за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Софија се буди ноќе ама за цице, и се почесто го прави тоа по 2-3 пати , тргнува само неколку пати и продолжува да спие, незнам како да ја одвикнам
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
18.09.2011, 12:28
Annet
2404
Iva se budi ednas vo nokta i toa okolu 3,bez razlika vo kolku pred toa jadela.se mislam dali da i davam poveke kaj 11 -12 pred polnok za da spie poveke?????? mnogu mi e tesko se razbuduva vo 6 nautro i tolku e do vecerta,samo dreme ne spie salam.mislam ako ja zgolemam dozata dali ke spie,,dali ke se razbuduva?
< Поракaта ја уредил Annet -- 18.9.2011 12:33:11 >
18.09.2011, 12:40
kikicka
4218
jas leona ednas taka ja najadiv i posle stana i se ispovratiiiii nemoze da spie od sto beshe prejadena,,annet kolkavo e tvoete bebece?
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
18.09.2011, 13:10
Annet
2404
mesec i 4 dena
18.09.2011, 13:38
AnnaMolly RR
6409
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka
Anna MOlly ajd i jas ke probam kako tebe daja odviknam veke godinka ke pravi uste sme na AD sega preminuvam na 3 ,sakam kravjo da i davam ama nezz za vo termos kolku ke stoi mlako da bide ,me strav da ne se rasipe. nekogas znae ednas da se napie mleko ,nekogas 3 pati koga kako.kolku dena traeshe odviknuvanjeto?
Па, едно десетина дена максимум. Ама не го поминавме со плачење. Само се будеше и си седи буден си гугаше, си играше со рачињата, со ноџињата... Јас штом го видев буден му тупнував шише млеко за да продолжи да спие. Па си викам штом не плаче, сигурно не е гладен. И нагло престанав да му давам. После ќе се разбуди, јас ќе го понишкам 10 минути и спие. Не ти препорачувам кравјото млеко во термос да го чуваш. Јас додека траеше одвикнувањето му имав спремно зовриена вода за адаптирано, ако случајно ептен ми се расплачеше. Ама ниеднаш не ми притреба да му направам. Пробај залажувај ја со чајче или вода. Мене сега Филип ми се буди навечер и вика Тити! (шише) и мене ми е спремно шише со вода до кревет, ќе му го дадам, а тој само го држи, го гушка и заспива пак.
_____________________________
Live and let live
18.09.2011, 13:41
AnnaMolly RR
6409
ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet
Iva se budi ednas vo nokta i toa okolu 3,bez razlika vo kolku pred toa jadela.se mislam dali da i davam poveke kaj 11 -12 pred polnok za da spie poveke?????? mnogu mi e tesko se razbuduva vo 6 nautro i tolku e do vecerta,samo dreme ne spie salam.mislam ako ja zgolemam dozata dali ke spie,,dali ke se razbuduva?
Анет, јас вака му правев на Филип. Ми се будеше накај 2-3 часот навечер за млеко и некогаш немаше шанси да презаспие, па седевме будни до 4-5. И јас го претркував. Штом знаеш дека накај 3 се буди, ти стани во 2 и дај и млеко. Бебињата пијат и во сон. И автоматски ќе си продолжи да спие. Јас и преку ден така му правев на Филип до кај 3-4 месеци зашто спиеше многу малку и за да му го продолжам спиењето. Пробај една ноќ, ќе видиш како ќе спие после. Ако не се буди, продолжи си така.
_____________________________
Live and let live
18.09.2011, 17:25
kikicka
4218
ne annet podobro kako sto veli anna molly,kaj mene idajade vo 11h nakaj 1 kenka i ke napravam mleko ke se napie edno10ml i tolku ,ama veke ja nishkam barem do 2 da ne pie koga ke dojde 2i davam ke go ispie celo i terame do kaj 4;30 5;00
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
18.09.2011, 18:43
Annet
2404
epa ke probam taka ajde pa ke vidam kako ke bide se nadevam ke uspeam. offf sto ke pravev bez vas majkicki ;-))))))))) uste veceerva taka ke napravam i utre ke pisam sto sme napravile
19.09.2011, 08:57
Annet
2404
eve da vi kazam,nokeska napraviv taka.jadese vo 11 pa vo 2 ipol stanav i dadov vo son i zaspa odma.do 5 sabajle spiese. pa jadese vo 7 i sega pak spie.....vecer pa ke probam.mora da se najde resenie,fala mnogu za sovetot
19.09.2011, 08:58
Annet
2404
samo od koga i dadov vo 2 ipol ne mi zdrigna odma zaspa??? moze li taka?
19.09.2011, 09:32
Natuska85
3613
Аннет јас никогаш не го држам навечер да ми ждригне,како цица заспива и само го префрлам во креветче.
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
19.09.2011, 09:39
kikicka
4218
ni jas ako ja krenam se mava oti spie,inaku jas sinoka probav bez mleko ne biva kvicenjeto vo u glava udara ,ama odlozuvav za saat barem .vecer pak ke probam
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
19.09.2011, 09:40
Џесика
2036
Само ќе ве посоветувам кога ќе се нацицаат да ги проверувате да не има нешто млекце останато, можно е така да заспијат цицајќи, да не се засркнат... со внука ми така се деси, да не раскажувам детали неубави, само внимавајте.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
19.09.2011, 10:35
AnnaMolly RR
6409
И јас навечер не го чекав Филип да жрдигне, веднаш по пиењето млеко го легнував во креветче. Само седев будна уште десетина минути после тоа да видам да не поврати случајно.
