cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО

  
clock-img

07.08.2015, 12:07

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Јас денес поднесов документи за ИВФ до ФЗО, па за неколку недели ќе чекам да ме известат за ваучер, па од есен ќе видиме што ќе правиме, дали прво на природен па потоа за некој месец ИВФ, или директно ИВФ ќе видиме зависи од консултациите што ќе ги направиме.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

07.08.2015, 12:36

clock-img

bibi ribi

pencil-img

71

Со среќа LoveableMe user posted image
Имате одлучено кај кој доктор?

clock-img

07.08.2015, 12:39

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

ИЗВОРНА ПОРАКА: bibi ribi

Со среќа LoveableMe user posted image Имате одлучено кај кој доктор?



Се мислиме меѓу Њуборнклиник (заради новите методи кои ги нема во РМ на друго место) и д-р Петановски, Ремeдика каде што бевме претходно. Ќе видиме...


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 7.8.2015 12:44:33 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

07.08.2015, 14:03

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Ајде со среќа, што поскоро да стигне ваучерот! user posted image


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

07.08.2015, 18:18

clock-img

bambina34

pencil-img

184


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Јас денес поднесов документи за ИВФ до ФЗО, па за неколку недели ќе чекам да ме известат за ваучер, па од есен ќе видиме што ќе правиме, дали прво на природен па потоа за некој месец ИВФ, или директно ИВФ ќе видиме зависи од консултациите што ќе ги направиме.



so sreka Loveableme

clock-img

08.08.2015, 10:59

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Loveable со среќа. Се ближи времето за славење.
За Newborn убаво провери ги зашто некако статистиките за успешност ми се прилично чудни. На едно место пријавуваат стапка од 90% успешност што е невозможно. Каде и да решиш имаш огромнна поддршка од мене.

clock-img

08.08.2015, 13:50

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Tocno li e ova za new born oti ako ne uspee invitroto ne ti naplakaat nisto samo ako uspee pred nekojden edna prijatelka mi go kaza toa i posle vidov i na nivnata strana ne prasuvam za mene jas imam pravo na uste eden vaucer ke go iskoristam samo uste imunoloskite treba da gi napravam inace ivf ke go pravam pak kaj dr lazarevski nekako ne mi se menuva doktorot ako dotogas ne se sluce nekoe cudo posto pijam veke aspirin b kompleks vit d folna kis od 5mg i metformin 500 ovaa terapija ne ja primav pred invitrata i plus bromergon i eutirox sto redovno gi pijam i pred invitrata loveableme srecno na 29 sept imam zakazano na endokrinologija togas ke odam i na imunologija

clock-img

09.08.2015, 17:32

clock-img

SOLE

pencil-img

514

LoveableMe, со срека user posted image ајде што побрзо позитивен одговор

clock-img

09.08.2015, 19:21

clock-img

Pinky30

pencil-img

462

LoveableMe

so SREKJAAAAA sto poskoro dobivanje na vaucerot i pocnuvanje so terapija i naskoro da se raduvame tuka site zaedno user posted image user posted image user posted image

clock-img

09.08.2015, 19:25

clock-img

Pinky30

pencil-img

462

Jas ke pustam dokumenti na 21 avgust pa se nadevam deka za 3 nedeli ke go dobijam i zdravje septemvri posle toj ciklus bidejki pijam kontraceptivi ovie 3 meseci i cim dobijam ciklus ke brojam 21 den no pred 21-ot den treba da zakazeme kaj Petanovski i da pocneme so terapijam zdravje tamu oktomvri ke bide...samo prvo vaucerot da go dobieme...Kazete mi treba li da podnesam otpusno pismo od prethodnoto ivf?

clock-img

14.08.2015, 10:37

clock-img

mimidjon

pencil-img

126

Девојки ве молам за помош од Фондот ме известија дека ми бараат дополнителни документи Да се достават потврди од подрачната служба и изјава за обиди .Така имаат напишано а што е ова кој да го разбере ???

clock-img

14.08.2015, 11:03

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

mimi, за жал, не знам за што се работи и најдобро да се јавиш и да прашаш. Телефоните ги има на сајтот, а и наназад во дискусиите овде. Се надевам не е нешто комплицирано и дека наскоро
ќе ти одобрат!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

14.08.2015, 11:32

clock-img

mimidjon

pencil-img

126

И се јавив но и таа докторката незнаеше што точно бараат user posted image

clock-img

14.08.2015, 11:39

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Ц ц ц... пробај на другите броеви, стварно не знам како може вака...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

14.08.2015, 11:46

clock-img

mimidjon

pencil-img

126

Таа Изјава што ја бараат сигурно е тој образец 4 (И-IIC) о тој мислам и го доставував а таа потврда се вадело од фондот за здравство кај црвен крст (и тоа не ми е јасно каде е)user posted image А зошто би ми барале потврда кога они се фонд за здравство заредм немат увид во систем дека јас немам користено досега ваучер за инвитро .Лелеее закон е државата наша.

