cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО

  
clock-img

20.08.2015, 11:54

clock-img

mimidjon

pencil-img

126

Не баш со тие зборови дека се на групен одмор туку дека нема луге од комисијата поради годишните одмори и ке почнат со работа од 1 ви,ако сакаш пак јави се ти може нешто друго ке извлечеме.Јас навистина бев за глупост вратена но ете таква ми била среката или таков и бил денот.Можеби така требало да биде за понатаму добро да ни донесе user posted image а за микрогинонот мислам дека ке го испијам ова пакување ,ке почекаме да ни дојде и после циклус пак да почнеме ,но јас денес ке се слушнам со сестрата сепак она што ке каже тоа.Капина јас не ги почнав на своја рака апчињата туку сестрата ми кажа да ги пијам.

< Поракaта ја уредил mimidjon -- 20.8.2015 11:55:10 >

clock-img

21.08.2015, 18:54

clock-img

gina

pencil-img

1152

LoveableMe so sreka sto pobrzo da ti stigne vaucerot te cekame so novostiuser posted image

clock-img

24.08.2015, 08:37

clock-img

virgo

pencil-img

137

Zdravo devojki,
Ve molam za malku pomosh.
Odkoga matichniot elektronski ke go podnese baranjeto za BPO
SHTO POTOA?
Koga gi dostavuvate dokumentite?
Istiot den ili treba da gi chekam da mi se javat oni da mi kazat koga da imm gi dostavam dokumentite.
Poshto nemozam pochesto da ve sledam ve molam pishete mi vo poraka
Vi blagodaram!!!

_____________________________

Разочарувањето е само трновит пат до успехот и среќата!!!
Верувај во себе ТИ СИ ЕДИНСТВЕНА!!!

clock-img

07.09.2015, 09:50

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

"05.09.2015
Бесплатно ин витро и за трето и четврто дете

Во Владата веќе сме во длабоки анализи и мислам дека набргу ќе излеземе со нов предлог, а тоа е да им се помогне и на оние коишто сакаат да одат со ин витро на трето или четврто дете, најави денеска премиерот Никола Груевски.

- Како што знаете, досега беше дозволено поддршка на оние што сакаат второ и трето дете со ин витро. Сега Владата прави поддршка и за трето и четврто дете, се прават анализи да се ослободат од партиципација за сите, и за прво, второ, трето, четврто, таа партиципација изнесува 6.000 денари. Тоа е 20 отсто од вкупниот износ. На наредната владина седница треба да го дискутираме и да донесеме одлука по ова прашање. Но, мислам дека не постојат пречки. Досега инвестиравме околу 1,5 милион евра годишно за ин витро прво и второ дете, изјави Груевски орговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на Младо Нагоричане.

Тој смета дека, според разговорите што ги имал со ФЗОМ и со министерот за здравство, постојат услови Владата да донесе одлука да се прошири опфатот и за трето и за четврто дете со ин витро и сите да се ослободат од партиципација."

Извор: Утрински весник

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

07.09.2015, 10:54

clock-img

kapina

pencil-img

4327

A zosto da se dadat tie tri obidi kaj nekoj sto veke imaat deca treba da se dadat kaj nekoj sto se borat da odimat barem edno dete i sto se gi iskoristile tie tri obidi i ne se uspeale lesno e na tie sto veke imaat deca tesko e na nas sto nemame niedno sto vika edna koleska sto ima samo edno dete jas imam doma koj da mi vikne mamo

clock-img

07.09.2015, 16:51

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Moze ke bidam oftopik neka mi oprostat moderatorite ama ova e cista glupost za treto i za cetvrto dete realno jas imam pravo na uste eden obid no sto iako ovoj pat ne uspeam zalno e ova za nas do 6 obidi davat vo hrvatska vo slovenija e neogranicen o pravoto na ivf kaj takvite kako mene aj za vtoro dete e vo red i toa i da odimam edno mozda ke odam i na vtoro ama za treto i cetvrto ova e cista glupost

clock-img

07.09.2015, 17:20

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Мислам дека ова е супер иницијатива, затоа што некои едноставно сакаат да имаат повеќе деца и не е фер де се ограничат на две. Од друга страна, мислам дека бројот на ваучери по пар е се уште низок - три обиди се премалку, сите знаеме дека за успешно ивф треба повеќе од тоа. Така што, јас сум и за двете опции - и да се зголеми бројот на обиди, и да се одобрува за трето и четврто дете.

