Сметам дека воопшто нема потреба децата навечер да пијат било какви течности (млеко, сок, чај). Прво, затоа што ноќта е време кога треба да се спие, а не да се пие и ако така почнат, тие понатаму стануваат да пијат од навика, а не затоа што се гладни. И второ, затоа што пиењето течности навечер, откако сте измиле заби со детето, е многу штетно за запчињата. Јас со син ми вака направив. Додека цицаше (до 13 месеци) стануваше навечер за да цица на секои 2 саати. За второто, здравје, ноќниот подој ќе го укинам најкасно до 3 месец. Откако престана син ми да цица, наредните неколку месеци, заспиваше со шишенце кравјо млеко, и стануваше еднаш во текот на ноќта, кога пак му давав шишенце со млеко. Кога имаше една и пол година, решив дека е доста и со млекото, и со шишето и сакав да го одвикнам. Ми успеа од прва. Како? По совет на една мајка, наместо млеко, пред спиење му давав една чаша со јогурт. Уште првата вечер, не ми се разбуди ниту еднаш, и со тоа завршив со станувањето навечер. Оттогаш, ја преспива цела ноќ. Ете еден совет до мајките, наместо млеко, давајте им јогурт на децата пред спиење, и тоа од чаша, затоа шти шишето создава зависност, а чашата не. А плус тоа, јогуртот е подобар од млекото за децата во развој.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.