cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?

clock-img

26.01.2013, 14:25

clock-img

zansen

pencil-img

34

Najdobar odgovor e deka baba mu e sega na neboto zasto na dete od 4 godini tesko moze da se objasni smrtta eve moj primer imam izgubeno roditel i koga nekoj po greska ke me prasase kade sto ne znae deka e mrtov kazuvav deka spie so tekot na godinite sam svanes nekoi raboti ednostavno bez objasnuvanje user posted image

_____________________________

Duri i najtemnite noki ke zavrsat i sonceto povtorno ke izgree!!!

clock-img

27.01.2013, 09:38

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Јас имам друго прашање.
Како да ја објасните смртта на дете, а тоа да не биде „тој и тој е сега горе на небото“. Јас не сум религиозна и не верувам во живот на небото после смртта. Како да се постапи во тој случај?

_____________________________

Live and let live

clock-img

27.01.2013, 11:46

clock-img

niki

pencil-img

4299

kako sto mu objasnuvas kako se sozdava dozd
nie ne sme imale smrten slucaj na blizok na deteto, no bevme da go posetime grobot na tatkoto na mm, togas taa imase okolu 4 godini
i objasnivme deka lugeto koga ke ostarat ili ako se razbolat od nekoja strasna neizleciva bolest umiraat, umiranjeto i go objasnivme deka e koga ke prestanes da dises, da gledas, da slusas, da zboruvas, ne prasa zosto dedo i bil zakopan na grobista i toa objasnivme deka teloto koga ke prestane da zivee se raspaga i zatoa gi stavame tamu vo zemja da se raspadnat za da se nahrani trevickata i cvekinjata od ostatocite i deka stavame spomenik za koga ni nedostiga covekot da pojdeme tamu, da go pozdravime i da mu kazeme se sto sakame, iako ne ne slusa na nas zivite ni e polesno, taa prikaznata ubavo ja prifati na dedoto mu ispea pesnicki nie se isplakavme slusajki ja i taka
imavme momenti koga i se javi strav da ne umre nekoj od nas roditelite, togas si ja guskav i ja uveruvav deka sme zdravi i mladi seuste i deka ne mora da se grizi uste dolgo ke bideme tuka i taka, najnormalno, bez potresuvanje, otvoreno kako sto e
normalno koga ke dojde red da ne napusti nekoj so koj e bliska nema da i krijam ke i dozvolam da se pozdravi, da se isplace, da taguva, se e toa del od zivotot ne mozeme da gi zastitime od taga, mozeme da bideme pokraj niv i so niv da ja preziveeme

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

05.04.2013, 10:52

clock-img

Maria

pencil-img

533

Пред два дена умре баба ми,со која поголемиот син,кој има 6години беше многу близок.user posted image На погребот не беше тој(се разбира) и сеуште незнае дека баба веќе ја нема.Несакам да го лажам дека ја боли ногата и неможе да дојде,но неможам ниту вистината да му ја кажам.user posted image Проблемот е што е многу емотивен и знам дека нема лесно да го прифати тоа.user posted image Незнам дали сега да му кажам ,па дури и да го посетиме нејзиниот гроб или да почекам да помине некое време?user posted image
Работата е што тој претчувствува...голем е...Незнам како да му кажам,прочитав многу совети погоре,но знам дека на кој и начин да му кажам,нема да биде лесно...незнам што да правам,сакам да му кажам,но сакам и да го заштитам од болка и тага...user posted image

clock-img

05.04.2013, 11:19

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Мариа, јас мислам дека треба да му кажеш. Мислам дека не треба да се крие од децата, посебно во твојот случај каде што детето е поголемо, разбира што му кажуваш и може да покаже емоции. Дедо ми кога почина, тетка ми не сакаше да му каже на братучед ми дека дедо му починал, сите знаевме само тој не. Не беше мал, беше неко 3-4 одделение. Детево осеќаше дека нешто не е ок, прашуваше каде е дедо, они го лажеа дека е болен, па после побара да го види - го излажаа дека е во болница и така само продолжуваа со лагите. Помина една година и тој мислеше дека дедо му е болен. Шок доживеа кога дозна дека родителите го лажеле цела година и многу потешко премина преку тоа.
Затоа јас сум да се каже, да се објасни на начин кој би бил најбезболен за детето.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

05.04.2013, 14:10

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Мариа, сочувство за баба ти.
И јас мислам дека треба убаво да му објасниш, спеак има 6 години, не е бебе. На твое место јас би му објаснила дека баба повеќе не е со нас затоа што бил стара и починала, нешто што е составен дел од животот. Не сакам да велам „Баба сега е во рајот, баба е кај дедо боже“ бидејќи не сум религиозна.
Исто така, пробај со син ти разговарај за се убаво што му се случувало со баба му, нека ти раскаже некоја убава случка со неа, кажи му дека кога сака може да раговарате на неа и дека нема да ја заборавите.
И добра ти е идејата да го однесеш на гробот, на некој начин мислам полесно ќе му биде.
Не знам, немам искуство во овие работи, ама вака некако мислам дека би изреагирала.

