ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82
ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump
Сигурна сум затоа што на породилно сум од октомври, минатиот месец ми исплатија за октомври+ноември, а сега на 10,02 за декември.
Може ли само да ми кажеш дали за да ти исплатат октомври+ноември наеднаш фати врски или така исплаќаат?
Со многу врски и галама, јавување скоро секој петок кога наводно ги спремаат списоците за исплата, за да ми објаснат зошто сеуште немам решение, а документите беа експресно предадени на книговодителот (за 3 дена откако се породив се му беше предадено и извод и породилно и здравна книшка на бебето), висење пред шалтер, кавги, пцуење, закани за отказ на книговодителот од мојот шеф, закани дека ќе има реакции по медиумите .............. и што уште не. Тежок беше патот, но се исплатеше. Како да им бараш дел од нивната плата, а не твоите пари што ти следуваат и што си ги заработил со редовните плаќања на придонесите.
Затоа барајте си го своето право како знаете и умеете, зашто нашата држава, за никого не се интересира, владее страшна бирократија, незаинтересираност, нестручност на раководните особи,....да не почнувам сега пак, таман се смирив од нервозите.
Таа исплата беше таква а сега наредните си одат по редослед месечно.
Се надевам ќе ги добиеш парите што ти следуваат брзо.