за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Добри сме веќе, почнаа да се сушат, нови не излегуваат веќе, живна детево се врати во форма. Се надевам за некој ден ќе бидеме како нови.
10.11.2013, 21:41
sandriana RR
2924
Јас изумив да се пријавам на темава - трет ден Варичела. Ама имам недоумица - до сега температура не дигна, и осипот е само на лице, врат и во косата. По телото вкупно 10тина бубулички. Проблем за мачкање немаме, и некако ситни ми личат бубулчињата - баш чудна ми е сипаницава
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
10.11.2013, 23:00
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Јас изумив да се пријавам на темава - трет ден Варичела. Ама имам недоумица - до сега температура не дигна, и осипот е само на лице, врат и во косата. По телото вкупно 10тина бубулички. Проблем за мачкање немаме, и некако ситни ми личат бубулчињата - баш чудна ми е сипаницава
Па и М не крена Т кога ланска година имаше сипаници, а бројот на брунчина не е определен, може и со помалку да помине не е чудно тоа. Супер што не се буни за мачкање, за другото немајте гајле подобро помали да ги прележат Инаку Везилка и јас на почеток на бременост кога бев М доби сипаници, а и мм немаше прележано и тој тогаш ги прележа и мене ми беше страв за бебето, ама нема гајле мојот имунитет го штити, среќа што јас ги имав прележано
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
13.11.2013, 16:03
lauraa
1
Ve molam za eden sovet.Nekolku dena imame visoka temp skoro 39 i eve denes se isfrlivme no temperaturava prodolzi .Bruncinjata mnogu go cesaat i istovremeno bolat.Dali postoi dr lek osven pudrata...Odnapred Vi blagodaram
13.11.2013, 19:53
sandriana RR
2924
Освен мачкање со течна пудра, може да се полева детето со раствор од хиперманган во прав, а брунчињата во глава да се мачкаат со раствор на еозин. Пред да превземете било што друго, сепак консултирајте педијатар или фармацевт.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
16.11.2013, 11:04
lukas
2148
nemam prelezano nikakva sipanica,a sum 3 ti mesec trudna,a pola moja familija fati sipanica.. koj e rizikot na plodot ako fatam i jas..?mnogu mi e strav
_____________________________
Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.
16.11.2013, 11:43
sandriana RR
2924
Лукас, ако е Варичела (овча сипаница) и не е толку многу опасна, Рубеолата е со поголем ризик. Појди си на гинеколог за совет, и обиди се да се изолираш од оние кои знаеш дека имаат или се сомневаш дека може да ја имаат. Да се надеваме дека ќе мине се во најдобар ред.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 16.11.2013 12:14:28 >
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
24.11.2013, 14:39
miana
6152
Здраво мамички... Еве сме и ние трет ден со сипаници - варичела. Температура нема воопшто ( фалаа му на бога ) На телото има 20 тина брунчиња. Ја туширам со млака вода со калиум перманганат, и ја премачкувам со течна пудра со анестезин. Она е 13 то отсутно дете во нејзиното одделение. Сега секој ден чекам и малото да се исфрли. Инаку имаме една мака..Доле на вагината исто има неколку сипаници и многу ја чешаат. Како тие да ги третираме? Смеам ли да ги мачкам со нешто?
24.11.2013, 15:08
vezilka RR
4931
Стварно не знам миана. Ние имавме на курето, одозгора на кожичката и јас го мачкав. Исто и на газето го мачкав.
24.11.2013, 16:33
sandriana RR
2924
Инаку имаме една мака..Доле на вагината исто има неколку сипаници и многу ја чешаат. Како тие да ги третираме? Смеам ли да ги мачкам со нешто?
Може да се мачкаат со течна пудра, без проблем - и Тина имаше таму, секако ги мачкавме.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
24.11.2013, 18:42
miana
6152
Da,ama nekako vnatresno i se sipanicive pa neznam dali smeam da ja namackam. Imam od onaa tecna pudra so anestezin. Ima i nadvoresno,no ima i vnatresno
25.11.2013, 13:56
miana
6152
Мамички ние еве трет ден со сипаниците ( петокот не го бројам ) Вчера вечер почна да качува Т. Не е многу висока. Сега веке е убаво исипана насекаде. Дундето го плакниме со чај од камилица и го мачкаме со пудрата.Докторката ни рече ако продолжи да ја чеша многу,да и дадам една доза Лоратадин. Инаку денес ми се жали дека грлото ја боли,па ме интеесираше дали е можно да има некаква поврзаност со сипанициве или не?
