудници што ги видов низ град
Инаку да, остануваме кај Ивановски - со години одам кај него, ептен ни ја знае ситуацијата и задоволни сме од односот и разбирањето, човекот стварно сака да помогне. Имам закажано за следната недела, па ќе ви пишам што-како.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
14.05.2014, 12:47
virgo
137
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful
Девојки, нас конечно ни стигна писмото од Фонд, во кое пишува дека ни одобруваат бпо на товар на фондот
Hopeful chestitki i od mene . I ajde daj Boze poskoro de se izradivash na ili . Te
14.05.2014, 14:29
Hopeful RR
2349
Фала ви, девојки, дај боже сите наскоро да се израдуваме, па за други теми да си правиме муабети
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
14.05.2014, 18:20
Milicka 30
392
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful
Девојки, нас конечно ни стигна писмото од Фонд, во кое пишува дека ни одобруваат бпо на товар на фондот
Е сега, изгледа сум јас глупава или премногу буквално ги сфаќам работите - самото писмо е ваучер, така? Или има нешто што не сум го сконтала?
Хопефул душо честиткии, ти посакувам за многу брзо време да си добиеш . Кога планираш да започнеш со терапија? Јас утре одам да правам 4д ехо, испитувања за хепатит Б и Ц и ХИВ и комплетна ке бидам ,па ке ги пратам документите наредната недела. Кажи ми колку време чекаше за одговор? Поздрав до сите рр
15.05.2014, 10:32
Hopeful RR
2349
Фала ти Milicka 30, ајде наскоро и кај тебе ваучер па заедно да се радуваме на
Не знам кога ќе почнам со терапија, имам закажано во Систина во вторник, па ќе пишам тогаш повеќе детали. Се надевам само дека нема да се одолговлечи сето ова заради одмори...
Инаку, ние поднесовме на 15 април, а ни стигна на 13 мај, со тоа што според печатот од пошта, таму седело скоро недела дена.
А ти мора ли да правиш 4Д? Ако имаш ХСГ, доволно е и обично. Јави се и прашај ги, најдобро. Инаку, маркерите најбрзо можеш да ги направиш на Клиничка Биохемија, без закажување е.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
16.05.2014, 17:30
Milicka 30
392
Не знаев дали треба ама си направив, сега само уште микробиолошките треба да ги повторам др.недела едниот ми е позитивен. Сакам што побрзо да ги спремам и да ги пуштам оти одмори фаќаат, дали стари или нови ...Не сакам да губам време
17.05.2014, 10:23
Felly RR
7977
Постовите кои се однесуваат на пап тест се префрлени ТУКА, во соодветна тема.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
20.05.2014, 09:45
Zoya
120
Девојки едно прашање. Во докумнетите кои треба да се поднесат во фондот, дали двата спермограма треба да не се постари од една година или само последниот? Информациите што ги најдов на нивната страна малку ме збунија. Ај кој знае ве молам пишете ми. Фала
_____________________________
Обиди од 2012; IUI x 4 = /; HSC 2013 (отстранет септум, изваден полип) IVF #1 - /
20.05.2014, 10:07
kapina
4327
I dvata treba da se novi spermogrami
20.05.2014, 10:35
brm_brm
173
Ме интересира за инвитро по втор пат: 1. Кога најрано можам да поднесам документи за ваучер?Првото ивф Го правев почеток на мај. 2. Дали можам да ги искористам старите документи, освен брисеви, пап, хепатит и хив (бидејки се со важност од 6 месеци)
20.05.2014, 11:29
LoveableMe RR
5035
Пожелно е едниот од нив да не е постар од една година, а другиот шест месеци. Zoya, ќе поднесуваш документи за ИВФ? Каде ќе го правиш?
Brm_brm, треба да поминат шест месеци да поднесеш документи за ИВФ, можеш и петтиот месец да поднесеш но во шестиот ќе ги одобрат, ги бројат верувај месеците од денот на тест за бременост за неуспешно ИВФ. Дотогаш веројатно ќе треба да собереш нови документи бидејќи повеќето за ова ИВФ дотогаш ќе бидат постари од 6 месеци.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
20.05.2014, 11:49
brm_brm
173
Значи се смета од денот на тестот за бременост?треба и него да го приложам, заедно со извештајот од ивф? а спермограм, хсг,.... си важат старите, така?