clock-img

14.08.2015, 12:52

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Mimidjon, дaли ги дoстaви четирите oбрaзци нa Фзo зaеднo сo другaтa дoкументaцијa? Едниoт oд нив гинекoлoгoт ти гo пoтпишувa и гo пријaвувa електрoнски, a другите ти и сoпругoт. Види дa не зaлутaле тие oбрaзци, oди вo пoдрaчнaтa кaде ги пoднесе дa видиш штo стaнaлo? Пa пишиuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

14.08.2015, 13:18

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

mimidjon, тие канцеларии им се во центар. Го поминуваш Зелен пазар, на раскрсницата кон Дос/Кисела Вода вртиш лево (кон Олимписки базен) и одма првата уличка десно е Фзо. Не знам дали добро ти објаснив, инаку лесно се наоѓа.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

14.08.2015, 13:43

clock-img

mimidjon

pencil-img

126

Ке се снајдам здравје од понеделник или вторник ке одам со една пријателка од Скопје ке ме оправе user posted image Не сум сигурна за таа изјавата дали сум ја ставила докторката тогаш ги разгледа документите и ништо не ми рече дека фали.Фала ви многу ке ви пишам што ке направам другата недела.Убав викенд да си имате ситеее :*

clock-img

17.08.2015, 16:56

clock-img

mimidjon

pencil-img

126

Девојки ги дадов и тие два документи што ми ги бараа од фондот,прво бев кај црвен крст горе доле ,шалтер,канцеларија знаете како оди тоа па срека се погоди една од мајка родена и ме оправи.Не сум требала од тој фонд кај мајка тереза да ги поднесувам док.туку кај црвен крст во тој.Азошто тогаш ми ги примија док.таму незнам.Ако не примаат док.требало да ме вратат.Комисијата не беше таму за да се видам со некој од нив,сите биле на терен.Сега се мислам што ке биде со моите док.ке ги спојат ли ,ке го гледааат ли предметот ке видиме од утреке барам некој на телефон user posted image ке досадувам шо да праам од 26 ти почнувам со инекциите здравје треба да го имам ваучерот.

clock-img

17.08.2015, 21:45

clock-img

SOLE

pencil-img

514

mimidjon, ајде не се секирај сега ке се среди и наскоро ке го добиеш ваучерот.штом друго не фали добро е. Пофали ни се кога ке го земеш. А каде ке го правиш инвитрото, кај кој доктор, и прво ли ке ти биде?

clock-img

17.08.2015, 23:09

clock-img

mimidjon

pencil-img

126

Sole,oбaвезнo ке се пoфaлaм,првo ми е ,имaм 28 гoд,сo дијагнозa aзoспермијa,дoктoр Миткo Ивановски Систинa

clock-img

19.08.2015, 12:00

clock-img

evoksi

pencil-img

36

Еве и јас тука да се пожалам: Откако ми ги вратија документите во јули, ги доставив двата документи што им фалеле уште на 5 август и еве денес пак се јавив (одвај добив) ми рекоа дека уште не ми се разгледани, да се јавам околу 1ви.

Има ли некаде на друго место кај што може да се јавиме да се праша што е работава, какви се вашите искуства?

До денес го допивам микрогинонот, се надевав дека ќе имам веќе ваучер ама ништо user posted image

clock-img

19.08.2015, 14:24

clock-img

mimidjon

pencil-img

126

evoksi,за жал таква е ситуацијата .И јас сум во иста ситуација.Сејавив да прасам за дополнувањето дали го разгледале а дополнувањето како и погоре што имам пишувано беше изјавата никакви испитувања што би ми промениле нешто за терапијата .И јас исто пијам микрогинон и на 26 ти сум на преглед и ке му објаснам што и како е работата па ке видам што ке ми каже за понатаму.Јас незнаев дека комисијата прави групен одмор,никаде во ниедна иституција освен во произвотство нема вакво нешто .АЛООО Фонд за здравство групно на одмор па и јас работам во државна фирма и не трпи работата ако еден оди на одмор еден мора да остане да работи.Немам зборови ....Ти најдобро консултирај се со докторот и види он што ке ти каже.

clock-img

19.08.2015, 19:20

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Ama i vie ste mi cudni realno cekaj dobij si vaucer pa posle pocni so terapija sega jas i dvata pati ne pocnuvav so terapija pred da dobijam vaucer moze ke pobaraat uste nesto plus od fondot

clock-img

20.08.2015, 10:40

clock-img

evoksi

pencil-img

36

mimidjon, тебе ти рекоа дека се на групен одмор?
Мене не ми рекоа така, претходната недела ми рекоа не сте влезени во групата за на 18, ќе видиме за после 24, а вчера ми рекоа не сте влезени за во следната група, ќе видиме за на 1ви. Јас пробав да објаснам дека еднаш веќе се разгледувани документите, дека само се доставени двата документи што ги бараа (доставени се под исти архивски број од јуни), ама теткицава ми рече дека немало врска тоа, пак се разгледувале сите заедно.

А за документи што враќаат мислам дека баш е тоа секој со својата среќа. Јас втор пат поднесувам и ми ги вратија заради тоа што не ставив 4Д и ПАП тестот не ми беше оригинал. А напишав на него дека оригиналот е кај нив поднесен првиот пат.
После мене едно девојче напиша дека исто не поднела 4Д втор пат па и одобриле. Значи тоа за жал е како се расположени во моментот

Последни статии

article-img