за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Ништо Мацо!! Ако ништо друго две познати лица ќе имаш И јас многу членови не ги знам и сакам да ги запознаам. Едвај чекам да дојде недела.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
26.10.2010, 23:52
Viktori
5329
Јас се вадам од списокот, затоа што не ми се оди до Аеродром, за 1 саат или 2 да ги мкнам децата, не. 90 % не доаѓам.
Убаво поминете си, спомнете ме, не се лутам ич
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
27.10.2010, 00:00
Maca25
7558
Витори не зезај, ајде доаѓај. Ако сакаш и 3 саати ќе останеме
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
27.10.2010, 00:02
Viktori
5329
Не бе Маца, нема врска, секогаш можеме да се сретнеме поблиску, а и Вештерки, тикви, маски.. нисам ја тај игнорирај ме за хелоуинов и кога сакаш на мафини кафе ќе те носам
< Поракaта ја уредил виктори -- 27.10.2010 0:03:53 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
27.10.2010, 09:22
lila_mk
88
abe nema li nesto poblizu, mnogu mi e daleku aerodrom a i moram so taksi da idam do tamu
27.10.2010, 09:29
baby mama
679
Ако гледаме така, кој на кого му е далеку тогаш нема да дојдат пола жени. Добро тогаш ако се закаже некаде во Тафталиџе или Карпош јас не доаѓам нема да ми одговара таму, пошто не живеам блиску .
_____________________________
Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.
27.10.2010, 11:11
blue_blue
893
Јас исто не одам никаде...Децава ми се болни - хорор филм е навечер. Едната кашла и се буди од спиење со вриштење, а другата има затнат нос, па малку кашла и де има де нема темепратура. Како зомби сум, не знам кога последен пат сум спиела...Во 3 дена 3 пати бевме на лекар, се немаат ништо на плуќа и немаат црвено грло. Вчера едната доби Летизен и тоа и помогна, спиеше без да се закашла цели 4 саати...Денес пак ќе одиме на лекар - мислам дека ќе им дава инхалации. Тоа тие е - бонус добивка од градинка...Така да дружбите ќе почекаат подобри времиња
27.10.2010, 11:57
AnnaMolly RR
6409
Дечки, и мене ми е далеку аеродром. Ама ако гледаме на кого каде му е далеку, никаде нема да се договориме. Некои од нас се од Ѓорче, некои од Ново лисиче, па на секој различно му одговара. Ајде, Виктори, да дојдеш. Ќе поседиме ако треба и три саати, што вика Маца. Сите да сте дошле, ако треба и да летнете. Ако не, ќе игра стапот Кој ќе ги јаде сите тие палачинки, сакате да не здебелите?
_____________________________
Live and let live
27.10.2010, 11:59
AnnaMolly RR
6409
И што има врска ако некој не познава никого? И јас првиот пат кога отидов не знаев никој, па после излезе дека со амелбебе сме комшики, живееме на 200 метри оддалеченост. Затоа и се наменети овие дружби, за да се запознаеме.
_____________________________
Live and let live
27.10.2010, 12:09
nadica
4381
мислам не претерувајте јас од неготино го молам мм да дојдеме а вас ви било далеку
инаку јас сеуште незнам за сигурно
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
27.10.2010, 14:54
Natuska85
3613
Се повеќе и повеќе ме предомислувате за да дојдам .
27.10.2010, 15:26
etiopija
58
i mene mechos mi odgovarase najveke deka ziveam vo kisela voda ama denot e "special" ne propustam kaj i da e, a baska bas ke bide slatko da gi vidime decava maskirani hihihihih
_____________________________
Eve deset_______ pravila za uspesen den: Odi i napravi nekoe dobro delo. Povtorigo toa uste devet pati.
27.10.2010, 16:16
AnnaMolly RR
6409
Еве да ви потечат малку лиги и да ве натераат да дојдете!
_____________________________
Live and let live
27.10.2010, 16:27
Viktori
5329
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica
мислам не претерувајте јас од неготино го молам мм да дојдеме а вас ви било далеку
инаку јас сеуште незнам за сигурно
надица, биди сигурна дека ако се организираме пре би дошла во Неготино отколку по игротекиве во Скопјево да се мотам И тоа убава целодневна екскурзија ќе си направам.
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
27.10.2010, 16:31
Natuska85
3613
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly
Еве да ви потечат малку лиги и да ве натераат да дојдете!
леле АнаМоли ааааааааа какви сеее, ми течат лигиии
27.10.2010, 18:25
Julie1
2354
Луѓе имам една мака... интензивно сум во потрага на тикви за да си играме за Halloween денес барав на пазарчето во буњаковец но немаше... има некој идеја кај да најдам, по другиве пазари да не имате видено.
_____________________________
And this is my beautiful life ...
27.10.2010, 18:44
Viktori
5329
Julie, што мислиш да правиш со тиквите, ај маст еск
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
27.10.2010, 20:08
Gari68
192
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори
Јас се вадам од списокот, затоа што не ми се оди до Аеродром, за 1 саат или 2 да ги мкнам децата, не. 90 % не доаѓам.
Навистина како очекувате да доаѓаат рингерајки од градови оддалечени 150-200км од Скопје ,а вас ви било тешко да поминете некои 5-10 км низ Скопје.Неубав пример давате за сите оние кои помислуваат да поминат многу километри за да ве запознаат
27.10.2010, 20:17
Julie1
2354
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори
Julie, што мислиш да правиш со тиквите, ај маст еск
Мислам да правиме фигури специфични за Halloween и да се натпреваруваме кој најбрзо ке направи или кој најубава, на крај свеќички внатре и ќе ни служат за атмосфера
_____________________________
And this is my beautiful life ...
27.10.2010, 20:18
Julie1
2354
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica
мислам не претерувајте јас од неготино го молам мм да дојдеме а вас ви било далеку
инаку јас сеуште незнам за сигурно
ајде надица доаѓајте, сакам да си ја запознаам принцезичката надица
_____________________________
And this is my beautiful life ...
27.10.2010, 20:38
agnes77
1959
не заборавите
27.10.2010, 20:54
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77
не заборавите
Да ни ја доловите атмосферата на нас, кои нема да присуствуваме. Многу ми е жал што нема да сме таму Другарка ми сигурно ќе доаѓаат таму викендов со сопругот, бидејќи ќе отвораат продавница во Скопје, ама ќе имаат обврски, за да не носат и нас, инаку ќе дојдевме со нив, тоа е тоа, убаво да си поминете
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
27.10.2010, 22:57
Viktori
5329
админ-бриши! ај да не ја упропастувам темава
ладно, 3 деца, автобус и вируси во него, не иде. Кој разбира разбира, а паметен секој може да се направи...
< Поракaта ја уредил виктори -- 27.10.2010 23:02:17 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
28.10.2010, 14:06
Mamicka3
755
недела не можеме да дојдеме од 14.00 славиме роденден во Драчево во игротека кој е ЗА нека повели има место за сите
_____________________________
Децата се најголемо богатство Марио 31.10.2002 Ана Марија 01.11.2005 Трајче 20.09.2009
28.10.2010, 15:30
Maca25
7558
Ние најверојатно ќе дојдеме, зависи се од нина. Вчера ја носев на вакцина, па докторката ми рече дека крајниците и биле многу големи и грлото малку црвено. Ако е се во ред до недела, доаѓаме во Тиквичка.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...