25.11.2013, 14:07
vezilka RR
4931
Миана, малаксаност, главоболка и општо сите класични симптоми на настинка ги има сопругот мој кој фати Варичела после Никола. Колку што читавме ние ова се нормални симптоми кај возрасни со сипанициве. А за деца, не знам, ама знам дека во овој период паѓа имунитетот на детето, па не е исклучено да фати и некое вирусче.
26.11.2013, 20:32
miana
6152
Женички,да ве прашам после колку време откако ке излезат сипаниците смее детево да се бања? После колку време,ке можам убаво да си ја избањам?
28.11.2013, 13:42
miana
6152
Јас замарам со сипанициве ама што да правам... Керками веке нема Т, 6 ден откако избија сипаниците. Синока на спиење имаше треска,а немаше Т и ја болеше стомачето..Има ли врска ова со сипанициве? После колку дена откако и избија сипаниците да очекувам на другово дете да избијат?
29.11.2013, 09:18
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
Женички,да ве прашам после колку време откако ке излезат сипаниците смее детево да се бања? После колку време,ке можам убаво да си ја избањам?
Бањање откако ќе се засушат, и тоа само со туш со слаб млаз, проточна вода, не да седи во када. Треската и стомачето може да се вирусни, ослабен и е имунитетот сега. А кај малото, може после 14 дена откако ги исфрлила сестра и, да се јават.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
29.11.2013, 09:25
miana
6152
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
Женички,да ве прашам после колку време откако ке излезат сипаниците смее детево да се бања? После колку време,ке можам убаво да си ја избањам?
Бањање откако ќе се засушат, и тоа само со туш со слаб млаз, проточна вода, не да седи во када. Треската и стомачето може да се вирусни, ослабен и е имунитетот сега. А кај малото, може после 14 дена откако ги исфрлила сестра и, да се јават.
Pak jas Ke me proglasite i ovaa godina za najtupac Do koga treb ada i gi mackam so tecna pudra sipanicive? Fala Sandriana za odgovorot
29.11.2013, 09:34
sandriana RR
2924
Се додека ја чешаат, или дур не почнат да паѓаат струпчињата (крастичките). Кај нас траеше само 5-6 дена тоа. Зависи колку била исипана.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
04.12.2013, 09:56
Мафин
8
Внука ми имаше само 5-6 бубуљички и и помина пред околу 3 недели. Син ми е веќе 5 ден исфрлен- огромни ранички има. Ама веќе се сушат, се надевам нема да излезат нови. До кога треба да ги мачкаме, пошто матичната рече после две недели на контрола? Поздрав
04.12.2013, 14:55
vezilka RR
4931
Се мачкаат се додека чешаат.
08.12.2013, 11:55
miana
6152
Здраво ммаички...Пишав во темата кај докторката да јапрашам но еве можеби ке знае и некоја од вас на ми одговори.. Денес помалото дете ми се исфрли а за 10 тина дена и е роденден и наша кукна слава..Ме интересира дали после 10 дена откако ги исфрлила сипаниците, се заразни? Треба да ни дојдат две трудници меѓу гостите ( од кои едната ги нема прележано ) и дечиња. Дали ке бидат заразни и преносливи после 10 дена откако ке ги изфрли керками? Поздрав до сите
08.12.2013, 15:34
Mihaela 2010
4230
ah miana kako be sega pred rodenden.tuuuu ajde belki ke i potpominat za denta pa ubavo ke si pominete..od edna strana dobro bar i dvete gi prelezaa
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
08.12.2013, 18:01
sandriana RR
2924
Миана, не се заразни тогаш кога ќе почнат да се сушат...И се е индивидуално....на Т и се исушија за 5-6 дена...зависи колку го имала вирусот во себе.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
08.12.2013, 19:38
vezilka RR
4931
И кај нас за една недела поминаа. Богами сипанициве испаднаа опасни за возрасните а не за децата. Мажле помина пллошо. А сега разбрав дека комшијата, кој фатил од внуката завршил и в болница. Така да
10.12.2013, 15:25
miana
6152
Lele zeni znam deka sum dosanda na temava,ama sto da pravam Malovo dete premnogu se isipa, ne znam dali e normalno ova... Od vreme na vreme i groznica ja faka... Se nervira,ne dava da se mackame, se vratija onie napadi na bes ( tantrumi ) pekolno se cuvstvuvame .. Normalen li e vakov osip? ocite duri i se podzatvorija i na kapacite ima sipanici,ustata i e polna Eve slika od prilika da vidite za sto zboram