_____________________________

Live and let live

clock-img

05.04.2013, 16:40

clock-img

Maria

pencil-img

533

Фала ви user posted image се надевам дека што побрзо ќе соберам храброст да му кажам,и ако изрази желба тој самиот да го посетиме нејзиниот гроб, иако знам дека нема лесно да прифати,сепак...морам,несакам да го лажам,верувајте,многу ми е тешко...user posted image

clock-img

06.04.2013, 00:19

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Martin zboruvase na telefon so majka mi i ja prasa kaj e tatko i ( moj dedo koj pocina skoro). Taa mu odgovori deka spie, a Martin i vika:umre,neli? Ostanavme zaprepasteni,detevo ni gi slusalo muabetite i mu stanalo jasno. Utredenta se razbudi i prvo nesto sto mi rece e deka ne saka jas i tatko mu da umreme...znaci prodolzivme da si pravime muabet kako vozrasni i vidov deka navistina deteto go naucilo znacenjeto na zborot smrt \umren. Uste ne mi se veruva...imase nepolni 3 godinki koga zboravme na ovaa tema.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

06.04.2013, 07:27

clock-img

Maria

pencil-img

533

Синоќа пак почна да ме прашува за баба,дали оздраве и неможев да издржам и му кажав.user posted image Но со зборови дека дедо беше сам на небото,и така таа отиде,но не гледа од таму и не чува...user posted image Почна да плаче и ми вика: Ама мамо јас ја сакам...јас сакам пак да ја прегрнам и да ми го држи рачето....user posted image
Ме расплача и мене и му реков дека таа тоа го знае,но мораше да оди ...
Мислам дека пополека почна да прифаќа дека на баба и е поубаво на небото.Неможев да најдам поинаков начин,бидејќи е премногу чувствителен,a морав да најдам приказна која ќе биде најприфатлива за него...user posted image

clock-img

06.04.2013, 18:59

clock-img

niki

pencil-img

4299

Mislam deka si postapila pravilno Maria, vprocem ne e tolku bitna prikaznata koja ke im ja raskazeme na decata kolku sto e bitno da ne gi liseme od vistinata, a vistinata e deka baba ja nema i nikogas nema da se vrati, i taa vistina tie treba da ja prifatat i da naucat da ziveat so nea... i ne postoi lesen nacin da se napravi toa i normalno e da gi boli i niv i nas, koga bi bilo poinaku ne bi imale cuvstva, koga bi mozele da ne cuvstvuvame taga i bolka, verojatno ne bi cuvstvuvale ni ljubov
Cuvajte se i tesete se zaedno, zboruvajte za cuvstvata, spodeli ja i tvojata taga so nego, so tek na vreme i na dvajcata ke vi stane polesnouser posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

06.04.2013, 19:43

clock-img

Maria

pencil-img

533

Фала ти никиuser posted image
Иако мм беше против и сакаше да ја скриеме вистината од него,јас неможев.user posted image Беше тешко но заслужува да ја знае дека баба веќе ја нема.user posted image
Така и мене ми олесна,а и тој полека почнува да ја прифаќа вистината.user posted image

clock-img

20.08.2014, 14:30

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Nie momentalno pominuvame niz eden tezok period,bogami neznam kolku ke trae.
Pred nekolku dena bevme izvesteni deka tatkoto na sin mi pocinal(39g) sekako mu kazavme na sin mi koj ima 11godini.
Dolgo vreme ne bea videni,nemaa nekoja blizina ama sepak tatko si e tatko,sin mi mnogu tesko prifat.
Dusava me boli sto zboruva,zapametil nekolku zbora sto mu kazal tatko mu I samo toa go zboruva.Vika nikogash ne go vidov a on umre,kako moze taka?Jas sum mnogu mal za da mi umre tatkoto.
I taka po cel den samo se vrtime vo krug so prashanja I zboruvanje za tatko mu.Neznam sto e podobro dali da zboram so nego samo za toa ili da mu menjam tema?
Razgovorite go natazuvaa ama I se raduva ajde mamo pak kazimi sto kaza tato koga se rodiv sto pravevte,kako pravevte........I taka.
Najstrasno vo celava situacija e sto e isplasen da ne sum umrela I jas,ne be sine mu vikam ne smeam jas da umram. I taka dragi moi,momentalno sme za nikade.

< Поракaта ја уредил bucko mal RR -- 20.8.2014 14:31:28 >


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

Последни статии

article-img