cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Сипаници

  
clock-img

07.05.2013, 10:51

clock-img

masa

pencil-img

473

Неколку дена пред да ја извадиме сипаницата на ќерката и се појавија брунчиња,па се повлекоа.Кога ја однесов на лекар ни рекоа алергија и ни дадоа лоратадин,но по ден два почнаа да излегуваат оние брунчиња од сипаницата и повторно ја однесов на лекар и баш прашав дане направивме беља со лоратадинот,но докторката рече не се секирајте лоратадин може да пие дури и го даваме на дечиња што многу се исфрлаат од сипаница и многу ги чеша.Ова мојата матична ми го рече па сега незнам,ако ептен неможете да издржите дади и лоратадин.А нас ни помогна и гледање на цртани има том и џери кога имаат сипаници,а има и пингу исто со сипанци и некако и беше интересно дека и она има сипаница,а за мачкањето сите се противат,ама за нивно добро е.Издржете за ден два ќе престанат да излегуваат,првите сигурно веќе почнале да се сушат.Само побрзо да ви мине.

clock-img

29.06.2013, 17:20

clock-img

fantasy

pencil-img

2

Немам прележано сипаници. Другарка ми ја има фатено и скоро 2 ипол/3 недели има поминато од кога и се излезени, па случајно дојдовме до контакт и не бев информирана дека имала сипаници. Сакам да прашам дали после 2ипол/3 недели од кога и се излезени сипаниците постои можност да се заразам зошто досега ги немам прележано. Ви благодарам однапред :)

clock-img

29.06.2013, 19:39

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Фантаси зависи најпрво од имунитетот твој.Не е закон дека ако не си прележала сипаници сега ќе добиеш.Тоа е индивидуално.Еве конкретно јас ,лани кога бев бремена буквално околу мене сите деца беа со сипаници(работев на такво место)и нема каде да бегаш,но ете не се случи да фатам сипаници.И ќерката што најмногу се плашев од училиште да не ми донеси сипаници ,и таа не доби,иако е мала и нема прележано,сепак ги прескокнавме ланските епидемии од сипаници.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

29.06.2013, 21:43

clock-img

fantasy

pencil-img

2

Благодарам за мислењето. Се надевам дека имунитетот ми е доволно добар за да не подлегнам на нив, но ме интересира дали после 2ипол до 3 недели откако ќе излезат се заразни зошто некои ми велат дека се заразни од за време на инкубација до 5-6 дена откако ќе излезат, додека други ми викаат дека сипаниците се заразни до 2-3 недели откако ќе излезат.

clock-img

29.06.2013, 23:07

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Периодот на инкубација е две недели, мислам досега кога не си префатила нема да фатиш

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

01.07.2013, 09:11

clock-img

mnm1986

pencil-img

101

Nie na 6 meseca prelezavme sipanici. Se izmaci deteto, 3 dena imase temperatura i bese nervozno. Edna nedela ne bese spal kako sto treba, malo e i ne znaese kade da se pocese i celo vreme se vrtese de levo de desno.No ete mu pomina .

clock-img

16.07.2013, 18:06

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Син ми во петокот вечерта крена температура, во саботата имаше максимум 37 до попладнето, а од тогаш до денес нема температура. Вчера почна многу главата да ја чеша и свекрва ми запна сипаници па сипаници ќе вадел. Инаку ништо нема во главата ни брунче ни бутур. Е сега кога дојдов од работа на обравчето има три точки како каснато од комарец и се жали дека го чеша грбот, а нема ништо на грбот.
Прашањето ми е дали вака ви изгледа како сипаници (за тие што сте поминале низ ова) и now what? За колку време избиваат? Јас знам дека треба да има температура додека трае избивањето, а тој трет ден е без температура.

_____________________________

Live and let live

clock-img

17.07.2013, 02:31

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Не мора да крени Т, а ако се сипаници до утре би требало да се појават повеќе. Ако се сипаници земиси пудра и ќе се мачкате и тоа е. Стави го во потопло ако можеш за побрзо да излезат. Е сега лошо е што е лето, а ваму па и не е толку жешко, инаку тие на жешко најбрзо избиваат

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

17.07.2013, 08:52

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911

Anna Molly ako se sipanici denes bi trebalo da se pocnat da se javuvaat poveke. A za T, nemora da ima, ama koga izbivaat obicno se kacuvam barem do 37.
Ne treba poseben tretman ako e dobar, samo ke gi mackate so pudra.
Ajde pisi denes dali ke se pojavat poveke, i kako izgledaat.