20.05.2014, 11:56
LoveableMe RR
5035
Brm-brm, повели, тука ја има бараната документација, ти треба еден понов спермограм и сите други што не треба да се постари од шест месеци:
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
Како потсетување на сите што се спремаат за собирање/поднесување документација за ИВФ
"За ИВФ се доставуваат сите претходно извршени прегледи и анализи не постари од една година, потребни за вклучување на парот во постапката за БПО и тоа:
Медицинска документација дека се извршени една или повеќе од следните методи: ХСГ и/или лапараскопија и хистероскопија, и/или лапаротомија;
Само кај утврден машки фактор на неплодност, со број на подвижни сперматозоиди и по обработка помал од 4 М/мл или тешко нарушување на машкиот фактор со помалку од 4% сперматозоиди со нормална морфологија, доволен е 4 DV ултра звук на кавум утери;
Ехографски преглед со морфологија на матка и јајници
Кај азооспермија за утврдување на неплодност, покрај биопсија на тестис задолжителен е и патохистолошки наод.
Документи за направени две или повеќе анализи на спермата со најмаку еден месец разлика меѓу нив во повеќе од една здравствена установа, која има дозвола од Министерството за здравство за вршење на таа дејност, а последната анализа да не е извршена пред повеќе од една година пред поднесувањето на барањето (кај машки фактор на стерилитет да се достават покрај задолжителните и постарите спермограми);
Податоци за неплодност за период од најмалку три години, лекувана со конвенционални методи, со реализирани најмалку четири циклуси на интраутерална инсеминација (IUI);
Резултати од извршена анализа на хормонален статус на трети ден од циклус : FSH, LH, PRL, E2, TSH (не постари од шест месеци);
PAP skrining (не постар од една година доколку бил уреден);
Микробиолошки брисеви од вагина и цервикс (Ureaplasma, Mycoplasma и Chlamidia trachomatis) не постари од шест месеци;
Маркери за Hepatit B i C, HIV за двајцата брачни партнери (не постари од шест месеци);
Крвна слика, гликемија, седиментација (не постари од шест месеци);
Друга медицинска документација во зависност од здравствениот статус на брачниот пар (извршени дијагностички или оперативни интервенции во врска со стерилитет, извршени инсеминации, извршени ин витро фертилизацииостанати заболувања, терапија и мислење од специјалисти, останато).
отпусно писмо/или извод од МКР за детето, постаро од 18 месеци за првото породување со живородено дете
Во прилог на Предлогот се доставува целокупната потребна медицинска документација, во оригинал со докази за валидност (потпис, печат и факсимил од медицинско лице и здравствена установа) прегледана и подредена како во Предлогот."
Извор: ФЗО
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
20.05.2014, 12:01
Zoya
120
LoveableMe најверојатно ќе треба да почнеме со собирање на документи. Гледав на нивната страна што се е потребно и што ни фали, па некако збунувачки ми беше тоа со спермограмот. Во Образец 3-Предлог за БПО каде што е наведен делот за спремограмите стои последната анализа да не е извршена пред повеќе од 1 година. А на самиот почеток од истиот образец пишува дека сите извршени прегледи и анализи да не се постари од 1 година. Па ова ми беше збунувачко. Како и да е, ќе треба да се видам со матичната па ќе каже што се треба. Инаку во Систина одам кај Лазаревски.
_____________________________
Обиди од 2012; IUI x 4 = /; HSC 2013 (отстранет септум, изваден полип) IVF #1 - /
20.05.2014, 12:01
brm_brm
173
hsg и спермограмите ке бидат копија со печат од фондот, бидејки оригиналите ги поднесов првиот пат, така?
20.05.2014, 12:08
kapina
4327
l od transferot se racuna 6 meseci
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 20.5.2014 12:10:55 >
20.05.2014, 12:12
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: brm_brm
hsg и спермограмите ке бидат копија со печат од фондот, бидејки оригиналите ги поднесов првиот пат, така?
Zoya, со среќа. Brm_brm, да копија со печат, но чувај си ти кај тебе уште по една копија да си имаш.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
22.05.2014, 12:07
Hopeful RR
2349
Zoya, и од мене со среќа brm_brm, планираш постоечките спермограми да ги носиш? Да не треба нови, сепак ќе има поминато 6 месеци, или ова е тоа што пишува една година?
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
23.05.2014, 10:28
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina
Mojot pap test go zemav denes, spored mojot maticen imam odlicen rezultat se e ok, vo pon ke gi zemam rezultatite od brisevite samo ne od mikoiureoplazma oti nemaa reagensi ovde vo strumica mozev samo na privatno da gi napravam ovie brisevi, no neka e ke pocekam dokaj 5 juni ke imat reagensi. Dodeka i mm da naprave spermogram se plasam samo od nego kakov ke bide ne sme go ispitale 1,5 godina a bese mnogu los.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!