cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: страшно

  
clock-img

16.11.2011, 09:02

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Леле, го видовте ли ова?
Статијата е преземена од Курир.мк

На Фејсбук профилот на Al Gustuz Mahmoud можат да се најдат цела галерија со фотографии од концерти, средби со фанови и приватни фотографии на нашиот трагично починат пејач Тоше Проески. user posted image   Al Gustuz Mahmoud кој на Фејсбук има повеќе од 1.000 пријатели лажно се претставува како Тоше користејќи цела галерија негови фотографии. На својот Фејсбук профил вели дека живее во Оукленд, Нов Зеланд, а доаѓа од Летонија. Тој измислува настани и места кои одговараат на неговите лажни тврдења и под секоја фотографија од Тоше Проески става опис каде е фотографирана. Засега е непознато зошто овој човек се решил да го злоупотреби токму Тоше, чиј живот прерано згасна._______________________________________________________________________________________________________

Еве го и неговиот профил на фејсбук, човекот си ставил слики и се претставува дека е пејач, на сликите коментирал дека е тој со обожаватели, на концерти... Сељак! КЛИК



_____________________________

Live and let live

clock-img

16.11.2011, 09:34

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Јас се испотресов вчера за еден трагичен настан во Србија. Девојче на возраст од две години паднало од кревет на спрат. Татко и бил дома, дошол, ја кренал, ја смирил, престанало да плаче, и пуштил цртани и отишол во кујна. Кога се вратил да види што прави, девојчето било мртво user posted image . Починало од оток на мозокот. Не можам да престанам да мислам на трагедијава. Многу малку треба дури и за најлошото.
Господ нека ги чува сите дечиња, не знам што друго да кажам...

clock-img

16.11.2011, 12:00

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

страшно навистина, можел малку посеризоно да реагира таткото ама ете....
А овај што се претставува како Тоше незнам веќе што да речам, кој ли е овој човек.На коментарите на сликите гледав дека пишува дека му е пријател уствари.Болни луѓе.А го имате ли гледано новинарот што кажува дека Тоше или е убиен или некој го скрива и дека целата сообраќајка била наместена бидејќи Тоше бил пред апсење заедно со неговата менаџерка и продуцентот, наводно преку неговата сметка биле испрани 3, 9 милиони евра.Тој тврди дека и нашиве политичари се замешани во се и дека ќе објави книга во која се ќе открие.Јас ептен се потресов кога го гледав.Пишете Зоран Божиноски на јутјуб и гледајте.user posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

16.11.2011, 12:02

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

грешка се извинувам

< Поракaта ја уредил Pepelaska### -- 16.11.2011 12:06:57 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

16.11.2011, 12:08

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Типов иначе не вика дека му е пријател на Тоше (тој на сликата), туку дека тој е тоа. Дена он е модел и пеач од Нов Зеланд. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

18.11.2011, 09:05

clock-img

miana

pencil-img

6152

Со лажни и посмртници посвојувале живи деца user posted image И во Македонија, како и во други неразвиени земји, присутен е криминалот со посвојување деца. Дали ќе се заинтересира јавниот обвинител за податоците што се обелоденети? Јасмина Јовановска


Со лажни посмртници се давале на посвојување здрави и живи деца за пари. Ова го тврди претседателот на Здружението за деца и за младинци без родители „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ, кој вчера, преку неколку случаи на посвоени деца во земјава, откри дека во криминалот биле вмешани и лекарите и болниците.

„Пред 12 години, на мајка од Скопје што носела женско дете и бременоста и' била во ред, неколку минути по породувањето и' рекле дека родила мртво бебе. Од неа и од сопругот болницата барала да потпишат изјава дека бебето им е починато, но место со женски пол, во изјавата стоело бебе со машки пол. Тие одбиле да ја потпишат изјавата и не го подигнале лимениот ковчег што им бил даден да го видат, но без да го отворат. Оттогаш на нивната ќерќа и' се губи и трага“, ја раскажува приказната Јовановиќ, додавајќи дека жената била породена во болницата во „Чаир“.

Слични и потресни сведоштва изнесе Јовановиќ уште за неколку случаи, како што рече на крадење бебиња во родилишта, за кои оштетените семејства се охрабриле да проговорат откако Министерството за труд и за социјална политика откри многубројни неправилности во посвојувањата.

„Секој ден ми се јавуваат семејства што имале проблем со нивните деца или некои што имале проблеми со посвојување. Досега сум бил на разговор кај седум семејства, а во посета ќе одам и кај семејствата од Радовиш, Битола, Струмица“, вели Јовановиќ и нагласува дека нема да запре да ги открива случаите на криминал со бебињата за посвојување.

