за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Не сум во тек но знам дека се збори оти излегле на тв и кажале дека останува ефтината струја за преку ден. Таман е работава или????
12.08.2012, 20:59
amateuress
253
toa za srbija bese, tie ja vrakjaat eftinata preku den. ne znam kaj nas takvo nesto da se najavilo, mislam deka ne.
12.08.2012, 21:58
Maca25
7558
Сега нешто слушнав, како собранието на ја одобрило оваа одлука на регулаторна, да нема ефтина преку ден, а навечер да почнува од 00:00 до 7 сабајле и недела. Ама не знам како кога собранието е распуштено ....ааа и протестот дека се одложил!!! вистина е тоа?!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
13.08.2012, 09:42
Natuska85
3613
Како бе навечер да почнува од 00:00, не почнува пак од 22ч???????????
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
13.08.2012, 11:41
mama_sk
158
Да не се тоа само шпекулации за да се одложи протестот закажан за утре?!?
13.08.2012, 12:05
amateuress
253
пребарав по агрегатори на вести, ништо такво не најдов, а немаше ништо ни на фб, на страната на настанот. значи си останува ефтината укината, а протестите во бт и ск се закажани за утре (вторник 14.08) во 18.
во бт има и плакати, но за жал, поддржувачи на владеачката партија ги кинат секоја ноќ - бев сведок на тоа, млади деца, на не повеќе од 20 год ги искинаа сите плакати. тие кинат, а претпоставувам мајките им дома чекаат да дојде 22 ноќе за да им зготват ручек за следниот ден.
нема да имаат голема масовност протестите, кај нас нема свест за такви работи, плус луѓето се песимисти, не веруваат дека нешто можат да сменат и се навикнати СЕКОГАШ да чекаат некој друг прво нешто да направи. се надевам на пензионерите, додуше :)
ама колку-толку, јас мојот придонес ќе го дадам.
и баш би било фино и луѓе од владеачката партија да го поддржат протестот, за да не му се залепи одма партиска етикета, пошто опозицијата сигурно одма ќе се шлепа...
за да нема никакви сомневања, јас сум партиски неопределена, иако по убедување сум левичар; мислам дека опозицијата кај нас е гној, а власта гној во целофан со розова машна со шљокици. и немам ама баш НИКАКВА корист од протестов, освен ако не ја вратат ефтината (која ја користев до максимум) што ќе биде од корист за сите, нали :)
14.08.2012, 21:23
amateuress
253
масовен беше протестот во бт, јас како што бев песимист, ептен се изненадив. ете и македончето покажа некаква иницијатива
14.08.2012, 21:34
Maca25
7558
а во скопје како беше? јас немав можност да отидам а каква дезинформација се пуштила по луѓево, дека ја вратиле ефтината преку ден...еден куп луѓе истото ми го кажаа.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
14.08.2012, 23:15
kikicka
4218
Јас колку што видов немаше баш народ ,или последните од колоната сум ги фатила и затоа ми изгледаше дека има малку луѓе. Само слушав Намалете и то
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
14.08.2012, 23:21
amateuress
253
ne bilo mnogu masovno vo sk, so ogled na toa kolkav e gradot, ama ne bilo ni loso kolku sto gledam
od triumfalnata do mcdonalds bilo polno
16.11.2012, 19:45
Maca25
7558
Луѓе, што се деси со ова скапа/ефтина струја. Кај нас во зграда ни ги менуваа саатите, па од завчера сијаличето за ефтина веќе не ми свети. Нема ефтина ич или што?
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
17.11.2012, 11:10
Bogdancanka
5422
маца мислам дека после 22ч има ефтина струја и недела цел ден,барем така му кажале на мм
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
17.11.2012, 18:47
nadica
4381
da eftina samo posle 22h i vo nedela taka da nema perenje, peglanje, usisavanje, gotvenje na podolgi recepti, vo normalno vreme se treba da se raboti posle 22h a i togas ne e bas eftino nema smisla koga imas vreme da nesmees da rabotis zatoa sto e mn skapo
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
17.11.2012, 19:20
Pepelaska *
3820
Da ve nasmeam malku
< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 2.1.2013 22:44:56 >
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
31.01.2013, 09:15
Mihaela 2010
4230
Ja vcera se zaprepastiv doma...mi doslo struja 9500 koga ja vidov smetkata padnav u nesvest....ne ocekuvav tolkava so ogled na toa sto do 14.30 doma nema nikoj i ne toplime...sega utre mm ke ide da se buni da vidi sto e rabotava...stvarno uzas,se razocarav maksimalno,i od zimava i od se po red
31.01.2013, 09:42
sandriana RR
2924
Ох, еве и ние сме со тарифа скапа-ефтина струја, и 2 месеца по ред доаѓа сметка од 200 евра. Катастрофа...А, се готви на плин, работи само бојлер, едно радијаторче на струја кај нас во соба, и тоа активно се користи после 17 часот, и една термо печка (која се користи веќе со години и никогаш досега немало толкава сметка). Машина за перење уклучувам секогаш после 22ч....
