Мамички, земал ли некој породилно за март? Јас сеуште не
Ни јас. Ако даваат како минатиот месец ќе земам после 20-ти
Никаков ред во исплатата на парите нема. Ако е како минатиот месец јас требаше да имам земено на 30 април. Од месец во месец парите ми стигнуваат со разлика од 15 дена. Е веќе да не можиш ништо да планираш.
ИЗВОРНА ПОРАКА: MamaOhrid
Мамички, земал ли некој породилно за март? Јас сеуште не
Да се корегирам, денес ми стигнаа парите за март.
Обезбедување на помош за опрема на новороденче
Правото за помош за опреме на новороденче се обезбедува за прво новородено дете како паричен надоместок и е еднократна помош на семејството. Правото го користи еден од родителите, државјанин на Р.Македонија со постојано место на живеење во државата за дете родено во Р.Македонија. Правото се остварува независно од материјалната состојба за секое првородено дете, независно од тоа дали детето е родено во брак или вон брак. Висината на помошта за опрема на новороденче се утврдува во зависност од просечниот месечен приход на семејството на подносителот на барањето за остварување право на помош за опрема на новороденче, за првородено дете остварен во претходните три месеца пред поднесувањето на барањето. Висината на помошта за опрема на новороденче во зависност од остварениот просечен месечен приход на семејството на подносителот на барањето за остварување право за опрема на новороденче изнесува:
- 25% од основицата, за подносител на барање за остварување на право, чиј просечен месечен приход на семејството изнесува над 50% до 150% од основицата;
15% повеќе од износот утврден во алинеја 1 од овој став, за подносител на барање чиј просечен месечен приход на семејството изнесува под 50% од основицата; 70% помалку од износот утврден во алинеја 1 од овој став, за подносител на барање чиј просечен месечен приход на семејството изнесува над 150% од основицата и 95% помалку од износот утврден во алинеја 1 од овој став, за подносител на барање чиј просечен месечен приход на семејството изнесува над 200% од основицата. Приходи врз основа на кои се утврдува висината на износот на помошта за опрема на новороденче, се сметаат приходите остварени по сите основи како приход на целото семејство од чл.21 од Законот за заштита на децата. По исклучок на ставот 1 од овој член како приходи на семејството не се сметаат: детски додаток, посебен додаток, паричен надоместок за телесно оштетување, паричен надоместок за трошоците за згрижено дете во дом-семејство, паричен надоместок за помош и нега од друго лице и помош во случај на елементарни непогоди. Рок за поднесување на барањето за помош за опрема на новороденче е 60 дена од денот на раѓањето на детето.