cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Јадат ли вашите деца брза храна?

clock-img

11.03.2013, 20:27

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

"Грев" ни се помфрит од МекДоналдс и пржено јајце...,1-2 пати месечно

clock-img

11.03.2013, 21:05

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Син ми како мал беше толку пребирлив за јадење што брза храна (фала му на Бога) не доаѓаше во предвид. Првпат со редовно конзумирање брза (и нездрава) храна се сретна во школо, во целодневна. И затоа што претходно не јадел такви работи, не знаеше ни како се викаат. Па ми покажува во маркет виршли и вика „Мамо, како се викаат овие? Ни ги даваат на школо за јадење сабајле“ .user posted image . А претходно на родителска наставничката ни кажуваше дека храната во целодневна била разновидна, добра, прилагодена за возраста... Врска немаше, барем кај него на училиште. Сега е поголем, ама затоа ужинките им се виршла во лиснато, лиснато со некој крем, бурек... user posted image . Така што, за жал, конзумира скоро секој ден по нешто такво. Не сака да носи од дома сендвич (никој не носел, знаете какви се user posted image ), ако му давам пари купува глупости, на пр. чипс за појадок, зашто некое другарче купило чипс... Немам решение за ова, па се трудам затоа кога е дома да јаде овошје, цедени сокови, многу салата и сл. Иако и јас некогаш ја правам најлошата грешка, поткупувам со брза храна. Тоа е толку тешка и трајна грешка за навики во исхраната на децата што е страшно. Ама и јас ја направив (мајки кои допрва ќе се соочувате со ова- НЕ ГРЕШЕТЕ!). На тој начин децата брзата храна ја поистоветуваат со награда и уште повеќе дури и емотивно се поврзуваат со моментот на јадење брза храна (на пр. ако изедеш брокулата ќе може да јадеш виршла user posted image или чипс или што и да е). Сега веќе се трудам да не правам такви глупости, ама многу потешко се поправаат грешки отколку да се научи детето како што треба со време.

clock-img

11.03.2013, 21:14

clock-img

mila28

pencil-img

1052

Jas praktikuvam i gledam da se hrani zdravo, izbegavam cokoladi i gricki, uzinka e sekogas ovosje ili pak ovosen jogurt,obicen jogurt ili pak vo kraen slucaj ovesen keks, plazma, i 2 pati nedelno davam zivotinsko carstvo, sokovi voopsto ne mu davam..pocetokot koga nudev odbivase i ne nastojuvav da prifati, taka ad sega pie i gi saka prirodno cedenite sokcinja. Dokolku sme na gosti ili igroteka rodenden ne mu zabranuvam da zeme gricki ili blago..sepak mi e zal site okolu nego da jadat a on da gleda. Megdonals i voopstos endvicari nitu jas nitu soprugot jademe, taka de ne planiram ni sin mi da go navlekuvam an takva hrana..barem dodeka e mal i mzoam seuste da ja kontroliram, negovata ishrana i na toj nacin go nasocam i naucam pravilno ad se hrani i ponataka vo zivotot.

_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

clock-img

30.11.2014, 20:40

clock-img

caciana

pencil-img

863

Kolku sto mozam go kontroliram jadenjeto na brza hrana kaj moite vnuci...
No sepak tuka se nivnite roditeli koi sto retko ja ovozmozuvaat brzata hrana.

< Поракaта ја уредил caciana -- 30.11.2014 20:41:33 >

clock-img

30.11.2014, 20:41

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

Здравје боже, моите деца нема ни да бидат запознаени со поимот брза храна. Јас не ја конзумирам не па они.

clock-img

01.11.2015, 12:42

clock-img

marchi

pencil-img

948

После втората година стефан почна да јаде пици и тостови, јаде повремено и не забранувам. И бидејќи не е баш здрава храна затоа и повремено е дозволена за јадење

Последни статии

article-img