ИЗВОРНА ПОРАКА: Anuska14
Кај мене ваква беше приказната...
Со првото дете мислам дека успеав да забременам од првиот обид и не бев свесна колку треба да се цени тоа. Се роди здраво право детуле и си живуркавме така. Полсе 4 години решивме со сопругот да одиме на второ бебе и....
Бев сигурна дека како првиот пат дека исто ке се случа пак но воопшто не бев во право.
Анушка, се пронајдов и јас во овој дел од твојата приказна. Знаејќи колку лесно, дури и непланирано добивме
првиот пат, и јас малку се разочарав кога не се случи истото и вториот пат. Ама само малку
Сега се обидувам да ја најдам и позитивната страна на работите, па си велам - ако се испаднеше како што планиравме, па во септември ќе имав мало бебе и дете прваче на училиште. Па не ќе можев на двете да им го посветам потребното внимание. Вака кога ќе добиеме
М ќе биде поголема, ќе биде посамостојна, поодговорна и ќе ми биде полесно да се снајдувам со двете. А сигурна сум дека ќе биде, знам.
Инаку, и периодот исто ни се поклопува. Почнавме да се обидуваме некаде пред 4 роденден на М, само не сите месеци активно, а еве сега ќе полни 5 години.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.