за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
za nepolni dva meseca ke pravime 5 godini i site zabcinja ni se zdravi
pc ..zaboraiv deka sme juli za eden mesec 5 godini
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
20.09.2011, 11:36
Џесика
2036
Ноќеска око не склопивме! Две петки горе избиваат, го чешаат, го болат, си брца во ушињата, полудевме двајцата, цела ноќ плачеше, ни сака да јаде ни да пие, и пропратено со температура 38. Имате ли некаква препорака за некое средство, гел, капки, нешто домашно да го потсмири малку? Запчињата се избиени со врвовите, ама јунакот на мајка не издржува... Помагајте!!!
< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 20.9.2011 11:37:10 >
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
20.09.2011, 11:45
AnnaMolly RR
6409
Џес, нас не ни помагаа никакви гелови, креми и слично. Ми рекоа со бело вино да му ги мачкам непцата и тоа многу повеќе му помогна од кремите. Брцни со прстот во вино и масирај му ги непцата.
_____________________________
Live and let live
13.10.2011, 13:28
JovanaJ
911
Zabite na sin mi se rasipaa mnogu tolku mnogu sto na 3 godini veke imase rasipani 4ki i 5ki, ama mnogu rasipani! Uste na 2 god. koga vidov deka ima nesto malo crno na zapcinjata jas ne go odnesov na zabolekar oti mi vikaa site mal bil, mlecni bile zabite....neznam samo zosto jas gi poslusav! Koga epten mu se rasipaa go odnesovme na zabolekar na klinika, i eden doktor (ne bi go imenuvala) ne "otkaci" vednas. Mnogu bil mal, ne se popravale zabina tolku mali deca, ne sorabotuvale i sl. Si se vrativ doma, ama nekako me kopkase znaev deka ne e bas taka, osekav deka ne sum go pogodila vistinskiot zabolekar, si velev kako sega da go ostavam vaka so rasipani zabi....Se rasprasuvav i na kraj otidovme kaj Dr. Sarakinova Olivera (raboti i na klinika) koja sto ne primi i sum premnogu zadovolna od nea. Normalno rece deka sme trebale porano da go doneseme, se osekav malku loso kako da ne sum posvetuvala dovolno vnimanie na negovite zapcinja... Kako i da e mu gi plombirase site rasipani zabi. Odevme sekoja nedela po dva pati. Mu gi sredi epten dobro.Sin mi placese mnogu, se slucuvase eden zab da mu go poprava na tri pati dodeka stavi konecna plomba, za da ne mu dojde mnogu "busenje" ama bevme uporni izdrzavme. Golema greska sto ne go nosev od pomal na zabolekar. Lele ispadna mnogu dolg post, a sakav samo da poracam da se nosat decinjata na zabar i pomali.
11.12.2011, 13:28
penelopa
3419
Прв пат на забар бевме минатата недела има 13 месеци. Докторката само му ги виде запчињата и ни даде совети: редовно миење 2 пати на ден со детска четка и по малку детска паста, помалку сокови повеќе вода, чоколадца и останати слатки минимим, што побрзо одвикнување од цуцла и укинивање ноќно пиење млеко. Четка и паста купивме пробавме да четкаме додуша и предходно ги четкавме само со вода немаме проблем, чоколади не јаде бидејќи е алергично на јајца, цуцла бара само за заспивање е со пиењето млеко незнам како ќе оди пие барем еднаш во ноќта. Контрола следната година
< Поракaта ја уредил penelopa -- 11.12.2011 13:29:21 >
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
26.01.2012, 14:43
JovanaJ
911
Denes pred da trgneme vo gradinka i na rabota se pozali na bolka vo zab. I toa eden sto e veke plombiran. Sega treba da zakazuvam na zabar i koga odam poveke od nego me faka nervoza. Znam deka ke go boli, treba povtorno da se otvara...ama nemame drug izbor mora da izdrzime!
27.01.2012, 09:35
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa
Прв пат на забар бевме минатата недела има 13 месеци.
Баш тоа сакав да прашам..кога прв пат треба да одиме на забар? Се чудам дали ќе ми седи мирен таму кај забарката? И воопшто не дозволува да го чепкаш во устето. Четкањето на забите не ни оди баш најјглатко..повеќе сака да ја гризе четката . А имаме 7 запчиња, осмото е на пат
< Поракaта ја уредил vezilka -- 27.1.2012 9:37:02 >
27.01.2012, 10:07
AnnaMolly RR
6409
И јас сакам да го однесам на забар, ама не знам каде? Ајде хелп препорачајте некој добар забар што знае како со деца зашто не верувам дека мирно ќе си седи додека му чепкаат во уста.
