cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Новогодишни активности во градинка

clock-img

28.12.2014, 11:25

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

И нашите активности во градинка скоро завршија, имаше работилница на која се изработуваа украси и се продаваа на плоштад, па и таму доста новогодишни украси имаше правено, а во петокот и во нашата градинка дојде Дедо Мраз и градоначалникот, им ги доделија пакетчињата, се сликаа и после тоа имаше приредба која стварно беше за пофалба, големо user posted image за учителките кои така ги подговија. Михаил оваа година беше многу поопуштен и не згреши воопшто, ниту учителката му помагаше, стварно бев горда на него.
А во врска со Дедо Мраз и тој минатата година плачеше, па сега исто се догворивме дека нема да плачи, ќе си застани до него и ќе се слика и стварно така беше. user posted image user posted image за моето сонце.
А кај Јана ми рече негователката дека сите плачеле, сега ја чекам сликата па да видам, зашто таму не бев, бидејќи тие немаат приредба, уште се мали за такви активности
П.С. Фели рр, и играчките не беа од градоначалникот туку ги донираше приватна фирма

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

29.12.2014, 08:24

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Ние денеска во градинка имаме приредба.Децата ќе рецитираа и пеат.Синко има точка заедно со уште неколку деца ќе играат на една детска песничка.А Дедо Мраз дури утре ќе доаѓа и ќе им ги дава пакетчињата што секако ние си ги плативме.Инаку во петокот имале работилница и правеле честитки за Нова Година.Денеска во врска со приредбата се е супер само тоа не ми се допадна што директорката рекла само по еден член од фамилијата може да биде присутен и да ја гледа приредбата со објаснение заради сезонскиот грип.Криво ми е што нема да одам да ја гледам првата приредба на синко а си планирав и помалиот да го однесам да си го гледа бато.Маж ми само ќе оди,па тој ќе слика и ќе снима да видиме барем дел од неа.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

Последни статии

article-img