за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
I jas se druzam so luge od poveke veri no nikoj nikogas ne probal da me navlece vo negovata verakako taa sto proba nonstop mi zboruvase za gospod I mi bese dosadna pred nekojden edna koleska ja videla kako odi kaj jehovite I mi kaza a potoa I ona mi prizna oti e taka I oti sakala da me preobrati I I rekov oti jas sum gorda na toa sto sum I ima raboti sto nemozat da se kupat so pari I I kazav oti nesakam veke da se druzamso neastom imala takva namera
27.12.2013, 11:25
LoveableMe RR
5035
Јас се дружам со луѓе буквално од сите вери, имам пријатели и од кај Саи Баба и што уште не...но тоа случајно сум го дознала за нив и никогаш кога се дружиме не ја покренувам таа тема и не сакам со мене да ја дискутираат...религијата е приватна и лична работа и сакам така да остане...ниту јас да разубедувам други, ниту тие мене...мислам така е најфер..а ако ме поканат на некое нивно славење, секако дека ќе им направам чест и ќе отидам, како и тие кај мене..толеранцијата е многу тешко да се достигне, но штом ја достигнете, потоа за вас нема лимит
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
27.12.2013, 14:39
rina13
1147
За мене верата е занемарлив фактор при дружба. Не ме интересира кој во што верува и што практицира. Доколку ме интересирал некој религиски обичај или ритуал кој е типичен за вера која мене не ми е позната секако дека сум прашала, и доколку сум била прашана соодветно сум одговорила. Моето семејство практицира обичаи и адети типични за православното христијанство, јас сум атеист но празницие ги сакам поради магијата на зближување на расположеност позитивна енергија заедничко славење, тоа секако не ме става во позиција да делам ум кој во што треба да верува. Така што добар пријател си е добар пријател според низа на критериуми на сите добро познати а не врз основа на религиска припадност.
29.12.2013, 00:39
kapina
4327
i jas kako sto kazav se druzam so luge od poveke veri no me naluti toa sto proba da me navlece vo sega veke nejzinata vera ona samata otvarase takvi temi duri nekogas mi bese i dosadna sto nonstop zatoa zboruvase a neznaese oti jas veruvam vo gospod citam biblija odam cesto na crkva gi znam razlikite od edna do druga vera i ednas otvoreno ja prasav da li e jehovin svedok i me izlaza mi vika ne a ne znaese oti jas imav i druga drugarka sto e jehovin svedok i sto cesto razgovaravme na taa tema za da gi naucam razlikite vo sto veruvaat oni vo sto nie na kraj kraeva eden e gospod za site no nikogas ama bas nikogas taa drugarka ne proba da me zavlece vo nejzinata vera a za taa drugarka koleska mi kaza prvo edna druga koleska kako ja videla nea kako odi tamu kade sto se sobirat jehovinite svedoci jas ne i poveruvav i koga posle za da mi se povere ja navrediv i kazav oti jehovinite svedoci se sekta sto i e tocno ne e navreda tuku vistina
29.12.2013, 15:39
AnnaMolly RR
6409
Не сум верник, верата ама воопшто не ми игра улога дали некој ќе ми биде пријател или не. Живееме на Кале, таму 90% од комшиите ми се муслимани. На маж ми другарите од деца му се сите до еден Турци, Албанци па и Роми и никогаш не сум правела разлика меѓу нив. Кај повеќето од нив сум била стопати на гости, тие исто кај нас. Човек си е човек без разлика од која вера е. И најдобрите другарчиња на син ми, првите наши комшии, се муслимани, Турци. Децава се сакаат многу меѓу себе, ептен се дружат, а и јас со мајка им. Никогаш не би му забранила да се дружи со некој од друга вера :)
Да додадам. Тие пријатели муслимани што ги има маж ми ни дојдоа и на венчавка во црква и на крштевка во црква, имаат почит спрема она што го правиме ние, а и ние спрема тоа во што веруваат тие и тоа е тоа.
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 29.12.2013 15:40:33 >
_____________________________
Live and let live
29.12.2013, 17:29
kapina
4327
I na majka mi prvite komsii se turci. I rodnini imam muslimani I so niv najmnogu se druzam od site. Mnogu ubavo si ziveeme so niv no ne opravduvam ni vo nikoj slucaj nekoj da si ja menuva verata za pari nikogas ima nesta vo zivotot stone se kupuvat so pari
29.12.2013, 23:35
mama_06
395
Нормално дека имам пријатели од различни вери, во тоа е и убавината на оваа наша Македонија. Често во разговор со нив доаѓаме до заклучок дека има повеќе сличности отколку разлики во начините на практикување на религија. Тоа ти е една работа гледана од различни перспективи. И децава ќе ги насочувам кон таков однос. Јас и мм за тоа сме ептен погодени,што се вика, така да нашиов дом знае да биде мала космополитска заедница.