_____________________________
Live and let live
27.01.2012, 10:13
dostickage
2181
Nova Dental Group vo Porta Vlae.Imaat website mozes da si vidis.Ako ti treba mozam da ti pratam pp. Eden od lekrite mi pravese operacija na zab, strasno teska i rizicna plus uste pokomplicirana so ogled na mojata osnovna bolest i moram da kazam deka sum pre pre prezadovolna.Strucni,ljubezni,kulturni ... se najdobor sto mozam da kazam.Iako mene operacijata mi ja pravea na klinika (finansiski aspekt neli) megjutoa na site pregledi i kontroli pred i potoa odev tamu.Vo edna prilika i sin mi bese so mene i go vidoa i nego.Prezadovolna sum od toa kako mu pristapija i go pregledaa. Nemam zborovi navistina. Rabotat 24 casa , urgenten stomatoloski centar se... ispadna reklama ama ne so spec namera.
Drugo mozam da preporacam edn doktor vo Karpos 4 , kade odam 15 godini i isto mozam da kazam deka sum prezadovolna.Sum videla mali decinja kako nosat no jas sin mi ne sum go odnela od pricina sto site potrebni soveti gi dobiv vo prethodnata prilika.
Ako treba kontakt vo PP.
24.03.2012, 19:02
mila mama
1616
Бевме на забар пред една недела, 17 месеци, ни рекоа супер ни се запчињата, Е. отвори уста без проблем. Цуцла јадема само за заспивање навечер и преку ден кога преспива, заби ни рекоа да миеме два пати на ден, до сега миевме само еднаш навечер. Цуцли ни рекоа може дури до 3 годишна возраст и дури и да испакнат малку запчињата, се враќале после во нормала. А ја па си мислев дека ќе останат криви цел живот Али ипак тоа за искривување е само во случај детето постојано да носи цуцле. Следна конторла ни рекоа за година и пол.
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
29.05.2012, 22:44
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
Мамички,јас инспиринана од моето патешествие минатата нок решив да ја отворам оваа тема..Моето дете јадејки 5 чунга лунга мастики,нокеска се разбуди со ужасна забоболка и огромен оток..Откако го минавме цело Скопје да најдеме дежурен збар ,стигнавме до поликлиника Јане Сандански ,завршивме со инјекција и сируп ..Отокот не се намали,стигна до окцето и изгледа многу страшно..Како Вие се справувате со забоболките на Вашите дечиња ? Дали сте се соочиле со некој посериозен проблем како овој мојов??? Кои мерки се превземаат кога ке се случи нешто вакво на детенце??? Ајде пишувајте совети,а доколку има веке ваква тема,пренасочете ја оваа..Во благодарам
ИЗВОРНА ПОРАКА: Sandric
Zabot mora da se otvori, i malku da se tretira so lekuvanje preku zab plus sirupceto sto vi go dale
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
29.05.2012, 22:53
Felly RR
7977
Миана, ние со слична мака синоќа. М се жалеше дека запчињата ја болат, дури и кога заспа, во сонот плачеше - запчето,запчето. Денес кога ја земав од градинка, воспитачката ми рече дека за ужинка имале некакво чоколатце, а таа не го јадела. М кога слушна ми рече - болеше запчето. Ја гледав, кај што ми покажува - ништо не се познава надворешно нА запчето, таа редовно се мие запчиња, ама таму кај што ми покажа - горе, послабо ги четка (не знае убаВо да ја заврти четката, и секогаш долните запчиња и се поизмиени од горнмите). Значи не се жали постојано, ама понекогаш, небитно дали на јадење или не.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
30.05.2012, 00:18
miana
6152
Eve pred dva casa kacivme i temperatura,otokot ne spaga a celoto mesto e mnogu zacrveneto od nadvr.Cel obraz do okoto....