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

18.07.2013, 00:24

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Ана Моли што направивте? Како е Филип/ Има сипаници или лажна тревога?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

21.10.2013, 18:45

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Женски јас сум избезумена од грижа.Сношти едно од децата што ни беа на гости денес се исипало.Цело време се гушкаа со Мартин и мене ми е ептен страв дека ако се исфрли М за 2 недели можно е јас да се породам тогаш и што ќе биде со бебето?

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

21.10.2013, 19:01

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Женски јас сум избезумена од грижа.Сношти едно од децата што ни беа на гости денес се исипало.Цело време се гушкаа со Мартин и мене ми е ептен страв дека ако се исфрли М за 2 недели можно е јас да се породам тогаш и што ќе биде со бебето?





martins mom без грижи,најпрво битен фактор во твојата ситуација е дали ТИ ги имаш поминато сипаниците како мала?доколку е Да без грижи.јас бев во иста ситуација како тебе,кога бев бремена,бев постојано во контакт со деца со сипаници,бидејќи работата ми беше таква немаше што да направам за да се заштитамuser posted image Но јас ги имав поминато сипаниците како мала,не предизвикаа никаква реакција кај мене се си помина во најдобар ред.Друго доколку синот е инфициран,доколку се случи недај боже да се породиш до тогаш ,ќе мора ти и бебето да бидете настрана ,или него испрати го на гости кај баба дури да помине.Важно без грижи моментално нема никаква опасност за бебетоuser posted image

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 21.10.2013 19:03:05 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

21.10.2013, 20:16

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Јас имам прележано, ама нема кај да го оставам малиот, единствено кај свекорите долу, ама тешко дека ќе доседи со нив и кај нив, едноставно не е научен. Се молам само да не префати, стварно ептен е лош тајмингот. Дали има шанси некако да дознаам дали е инфициран пред да се нафрли?

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

21.10.2013, 20:44

clock-img

deluxe

pencil-img

2479


ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Јас имам прележано, ама нема кај да го оставам малиот, единствено кај свекорите долу, ама тешко дека ќе доседи со нив и кај нив, едноставно не е научен. Се молам само да не префати, стварно ептен е лош тајмингот. Дали има шанси некако да дознаам дали е инфициран пред да се нафрли?




не знам што би можело да покаже дали е инфициран...user posted image прашај си педијатар дали крвната слика може да покаже,единствено преку тоа ако е возможно.Консултирај си се со педијатаротuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

22.10.2013, 04:11

clock-img

masa

pencil-img

473

Krvnata slika nemoze da pokaze,a periodot na inkubacija e od 2-3 nedeli,taka da duri togas ke znaes.Ima golemi sansi zosto sipanicite se zarazni za vreme na inkubacija i prvite denovi dodeka izleguvaat bruncinjata,no i nemora da znaci.Jas lani ovoj period ja nosev kerkata kaj deca so sipanici za da fati bas za da ne se najdam vo vakva situacija zosto planiravme vtoro dete,no togas ne prefati tuku duri posle dva meseca koga skoro cela grupa vo gradinka preleza.Ako mu e dobar imunitetot vo momentot moze da ne se zarazi.Dobro e sto ti imas prelezano zosto novorodencinjata se ragaat so imunitet od majkata i osobeno ako dois se zastiteni odreden period.Sepak konsultiraj se so pedijatar

clock-img

22.10.2013, 09:01

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Martins mom, штом ти имаш прележано, мислам дека не е токлу загрижувачки. Како што пиша маса, бебињата имаат имунитет од мајката, и во првите три месеци се заштитени. НИе М кога беше баш три месеци ја однесовме на гости кај едни блиски без да знаеме дека детето има сипаници, ама ете таа не префати.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

22.10.2013, 22:00

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Денес зборував со докторката и ми рече ако во следните 20 дена не се исипи,нема гајле.Е сеа финтата е јас да не се породам во следниов месец,ама ајде де, во недела влегувам во деветти.Др. ми рече дека и новороденчињата можат да фатат варичела, не се поштедени и покрај антителата од мајката.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

23.10.2013, 13:53

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

А ја праша дали ако бебето префати е штетно? Јас мислам ете во краен случај ако го префати бебето ќе си ги прележи и тоа и за понатаму нема да има проблем. Е сега знам дека е сигурно тешко, најверојатно ќе го чешаат и ќе го нервираат, ама сега тоа е. Можеби нема па да префати М, а може и ти нема да се породиш во тие денови додека трае инкубацијата, или може уште ќе бидете на болница тогаш.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

