SOLE, АМХ се прави само ако има индикатори според хормонскиот статус (висок ФСХ, ЛХ или естрадиол на 3-ти ден од циклус) и годините на пациентката, инаку не треба, но сепак тоа матичниот гинеколог треба да ти го каже ако има некои поместувања во хормонскиот статус.
Еве една новина за сите што ќе аплицираат за ИВФ преку Фонд:
" ФЗОМ – Барањата за Ин витро по електронски пат
Фондот за здравствено осигурување на Македонија воведува нова електронска услуга која се однесува на осигурените лица кои сакаат да остварат право на Биомедицинско потпомогнато оплодување, односно ин-витро. Со оваа новина што ја воведува Фондот, од понеделник 20 април 2015 година, матичните гинеколози ќе можат да се логираат на порталот на Фондот и преку специјално дизајнирана алатка електронски да го пополнат и достават барањето за остварување на ова право за нивните осигуреници.
Новина исто така е што овој начин на поднесување на барање ќе им овозможи на матичните гинеколози и осигурените лица да имаат увид во статусот на нивниот предмет во секое време, преку порталот на Фондот, со што ќе влијаеме на поголема информираност на осигурените лица за нивното барање.
Матичниот гинеколог и осигуреникот ќе можат да имаат увид во статусот на обработката на барањето за ин витро (дали е примено во системот, статус на предметот, какво е решението на барањето и кога е донесено решението).
Барањето за ин витро, отсега ќе може во електронска форма да го достави само матичниот гинеколог, а за осигуреното лице да го оствари правото на ин витро, мора да има избрано матичен гинеколог. Да напоменеме дека останува обврската осигуреното лице, поради формата и спецификата на медицинската документација, истата да ја достави во оригинал во подрачната служба на Фондот.
Системот на Фондот, со оваа нова алатка ќе има точен увид во реално време, на поднесените барања за ин витро во сите 30 подрачни служби.
По добивање на позитивното решение од Фондот, осигуренито лице има право само да одбере во која здравствена установа со која Фондот има склучено договор за ин витро, ќе ја искористи здравствената услуга. Здравствените установи кои вршат БПО услуги а кои имаат склучено договор со Фондот во 2015 година се: Плодност од Битола, Систина, Ремедика, Ултрамедика, Моја болница (поранешна Свети Лазар), Др. Оргаџински, Клиника за гинекологија и акушерство, Гинеко медика од Битола и Инанна систем."
Целата информација може да ја прочитате ТУКА.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 17.4.2015 16:17:17 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!