31.01.2013, 09:45
Calypso
1386
Што ќе се запрепастуваш Михаела, како дерат ЕВН мислам дека никој друг толку не не дере. Нас во декември ни стигна сметка од 14 450 ден. очекувано... се греевме со парно целосно на струја, плус две фамилии сме, во различни куќи, на исто броило. За јануари плативме 6400 откако го сменивме парното, односно го приклучивме на камин со дрва, па сега само од сабајле сме на струја додека да се запали огинот. Што дека переме ноќе, мене секоја вечер ми е уклучена машината за садови и бојлерот, а секоја втора вечер и машината за перење и нормално дека не очекувам ниски сметки. Ама јас сум изреволтирана од ЕВН од проста причина што кај нас често се случува да нема струја подолго време во текот на денот, или пак да нема една фаза, а да не зборувам за напонот, што никогаш не е 220V, просечно е околу 190V, што не е добро за апаратите. Од тоа често немање фаза и струја се случи да пукне цевката што го поврзува парното со каминот од пресилниот притисок (струја секако ни треба за да функционира пумпата за циркулација на водата во радијаторите), па ставивме и акумулатор заради тоа. И пак високи сметки секој месец, а не им текнува малку да поработат на случајот да спречат толку чести дефекти во зима. Тие само ги поправаат дефектите, без да имаат некое крајно решение. И лани истово се случуваше, измрзнавме... секоја зима умот ми е во тоа дали ќе успееме да се стоплиме, дали нешто ќе треба да менуваме дома, за да најдеме конечно решение... ко да сме во некоја пустелија, ко да нема жив човек овде, аман веќе, ми прекисна.
Уф, ова може врска немаше со темава... ама ајде, да си се изжалам од ЕВН и јас...
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
31.01.2013, 10:01
Ikana
3780
И кај нас иста приказна, сметки огромни, а големата дневна мразарник...моите се на работа цел ден, и не пуштаме да се грее таа соба додека не се вратат. Машина за перење пуштаме 2 пати неделно, бојлер единствено што работи и тоа исклучиво после 10 навечер. Остануваме на само 1 панелка во денвната кај мене, бидејќи ние сме по цел ден дома со бебето. Не одраа овие ЕВН, хохштаплери ниедни!!!
31.01.2013, 10:07
Cipi Ripi
1010
Леле имало ваква тема.....не знаев кај да се пожалам и јас. Нас ни стигна 11 100. Паднав во несвест кога ја видов. Не ми се верува! Ова не е нормално! Нема шанси толку да сме потрошиле....а ако сме потрошиле тогаш забегале со поскапувањето. Што ќе се прави не знам ама ова е многу и никој ништо не реагира
31.01.2013, 10:37
Џесика
2036
Михаела, се греете на струја? Штом волку ви дошло... со што греете, со панелки? Нас последната ни дојде 4200 за горе кај нас, и 1700 доле кај свекрва ми... значи околу 6000 во просек за струја со вклучено греење ни доаѓа.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
31.01.2013, 10:50
Mihaela 2010
4230
na struja,na panelki,i mene me cudi toa bidejki proslata bese 5200 den,i si vikav kaj i da e da bide do kaj 7000 ama ova e preterizam,duri ja sporediv smetkata od proslata godina koga mi bila 8.500 baska lani M doma bese ne idese u gradinka i toplevme cel bozji den...zatoa vikam da ne e napravena nekoja greska
31.01.2013, 12:25
miana
6152
Оф леле...Мене ми е срам да кажам колку ни доага ама ке кажам за да се тешите.. Минатите два месеци ни доаѓаше по 20 000 денари а последната 35.000 денари. Грееме 200 м2 парно на струја.. И јас и свеки имаме пашини за садови,за алишта и јас имам плус сушара.. Плус горе кај мене си догревам со панел бидејки парното не постигнува ( термостатот е доле ) и сега ни се стемни..Од пролет бараме ново решение - ке пробаме да се грееме со парно на пелети..Да не се грее некој од вас на ова да ми каже како е ? Поздрав
31.01.2013, 12:30
Beatris
3116
Ај да ви кажам една солуција, немам лично искуство, ама братучед ми во куќа ги проба сите можни алтернативи од парно на дрва, на струја, нафта, плин, панели, стварно не знам што уште не, се што постоеше се пробаа. Лани си ставија инвентери, куќата е 150-200 м2, значи еден доле, еден горе на спрат, немаат сметка поголема од 80тина евра зимно време, а не ги гасат дење ноќе. Плус да напоменам со сите овие претходни греења секогаш кога сум одела ми било ладно таму, а сега е да седиш по кратки ракави
< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 31.1.2013 12:41:57 >
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
31.01.2013, 12:33
miana
6152
ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR
Ај да ви кажам една солуција, немам лично искуство, ама братучед ми во куќа ги проба сите можни алтернативи од парно на дрва, на струја, нафта, плин, панели, стварно не знам што уште не, се што постоеше се пробаа. Лани си ставија инвертери, куќата е 150-200 м2, значи еден доле, еден горе на спрат, немаат сметка поголема од 80тина евра зимно време, а не ги гасат дење ноќе. Плус да напоменам со сите овие претходни греења секогаш кога сум одела ми било ладно таму, а сега е да седиш по кратки ракави
Какви се тие инвертери ???
< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 31.1.2013 13:54:38 >
31.01.2013, 12:44
anaana
1126
toa se tie klimi inverteri? tie sto se nekade okolu 500-600e?