за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
T лично го познава нашиот семеен стоматолог, уште од бебе. Била неколку пати и со мене и татко и кога сме имале интервенции, и од мала е запознаена и со просторот на ординацијата. Отпрвин дома мене ми дозволуваше да ги прегледам запчињата, а негде на 3 години прв пат беше на превентивен систематски преглед кај стоматологот. Немаше реална причина за сомневање, но сепак што е сигурно - сигурно е - доктор да ги види. Фала Богу, досега нема никаков проблем со забите.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
28.10.2015, 12:31
marchi
948
Ние имаме 31 месец и не сме посетиле заболекар. Сметам дека е мал и не верувам дека ќе доседи а уште помалку дека ќе отвори уста. Но со наполнети 3 години веќе ќе можам да го носам на преглед. Гледам една моја другарка му дава и мастики да џвака на детето. Што мислите вие за тоа?
28.10.2015, 13:06
lukajana RR
1481
По правило треба да се носи детето на забар кога ке му никнат првите запчиња ама за мене е тоа невозможно,нема шанса Ј да отвори уста на забар и ке си чекаме да потпорасне. Марчи еве Тема за Бонбони и мастики ,не е лошо да ја размрдаме
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
28.10.2015, 17:29
marchi
948
Ќе се вклучам и таму, не е лошо да се размрда темата