за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
девојки јас документите за ивф ги поддадов тука во мојот град на 23.06.2015 е сега немам сеуште никаков одговор...имате ли поим кај да прашам што се случи со мојот ваучер????
Јави се во ФЗО на РМ и прашај ги за тоа до каде ти е предметот, мислам наскоро ќе добиеш одговор. Кога почнуваш со терапија?
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
14.07.2015, 17:16
весник
366
се јавив денеска и ми рекоа дека денес комисијата ќе се состанела па ќе имам деновиве одговор...а за почеток со терапија верувај ми поим немам...некако не ми се брза ...наредниве два месеци секако нема нисшто да почнувам...ќе ви пишам секако кога ќе почнам...
20.07.2015, 13:24
evoksi
36
Здраво на сите,
Сакам да дадам една информација за сите кои поднесуваат документи по втор (трет) пат.
Јас денес се јавив и ми рекоа дека документите ми се вратени заради тоа што ми фалело 2D и 4D ехо со детален опис (тоа го имав поднесено првиот пат и нема рок на траење, но ете пак го бараат) и исто така поднесов копија од пап тест правен во ноември бидејќи нели важи една година, а оригиналот е кај нив од првиот пат, но не го признале.
Не ми спомнаа ништо за венчаница или извод но ете, да си знаете, овие два документи морало нови
22.07.2015, 09:15
SOLE
514
zdravo devojki, jas vcera go dobiv vaucerot, podnesov na 02.07 a na 21.07 mi stasa na domasna adresa gledam na pecatot data 15.07 znaci togas go odobrile. A sto se odnesuva do exoto sega nemav dostaveno samo prviot pat 4D. Pozdrav do site pa naskoro I vam da vi stasa pozitivno!
22.07.2015, 09:54
Libra88
131
Ajde SOLE, sto pobrgu da go iskoristis i da se razbereme, da ti bide posleden!!!
22.07.2015, 15:18
LoveableMe RR
5035
SOLE, те чекаме на таа тема поактивно од септември
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
24.07.2015, 09:10
Pinky30
462
yeeeeee SOLEEEEEE so srekja za ubavo ovoj pat da bide od se srce ti posakuvam i da nemas vekje potreba od podnesuvanje dokumentacija za vaucer :)
24.07.2015, 17:14
SOLE
514
Daj Boze Pinky, ova neka bide posledno site da si nacekame
29.07.2015, 09:31
bibi ribi
71
Девојки здраво, дали некоја знае дали мора да има 3 неуспешни инсеминации за да одобрат ваучер за ИВФ од фондот? Прашувам конкретно за дијагноза непроодни канали, бидејки нема логика да се прават инсеминации со непроодни канали... Фала ви, позз
29.07.2015, 11:13
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: bibi ribi
Девојки здраво, дали некоја знае дали мора да има 3 неуспешни инсеминации за да одобрат ваучер за ИВФ од фондот?Прашувам конкретно за дијагноза непроодни канали, бидејки нема логика да се прават инсеминации со непроодни канали...Фала ви, позз
bibi ribi, во правилникот на ФЗО пишува дека право за ИВФ има, покрај другите наведени случаи, исто така и во случаи кога има "перзистентна обструкција на тубите, било проксимална или дистална и после реконструктувна хирургија на тубите."
Според она што го имаш претходно пишанo тебе еден ти е непрооден, така што не верувам дека ќе ти одобрат ИВФ без 4 инсеминации.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 29.7.2015 11:15:28 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
29.07.2015, 11:58
bibi ribi
71
Според докторот во Систина еден е непрооден, а другиот прооден. Но според други двајца доктори (едниот гинеколог, едниот ренгенолог) другиот е само делумно прооден односно е инсуфициентен (а плус и многу искривен надолу), што според нив е недоволно за да настане бременост приридно или со инсеминација,
29.07.2015, 13:57
kapina
4327
Napravi si laparoihisteroskopija i ke znaes najsigurno na sto si
29.07.2015, 23:00
bibi ribi
71
Da toa mi e vo plan. Me interesirase samo dokolku ima nekoj iskustvo so neproodni kanali sto pravel IVF preku fond, dali se preskoknuvaat inseminaciite...
