за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Кај нас во Тиквешијата адетот е старосват да биде вујкото на младоженецот, или ако нема вујко, некој друг роднина на свекрвата. Меѓутоа, на нашата свадба не беше така, од причина што јас се спротивставив, сметајќи дека не е фер и кумовите и старосватите и деверот да бидат од машката страна. Затоа, нас старосвати ни беа мојата најдобра другарка и нејзиниот тогашен вереник, сегашен сопруг. И двајцата ми беа школски другар во средно, а со другарка ми бевме цимерки 4 години на факс, и сме ептен блиски. Многу си ги сакаме и двајцата, контактираме постојано, иако тие живеат во Скопје. А на нашата свадба беа највесели од сите.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
14.06.2014, 22:16
iamamom
11
За ова за вујкото да биде старосват првпат сега слушнав. Инаку јас си се одлучив најдобрата другарка да ми биде старосватица, а на мм најдобриот другар кој и му е син на стариот кум кој го крстил мм. Дека и мм и јас имаме српско потекло тој дел од традицијата одлучивме да го земеме од српската традиција каде младоженецот си бира кум, а невестата кума (тоа што тука го викаат старосватица). Кога ќе биде свадбата ќе споделам како сме поминале
16.06.2014, 13:52
LoveableMe RR
5035
Moјата најдобра другарка од дете, заедно пораснавме и бидна старосватица со сопругот
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
16.06.2014, 16:04
Melanija RR
7052
Кој како бира старосватица или старосват е различно.Но во матично постојат двајца сведоци односно еден сведок одбира младоженецот еден невестата,а кој чин ќе го имаат и како ќе се нарекуваат за мене не е важно. Јас двапати бев старосватица и баш ми беше убаво чуството може некогаш ќе бидам и кума
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
16.06.2014, 16:13
deluxe
2479
Тоа во матично кај нас го нарекуваат Сведоци.Едниот е другар на зетот,другиот на невестата.Но тоа кај нас не се рачуна чин старосвати.Во мојот случај старосвати ни беа вујкото на мм.И не ми сметаше ама ич.Битно е да се одржи венчавката со сите чинови Сепак тие што ми се блиски и си ги сакам ми се блиски и без чинот
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
16.06.2014, 16:32
Hopeful RR
2349
Мојата старосватица ми е најдобрата другарка, и беше повеќе од јасно дека неа ќе ја викнам
Инаку, до сега двапати бев старосватица, а кума релативно Додека бевме дечко и девојка со сопругот, него го викнаа за кум, но зетот и невестата воопшто не ме третираа како кума, така што не го сфаќам тоа дека сум била кума Би сакала пак да бидам, но да не ми претставува тоа толку голем трошок како досега
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
17.06.2014, 09:41
sandriana RR
2924
Старосватицата си ја одбрав јас - другарката која остана со мене и во арно и во лошо, и која посредно е одговорна што го запознав мм - неможев да направам подобар избор . А јас сум старосватица пак на 2ра братучетка, со која исто многу се почитуваме.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
30.11.2014, 00:19
scared RR
1349
И мене старосватицата ми беше добра другарка, јас си ја избрав, ја прашам и таа се согласи
17.12.2015, 12:23
Sunshine88
73
Мене требаше да ми биде другарка од основно, и долго време мислев дека така ќе биде. Но, работите се сменија...Прво кога ме запроси, таа немаше време за мене, да ми честита, да ме праша што како се случило, да рече ајде да се видиме итн итн.. А од друга страна нејзиниот вереник што со никој не сака да се дружи...За нејзиното друштво зборам..И буквално ја откачив...Намерно и свесно па нека сум лоша. Уште предходно престанаа на родендени да ми доаѓаат, сама таа иде, тој на улица мајка ми здраво не знае да и каже...тој ќе ми бил старосват. ЈАс си избрав друг старосват кој со задоволство испочитува се....беше весел, горд...И секако се дружиме често.