Од друга страна пак, доколку се стимулира трето и четврто дете, треба да се работи и на олеснувања на други нивоа - породилно отсуство, работно време, квалитет на градинки, но, тоа се други теми. Во секој случај, ми се допаѓа предлогот.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 7.9.2015 17:21:32 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

07.09.2015, 18:04

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Treba da se dozvole prvo poveke obidi na tie sto nemaat voopsto oti tri se malku barem uste eden obid a posle da se razmisluva i za tie za treto i za cetvrto dete jas sega moze pak ke bidam oftopik no imase slucaj kade sto poradi nevnimanie na lekarite lugeto gi iskoristija trite obidi i ne uspeaa ne navleguvam vo toa sto kako bese no sega se prinudeni da odat na privatno avznaeme kolkavi se nasite moznosti so ovie niski plati da odime na privatno ne e losa i taa ideja i za treto i za cetvrto dete no prioritet treba da imaat onie sto nemaat voopsto

clock-img

07.09.2015, 18:16

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

Мене воопшто не ми се допаѓа ова за трето и четврто дете, абе ајде, нас ќе не соголат додека стигнеме до ваучер а ќе се расфрлаат пари за нешто што не е воопшто неопходно. Срамота и греота е да бидат само 3 обиди за прво дете, многу парови среќата си ја добиле после 3 тото инвитро, а што е со оние што не се во можност финансиски да го сносат приватното инвитро , зар да останат без деца. Место парите да ги фрлаат за тоа треба да дадат минимум 5-6 бесплатни обиди за прво дете. Гледам и многу други го делат моево мислење. На фан страната на фб на премиерот Груевски има многу вакви коментари.

clock-img

07.09.2015, 18:59

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Сите го делиме истото мислење, дека за прво дете треба да има повеќе обиди, бидејќи три се секако малку. Сите плаќаме придонеси редовно и не треба да има ограничувања за тоа. Колку за споредба, некој што се лечи од дијабет, притисок или срце, нема до три обиди за успешна операција или каква било друга здравствена процедура, и зошто стерилитетот би се третирал поинаку?

Но дека треба да постои бесплатно ин витро и за трето дете, треба. Кога не се ограничува бројот на деца природно донесени на свет и семејства што немаат никакви услови имаат по 5-6 деца, зошто да се ограничува и ин витрото кај парови кои сакаат и можат, тоа се секако деца создадени од и гледани со љубов?

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 7.9.2015 19:01:21 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

08.09.2015, 22:18

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

Ja sum za da se zgolemi brojot na obidi, tri se mozebi malku, barem 5-6 da dozvolat...
A toa za 3 i 4 dete e ok, ama ne e isto za 1 dete i za 3 to dete.

Spored mene toa ne moze ni da se sporeduva... Mozebi i ne treba da e za site samo 3 obidi, site sme razlicni, na nekoj par ke mu bide dovolno edno IVF, na nekoj 5... Bi treblao malku da izlezat od ramkite i procedurite, ne sme site isti. Bi trebalo da se dozvolat poveke obidi za prvo dete...

clock-img

08.09.2015, 22:24

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

Jas gi spremiv dokumentite za vo FZO, mi fali samo uste toj so brisevite, neznam kaj mi e, ili sum go izgubila vadejki go nekade, ili sum go ostavila po greska nekade, bev vo Sistina - ne e tamu, bev kaj maticniot ne e ni kaj nego. KE odam vo cetvrotk po novi brisevi. Drugo se imame, spored listata.
Koga se podnesuvaat dokumenti se davaat samo originali? taka? a tie originali kaj niv ostanuvaat? ili gi vrakjaat posle?

clock-img

09.09.2015, 19:01

clock-img

SOLE

pencil-img

514

Se davaat originalite a tamu i ostanuvaat zatoa napravi si kopii ke ti gi baraat posle vo klinikata kaj sto ke pravite ivf a treba da si imas kipija i za tebe. Pozdrav i srekno

clock-img

11.09.2015, 10:22

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

"На владина седница поминаа измените за Ин витро оплодување за трето и четврто дете

На денешната седница на Владата на Република Македонија поминаа Предлог измените за Законот за здравствено осигурување, со што на брачните двојки ќе им се овозможи бесплатно Ин витро оплодување за трето и четврто дете.

- Со измените на Законот, се предвидува ослободување од партиципација од плаќање на шест илјади денари. Ова ќе важи за сите оние лица кои што ќе се обидат да добијат дете по пат на Ин-витро за прво, второ, трето и четврто дете до три обиди...., вели Стефановски.

Тој доадава дека со оваа мерка, брачните двојки веќе ќе го немаат финансискиот товар за добивање новороденче. Трошоците кои ќе ги имаат брачните двојки за целокупната постапка и за партиципација ќе бидат комплетно на товар на ФЗО, пренесува МИА."

Извор:zdravstvo24.mk

Значи нема веќе партиципација од 6000 денари, ИВФ ќе биде целосно бесплатно преку ФЗОuser posted image user posted image



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

15.09.2015, 15:40

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pinky30
I denes sestrata ni kaza deka imame samo trosoci od 6000 den.participacija na denot na transferot pa neli go ukinaa toa deka site sme oslobodeni?.......



ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
......За плаќање, сеуште се плаќа зошто законот ќе се изгласа следната недела и сега важи по старо, само ли ги, дали може пошто денот на трансфер ти е покасно, кога законот ќе биде изгласан, да те ослободат од плаќање?



ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko
......За плаќањето мислам дека сепак ќе мораш да си платиш. На ваучерот ти пишува датум кога си го добила и тебе те фаќа стариот закон што сега е на сила. Значи ваучерот и да го користиш по шест месеци пак за него важат законските правила на денот на изадвање не на денот на користење. Новиот уште не е ни излезен во Службен весник. Така што мислам дека секако ќе си платиш 6000 денари.



Сеуште правам консултации, но сметам бидејќи ваучерот се користи во рок од шест месеци, ослободувањето ќе важи на денот кога ваучерот ќе биде реализиран во некоја клиника. Што значи би требало да не се наплаќа. Дополнително ќе пишам пак на темата.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 15.9.2015 15:41:03 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

15.09.2015, 15:47

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Од ФЗО ме информираа дека сеуште немаат јасно одлучено како тоа ќе се применува и дека штом добијат насоки, истите ќе бидат објавени на сајтот на ФЗО и таму јасно ќе пишува кој и од кога ќе биде ослободен од плаќање. Па ќе пратиме и ќе пишеме.user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

17.09.2015, 21:15

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

Jas gi spremiv dokumentite za FZO i planiram utre da gi nosam. Kade tocno treba da se odnesat?

clock-img

18.09.2015, 08:16

clock-img

Bea

pencil-img

394

Nina, во ФЗО кај Црвен Крст. Кoга одиш од Центар, на раскрсницата на Југодрво лево, првото уличе десно и одма напочетокот од десна страна по едни скалички. Се надевам ти објаснив user posted image

clock-img

25.09.2015, 18:27

clock-img

luxDelux

pencil-img

2

Zdravo na Site !

Nova sum na Forumovov i imam edno prasanje do vas.Na 01.09.2015 gi podnesov Dokumentite za InVitro i seuste nemam nikakov odgovor? user posted image

Dali e toa normalno ili nesto ne e vo red so dokumentite?

< Поракaта ја уредил luxDelux -- 25.9.2015 18:30:15 >

clock-img

26.09.2015, 00:35

clock-img

kapina

pencil-img

4327

vo red e no mozes da se javis i da prasas sto e bidelo

clock-img

26.09.2015, 22:24

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

Нè вратија од фондот, да направам ново 2д и 4 д ехо. Малку ме изнервираа, бидејќи не пишува дека не трабда биде постаро од 6 месеци! Е моето беше постаро, и не можело...
Но немам сили и желба да се расправам.
Добив, па да ми помине ќе одам да направам ново. Дали некој знае колку се плаќа за ова? Не се сеќавам колку ми наплатиле минатиот пат

clock-img

28.09.2015, 14:02

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Nina, на приватно се плаќа, не знам колку беше 1500 ден мислам, а на ГАК е безпари ако сакаат да ти завршат работа.

луксДелукс, добредојде, дали се јави во ФЗО? Кај кој доктор ќе правите?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

28.09.2015, 14:18

clock-img

pepapa

pencil-img

238

Bidejki seuste sum so moeto prezime i dvete inseminacii mi se toa prezime, iako e rano za ivf me interesira dali bi mi pravele problem od fondot ako go smenam prezimeto, bi mi gi vazele li inseminaciite?

clock-img

28.09.2015, 14:27

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: pepapa

Bidejki seuste sum so moeto prezime i dvete inseminacii mi se toa prezime, iako e rano za ivf me interesira dali bi mi pravele problem od fondot ako go smenam prezimeto, bi mi gi vazele li inseminaciite?



Не, бидејќи бараат извод од книга на венчани - копија и оригинал на увид, така што другото не ги интересира.


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

29.09.2015, 23:14

clock-img

luxDelux

pencil-img

2

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
луксДелукс, добредојде, дали се јави во ФЗО? Кај кој доктор ќе правите?


Dobro ve najdov

Probavme da se javime ali od drugata strana nikoj ne ja krevase slusalkata :( Denes dobivme odgovor od Fondot kaj sti ni baraat da go napravime slednovo: hsg/lpsc so hromopertubacija.Dali na nekoja od vas i go imaat pobarano i kade se pravi? Da naglasam deka 4D Eho im go imame dostaveno!

Nie veke resivme, toa ke bide Dr. Slobodan Lazarevski od Sistina.
Pozdrav,

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 30.9.2015 9:20:52 >

Последни статии

article-img