30.07.2015, 10:15
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: bibi ribi
Според докторот во Систина еден е непрооден, а другиот прооден.Но според други двајца доктори (едниот гинеколог, едниот ренгенолог) другиот е само делумно прооден односно е инсуфициентен (а плус и многу искривен надолу), што според нив е недоволно за да настане бременост приридно или со инсеминација,
Доколку на наодот така ти пишува, тогаш обрати се во ФЗО и ќе видиш што ќе ти кажат, јас би ти препорачала да одиш кај Мајка Тереза и да се видиш со докторите што работат во Комисијата, тие најдобро ќе ти кажат, да не луташ ваму-таму и да не губиш време, ако веќе треба да почнеш веднаш со ИВФ.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
30.07.2015, 11:13
bibi ribi
71
LoveableMe, само што се враќам од фондот кај Мајка Тереза, и го читам ова што си ми го пишала. Им кажав дека ми требаат информации и дека имам прашања за ИВФ, ме прашаа дали е по прв пат, реков да, и ми кажаа дека треба да одам кај Црвен крст, таму ке ми кажеле се. Се изнервирав пошто знам дека ке ме препраќаат и ќе трчам ваму-таму
30.07.2015, 11:34
LoveableMe RR
5035
Бараше да се видиш со докторите за ИВФ? Зошто кај Црвен крст нема доктори, кој ќе ти даде совет за твојата ситуација? Да не мислеле бараш информации за формулари и што треба да поднесеш, што те препратиле во Црвен крст?
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
30.07.2015, 12:06
Libra88
131
ИЗВОРНА ПОРАКА: bibi ribi
LoveableMe, само што се враќам од фондот кај Мајка Тереза, и го читам ова што си ми го пишала. Им кажав дека ми требаат информации и дека имам прашања за ИВФ, ме прашаа дали е по прв пат, реков да, и ми кажаа дека треба да одам кај Црвен крст, таму ке ми кажеле се. Се изнервирав пошто знам дека ке ме препраќаат и ќе трчам ваму-таму
bibi ribi, a namesto da se shetash neli e podobro da si se javish na tel, i se ke ti objasnat shto ke si prashash... Jas vrtev na ovie broevi, mi dadoa info za toa shto me interesirashe.
Јас им кажав дека сакам да разговарам со некој дека имам некои нејасни прашања, и ми кажаа оди кај Црвен крст... можно е да не сме се разбрале. Сабајле вртев на првите 3 телефони неколку пати и никој не се јави, затоа и отидов таму. Ке бидам поупорна ке вртам пак, а ако не добијам никој ке одам пак и ке барам да се видам со доктор. Фала ви девојки
31.07.2015, 15:04
bibi ribi
71
Здраво, денес ги добив во фондот на третиот телефонски број Ми кажаа дека со мојата дијагноза - една туба непроодна, другата инсуфициентна со адхезии - не само што не се потребни инсеминации, туку и воопшто не се препорачливи. Дури ми предложија, пред да правам било што да направам операција за отстранување на тубите, бидејќи има ризик за вонматерична бременост (дури и со ИВФ). И сега сум така малку преплашена...
31.07.2015, 15:51
LoveableMe RR
5035
bibi ribi, си го доби одговорот, најдобро консултирај лекар специјалист Димитров - Ремедика, Трајковски - ГАК или некој друг и направи што треба и потоа спремајте документи за ИВФ.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
06.08.2015, 09:49
Biba818
43
Девојки ,здраво,можеби веќе има одговор на моево прашање ама јас не успеав да најдам,Ве молам за инфо Првиот ваучер за ивф ми е добиен на 05.03.2015 ,дали за втор ваучер мора да поминат 6 месеци па да се аплицира или веќе можам да поднесам документи
06.08.2015, 09:56
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: Biba818
Девојки, здраво, можеби веќе има одговор на моево прашање ама јас не успеав да најдам,Ве молам за инфо. Првиот ваучер за ивф ми е добиен на 05.03.2015 ,дали за втор ваучер мора да поминат 6 месеци па да се аплицира или веќе можам да поднесам документи
Biba818, за повторно да добиеш ваучер треба да изброиш 6 месеци од денот на ембрио трансферот при ИВФ, а не кога ти е добиен ваучерот. Каде правеше претходно и каде сакаш сега да правиш ИВФ?
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
06.08.2015, 12:15
Biba818
43
Ти благодарам LoveableMe за одговорот ,правев две ивф во систина кај др.Лазаревски ,сеуште размислувам каде овој пат ама мислам дека нема да менувам
Те прашував во лична порака за сугестии за доктори, имаме таква тема ? поздрав
06.08.2015, 12:56
LoveableMe RR
5035
Biba818, имаме тема Кој доктор за ИВФ, има разни искуства за докторите, на вас останува кого ќе изберете.
Пиши ни во темата Вештачко оплодување за што е проблемот кај вас со сопругот, ќе ви дадеме наше мислење, совет, искуство...., па може ќе помогнеме да го изберете правиот доктор
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!