за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
nutelce читав и јас за урмите дека се препорачуваат за полесен пораѓај ама прават еден мал проблем барем мене мислам дека прават запек али може тоа само кај мене незнам ...... али во секој случај ќе конзумирам во трето тромесечје па ќе видиме дали ќе помогнат
18.01.2014, 18:41
Stefanija Stefi
64
Убава тема, значи алал да ви е трудници, колку работи научив од вас. Ете сега знам зошто се некако на мм м порачувам брусница сува да ми купи. Претходно јадев ама сега нешто ептен ми е вкусна, а и друго суво овошје ќе купам. Фала за советитеееее
28.10.2014, 10:37
Ki4iko
438
Ете и кај мене и во првата и вторава бременост,ама баш во исто време, ми се намалила плодовата вода,а крај на 27 недела сум.и сега добив совет од гинекологот да јадам по една рака дневно суво овошје , хм , за првото дете и не се придржував многу кон тоа,зашто буквално мразам суво овошје,а и сега со сила јадам,па да видиме дали ќе се зголеми количеството на плодова вода.инаку бебето одлично напредува,какви се вашите искуства околу оваа тема?
03.11.2014, 16:54
lolla RR
925
Еве идеја како да се внесе повеќе суво овошје.
БОМБИЦИ од суво овошје:
- 400 гр урми без семка - 200 гр сува смоква - 50 гр суво грозје - 50 гр брусница без шеќер - 30 гр интегрален сусам - 100-200 гр ореви може и микс со бадеми и лешници - пакување кокосово брашно - 30 гр лен и 30 гр семки од тиква - 3-4-5-6 лажици кокосово масло
Се се меша и внимателно се бленда во сецко со сечило S/. Потоа се прават бомбици се ставаат во фрижидер и стојат до една недела, кај нас малце помалку.
04.11.2014, 18:55
Ki4iko
438
БОМБИЦИ од суво овошје:
- 400 гр урми без семка - 200 гр сува смоква - 50 гр суво грозје - 50 гр брусница без шеќер - 30 гр интегрален сусам - 100-200 гр ореви може и микс со бадеми и лешници - пакување кокосово брашно - 30 гр лен и 30 гр семки од тиква - 3-4-5-6 лажици кокосово масло
Се се меша и внимателно се бленда во сецко со сечило S/. Потоа се прават бомбици се ставаат во фрижидер и стојат до една недела, кај нас малце помалку.
супер идеја,јас уште утре ќе ги направам,мене и онака не ми оди баш сувово овошје,не сум многу мераклија,е вака можеби повеќе ќе јадам
20.11.2014, 13:58
Anuska14
53
СУВ ананас -го обожавам луѓе и јас и малава моја принцезичка
20.11.2014, 15:10
caciana
863
Сувото овошје во текот на бременоста мора да се конзумира, затоа што ги содржи хранливите состојки во поголеми количини . Брусница и ананас ми се омилени
20.11.2014, 15:13
blond
1268
Nemav pojma za funkcijata na suvoto ovoshje, ama sega koga znam, eve od denes ke jadam poveke :)
20.11.2014, 16:48
Ki4iko
438
Јас еве веќе 2 месеци сеојдневно јадам суво овошје по 100 гр. по препорака од докторката,ќе треба да јадам до крајот на бременоста
28.04.2015, 12:14
Felly RR
7977
ДОбро што ја отворив темава, да го пробам рецептот на Лолла, оти некако не ми оди со сувово овошје. До сега си каснував само сушена брусница, ама минатата контрола, матичната ми нагласи дека требало да јадам најмногу она суво овошје што ни е баш типично за Бадник што го јадеме - смоква, урма, грозје, слива. Ама мене некако ич не одат смоквите и урмите, па да пробам вака како бомбици.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.