30.05.2012, 08:49
big_mama817
1331
јас срдечно ви ја препорачувам д-р Наташа која има ординација на Водњанска ние Тарик го носиме таму прекрасна докторка многу знае со деца навистина ние за прв пат кај неа го однесовме на 3 годинки и уште едно запче ни остана за поправка ако сака некој контакт нека ми пише во пп поздрав
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
27.06.2012, 14:30
Felly RR
7977
Ние вчера бевме во домашна посета на забарот наш семеен. Пошто сме пријатели, бевме кај нив на гости, и тој така секогаш и ги гледа запчињата на Матеа - значи во домашна атмосфера - не во ординација, на столица. Ама ај рековме и ординацијата да се симниме, да ја види, малку да се опушти за друг пат. И ај да седне на столицата - не сакаше. И кога си тргнавме за дома, цело време повторуваше - не сакам да седнувам, ич, ич, неќам. Вие со тато имате болиња, вие да седните. ЈАс и реков - па таму не се седнува само за боле, јас некогаш одам за да ми ги измие запчињата, не дека ме болат. М - нема, нема, јас носам мојата четка, мојата паста, и таму кај нив мијам јас сама. Се изнасмеав.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
08.12.2012, 15:47
Martins mom
3342
Вчера М повремено се жалеше дека го боли запчето. Ноќеска око не склопивме, таман ќе заспиеше, се будеше со плачење и врескаше дека го боли забот. Си мислев дека му расти нов заб, ми зина и видов дека од веќе излезените запчиња нема кариес, чисти се и бели иако нередовно ги мие и забележав на долната вилица како да му излегува 6-ка?! петките му се излезени. Сабајлево и се јавив на матичната и ми рече дека не е возможно. Понеделник го носам на забар, а ако има болка, ми рекоа да му давам Ефералган?! Ептен сум уплашена како ќе одиме на заболекар, не дава воопшто да му буричкаш во уста, не верувам ни дека ќе го убедам да седне на столче, знам дека ќе плаче до бесвест. Никаква психолошка подготовка не игра улога кај моето тврдоглаво дете. И матичната ни е комшивка и си живееме многу, па секогаш плаче иако таа многу внимателно се однесува кон него?!
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
11.12.2012, 13:09
Calypso
1386
Препорака за детски стоматолози во Скопје - на Стоматолошката Клиника, на одделот за детска стоматологија. Јас ви ги препорачувам д-р. Мери Павлевска, д-р Елизабета Ѓорѓиева, д-р Христо Петановски и д-р Драгица Глигорова
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
11.12.2012, 13:23
Beatris
3116
Калипсо а како се доаѓа до нив, имаш ли инфо дали се закажува, како е процедурата. Ич не ми се шета по клиникине знам дека е хаос. Некој од приватниве што е добар за дечиња?
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
11.12.2012, 13:27
Calypso
1386
Пациентите можат да закажуваат прегледи и стоматолошки интервенции на тел: Администратор: информации по ПП Работно време: 07:30 – 19:30 часот
КОНТАКТ Клиника за детска и превентивна стоматологија Универзитетски стоматолошки клинички центар Водњанска 17, Скопје Контакт телефон: Администратор: информации по ПП
< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 11.12.2012 13:39:18 >
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
11.12.2012, 13:29
Sandric
508
So dolzna pocit kon doktorite, no ako ne otides so direkna preporaka tesko deka ke stignes do niv. Sega seuste se drzat vezbi na fakultet taka da mnogu e verojatno deka student ke go prifati deteto sto spored mene ao treba da se intervenira ne e bas dobra varijanta. Isto ne mi se dopaga sto cesto ima guzva i mnogu luge vo sala i toa za deteto moze da bide i voznemiruvacko.
11.12.2012, 13:32
Calypso
1386
Точно е за гужвата, ама никогаш немало проблеми од нивна страна за да примат пациент, барем јас немам такво искуство со нив. Како и да е, јас не знам приватни детски стоматолози низ Скопје. Ако некој знае, нека пише.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
12.12.2012, 14:42
acemace
26
Jas bi go preporacala dr Vlado stomatoloska ordinacija Estetik, se naoga vo trgovski centar Olimpiko . Mnogu dobar stomatolog, so deca raboti mnogu vnimatelno i poleka i decata go obozavaat, ova od iskustvo go kazuvam zasto kerka mi nitu ednas se nema rasplakano kaj nego. Pozdrav
12.12.2012, 20:56
Maca25
7558
Мене колешка ептен ми ја пофали стоматолошката клиника на Европски. Ептен било прилагодено за мали деца, со триста играчки и подароци за децата, преглед низ игра за деца што се плашат и плачат. Сега, малце соленко е, 1000 денари еден преглед.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
12.12.2012, 23:25
Beatris
3116
Za 1000 den ke i kupam igracki i ke mu gi dadam na bilo koj stomatolog da i gi dade, plus i doma ke si gi zemam posle Znaci ne se normalni
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
13.12.2012, 22:51
Felly RR
7977
Ние денес бевме на преглед. Се жалеше дека ја болат запчињата, ама се беше во ред. Заболекарот и е на М другар, многу си го сака, па немавме потреба ни од играчки, ни од друго нешто.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.