23.10.2013, 14:09

clock-img

miana

pencil-img

6152

Јас сум слушнала дека не е убаво кога си бремена,да има некој околу тебе сипаници,без разлика дали си ги прележала или не. Знам особа што во рана бременост абортираше од страв да не му биде нешто на бебето дека поголемкото дете фати сипаници..Знам и дека постоеле испитувања да се види дали е се во ред,ама не ризикувале.Ти си во доцна бременост мислам дека не е страшно. Не се секирај,распрашај гинеколог,најдобро знае..Ти посакувам срека

clock-img

06.11.2013, 11:54

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Леле префркнав од синоќ до сега. Вчера попладнето приметивме дека Никола е осипан. Кога ме фати една паника, заради мојата состојба (инаку сега сум 12 недела) се смалив од грижи. Цела ноќ си замислував дека е рубеола. Го спотедував со слики од нет што најдов и до сабајле скроз се убедив дека е тоа. Бевме на лекар и ни кажа дека се варичела, и доброто е што јас само тоа има прележано. Педијатеров рече нема опасност по мене. Гинекологот сеуште го немам прашано, го чекам да стигне на работа. За Никола ми реле една недел изолација и само со пудра да го мачкам. Нема температура, и не се чепа нешто многу, сега за сега.

clock-img

06.11.2013, 13:57

clock-img

miana

pencil-img

6152


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Леле префркнав од синоќ до сега. Вчера попладнето приметивме дека Никола е осипан. Кога ме фати една паника, заради мојата состојба (инаку сега сум 12 недела) се смалив од грижи. Цела ноќ си замислував дека е рубеола. Го спотедував со слики од нет што најдов и до сабајле скроз се убедив дека е тоа. Бевме на лекар и ни кажа дека се варичела, и доброто е што јас само тоа има прележано. Педијатеров рече нема опасност по мене. Гинекологот сеуште го немам прашано, го чекам да стигне на работа. За Никола ми реле една недел изолација и само со пудра да го мачкам. Нема температура, и не се чепа нешто многу, сега за сега.


Везилке,јас мислам подхитно да го прашаш гинекологот. Се надевам дека ке помине се најдобро. Среќа и за Никола што така лесно ги извадил сипанициве. Дај да дојдам кај вас со децава да ги префатиме user posted image
Прашај го гинекологот што ке ти каже па пиши тика да не те мислиме user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

06.11.2013, 15:06

clock-img

topce

pencil-img

523

ако мајката има прележано сипаници има траен имунитет и не може да ги пренесе на бебето кое го носи така да нема место за паника.

clock-img

06.11.2013, 16:22

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ете така ми кажа и докторот, штом имаш прележано, имаш антитела за до крајот на животот и нема опасност по плодот.

clock-img

07.11.2013, 10:30

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Имавме тешка ноќ синоќа. Немаше висока температура, 37,4, но почна да го чеша, и заради тоа не можеше да спие. Кенкаше и не знаеше што сака. Едвај заспавме во мугрите. И друг проблем ни е што не дава да се мачкаме со пудрата. Се молиме, се подмитуваме, и така набрзински, дури стои го прошлакувам. На лицето воопшто не ми дава да го намачкам. Дали знаете, колку пати во денот е препорачливо да се мачкаме со пудрата? И дали знаете дали треба некое посебно менида воведеме? Нам докторот не ни спомена такво нешто, но си викам да не треба?

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 7.11.2013 11:05:42 >

clock-img

09.11.2013, 22:16

clock-img

Bilence2

pencil-img

727

Moze da mackas bilo koga ke procenis deka treba. Poentara e da se isushat a toa go pravi pudrata. Stom vidis deka pocnuvaat da se vlaznat moze pak da namackas.
Dobro e da go zatopluvas do ispotuvanje za pobrzo da gi isfrli. Inaku jas koga bev 8 mi mesec vnuk mi imase sipanici i dr mi preporaca bez razlika dali imam prelezano ili ne dokolku ima moznost da nemam kontakt so nego da go izbegnuvam. Teoretski ako majkata prelezala zastiteno e bebeto, no ne moze da garantira bidejki prasanje e dali e istata sipanica pa da ne rizikuvame. Se nadevam deka brzo i bezbedno ke gi nadminete.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

Последни статии

article-img