_____________________________
Live and let live
19.09.2011, 14:16
mamamoni
492
ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet
samo od koga i dadov vo 2 ipol ne mi zdrigna odma zaspa??? moze li taka?
мене Софија и дење многу тешко ми ждригнуваше а навечер никогаш не ја држев,со цицање си заспиваше и продолжуваше да спие и сеуште ја имаме истата рутина
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
19.09.2011, 14:42
anedespo
940
Moeto ima 3 godini i se uste znae povremeno da se budi za sokce ili voda. Porano bese skoro sekoja vecer, pa sekogas do mene imav casa sok i casa voda koga ke posakase da ne se rasonuvam so setanja niz stan. Ama takva e i preku den. Mnogu pie tecnosti.
19.09.2011, 17:37
Snowhite RR
5042
Не пие ништо навечер, ептеен ретко може вода да побара, а се има случено да побара и додека му донесам пак да заспие
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
19.09.2011, 23:08
Тања РР
2029
Леле моја Јана станува по три пати во текот на ноќта и пие по едно шише млеко (дење не пие воопшто). Таа всушност не станува туку само почнува да кенка и да се превртува и јас знам за што е. Ќе се напие млеко и повторно продолжува мирно да спие. До кога така немам појма
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
19.09.2011, 23:12
mila mama
1616
и ние исто, преку ден не и давам млеко, само чај и по малку вода, а пред заспивање пие едно шише млеко и после во текот на ноќта уште 2-3. Не знам дали веќе не е време полека да ја одучувам, ама сфатив едно, дека не треба да гледам по книга, а треба да правам како нас највеќе ни одговара и да не се фрустрираме сите дома дополнително. Се надевам дека детето само ќе ми каже кога веќе не е време за навечер да пие млеко, впрочем како што ми кажало и за ред други работи, за кои сум се секирала дека не се така како што сугерираат книгите.
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
20.09.2011, 09:30
kikicka
4218
isto i jas mislam da ostavam na vremeto koga ke kaze ona togas ,i onaka sekoj den rutina so sankot(sisinja,termos ,mleko) mi e,vaka bez mleko ne sme spani ic ,kenka po cela vecer.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
20.09.2011, 09:47
Annet
2404
eee nas sinoka doktorkata ni go smeni melkoto,zemavme NAN,i ispi 120 ml i zaspa do 4 sabajle spiese,pak jadese i eve ja uste spie.mozebi navistina tie knigi i pravila se vo red,i se soglasuvam so vas,treba deteto da si kaze kako saka sepak da se postuvaat tie 3 casa do obrok so ad mleko. sega ke vidime kako ke bide ,ama mislam deka ova poveke odgovara i ke naname poveke .Daj Boze
20.09.2011, 09:51
lilicka
866
Анет супер што го прифати Нан1.....полека полека ќе се средите не се секирај...битно да и одговара адмлекото
24.11.2011, 19:48
srcence_25
180
Nie imame slicen problem kako mila mama RR:) Moeto srcence napravi 1 godina i 3 meseci no seuste go imame problemot "nokno pienje" i najcesto toa e mleko a retko znae da bide i cajce! Jas mislam deka deteto treba da se odviknuva od takavata navika! preku den pie cajce i pred dnevnoto spienje pie mlekce. a navecer i voopsto sekogas zaspiva so mlekce mnogu retko zaspiva bez da spie, no seuste ja ima taa navika vo tekot na nokta da se razbudi 2 pati koi nekogas mozat da bidat i tri pati i da si se napie mlekce i si prodolzuva so spienje a ako probame so cucle ili so nesto drugo togas se budi i place pa treba da si sedeme budni dodeka povtrono i dojde son.....mislam deka mozebi sepak mozeme po malku da vlijaeme vo toa so pomestuvanje na vremeto za pienje no ne i so toa celosno da go otstranime! MISLAM DEKA NAS nie e vreme da se odviknuvame od cucle, pa toa ni e pogolem problem, zaspiva so nego, ako se razmrda si go saka pak vo usta...ne go drzi sekogas samo dodeka zaspiva ili ako se budi i go davame no neznam do koga ke prodolzeme taka...VASE MISLENJE??? pozdravce...i mislam deka decinjata se priviknuvaat na nekoi raboti od mali i gi praktikuvaat dodeka sami ne osetat deka veke nema potreba za nesto sto pravat!!!
25.11.2011, 08:09
Felly RR
7977
Матеа до 19 месеци се разбудуваше навечер и бараше да пие обично чај. Сега тоа може да се случи ако е настината, а во друг случај, понекогаш знае да се разбуди накај 6 насабајле и да бара млеко, и одма сама станува, и иди со мене в кујна, јас и го топлам млекото, а таа си седи завиткана со кебенцето, го чека млекцето.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
25.11.2011, 08:17
AnnaMolly RR
6409
Од 6 месечна возраст престана да пие навечер млеко, цела ноќ супер си ја преспиваше. Летоска почна да бара сок навечер, па ај прво по 2-3 голтки и ќе заспиеше, после по 5-6 голтки и стигнавме до цело шише сок навечер. Не се лаже ни со вода, ни со чај. Кога ќе почне да вика СОК СОК цело маало ќе го разбуди ако не му дадам. Ама после тоа веднаш заспива.