Со лажна посмртница и со обдукција пред околу 25 години и' биле одземени близначиња на една битолчанка. Иако високо образована, и оваа жена била излажана дека и' починале децата.

„Најчесто барале жени со ниско образование или сиромашни и од село, на кои им се раскажувале приказни за починати бебиња. Тоа и' се случило на жена од село Могила во 1979 година, како и на друга жена од Нагоричани пред околу 20 години. И на двете им било кажано дека бебињата по породување им умреле, а тие во тоа не веруваат“, додава Јовановиќ.

Тој, документите кои ги копирал ќе им ги даде на здравствените власти за да направат истрага, но и да ги казнат инволвираните лекари, медицински сестри и началници. „Имам имиња кои сестри или началници биле вклучени во лажирање на документите дека бебињата се умрени по породување“, потенцира Јовановиќ.

Тој посочи и случај во кој мајката, по 12 години трагање, нашла каде е посвоена ќерката што и' била насилно одземена. За овој случај Јовановиќ не сакаше многу да зборува, туку остави тоа да го стори мајката, која што сака да ја раскаже својата приказна во јавноста наскоро.

Освен вмешаноста на болниците, во синџирот на криминалот со бебињата, посочи Јовановиќ, биле вклучени и социјални работници, како и центрите за социјална работа. На родители од Куманово, на кои за да посовојат дете им биле побарани 7.000 марки, место здраво дете им било подметнато дете со ретардација. Тие, потоа се намачиле детето да го вратат или да го сместат во установа, бидејќи кога го посвоиле се водело како здраво. „Се правеле тајни средби со социјални работници од центри од други општини“, објаснува Јовановиќ.

Досиејата за злоупотребите со бебињата и посвојувањата Јовановиќ нема намера да ги предаде на Министерството за труд и социјална политика, зашто многу не му верува. „Цели 8 години никој не веруваше на моите укажувања. Министерството немаше слух за моите информации. Се' додека не проговорат со факти и не ја кажат вистината за посвојувањата, нема да ги дадам документите“, категоричен е Јовановиќ.

Но, затоа е подготвен копии од документите да ги предаде на Јавното обинителство и пред него да одговара и сведочи за изнесените информации за криминалот со посвојувањето. Злоупотребите да се пријават кај министерот


Граѓаните, доколку имаат какви било информации за можна злоупотреба во постапките на посвојување, да се обратат до кабинетот на министерот за труд и за социјална политика, апелираат од ресорното министерство.

„Истрагата во врска со можните злоупотреби при посвојувањето е се' уште во тек и какви било информации кои би можеле да се сметаат за релевантни докази ќе помогнат. Овој наш повик се однесува и на Здружението на граѓани „Градиме иднина“, чијшто претседател повторно објави дека поседува докази за можни злоупотреби“, се вели во соопштението од Министерството за труд и за социјална политика.
-Utrinski vesnik

clock-img

18.11.2011, 10:15

clock-img

vesna1

pencil-img

345

Pa posle se cudime zosto Agnes ne uspea da gi posvoi bliznacinjata.
Strasno,vakvi luge treba da visat na besilka.user posted image

clock-img

18.11.2011, 10:55

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Како можат вакво нешто ,нечовечко зошто не се стават во кожа на родителите пред да направат ваква злоба!! Најлошо нешто луѓето жедни за пари се ќе направат,како не им е срам,Има казна и за такви !!!

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

18.11.2011, 11:01

clock-img

miana

pencil-img

6152

Abe gospod gleda...- ke im vrati

clock-img

18.11.2011, 12:09

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Strasno, mene se uste ne mi se veruva deka ova e vozmozno kaj nas. Se si mislam, mozno e da se slucilo nekogas nesto, ama ne vo ovoj vid na organiziran kriminal... ne znam... sakam da veruvam deka kaj nas se uste ziveat luge... da se bide covek ne znaci samo da se postoi... user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

18.11.2011, 13:07

clock-img

Annet

pencil-img

2404

aii stravotija bre leleeee.jas koga ja slusnav na tv prikaznata za zamena na decata vo kocani,lelee koga sum se zamislila luge...si vikam a bre moze na sekoj da mu se sluci,se podzamisliv malku.ama ova e strasno kakva krv se ie luge takvi,so dusa ke imaat......amaa eden e Gospod na zemjava.....................

clock-img

18.11.2011, 13:12

clock-img

miana

pencil-img

6152

Kutiii toa u kocani sreka sto bea razlicen pol decava inaku zamisli sto ke se deselo user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

18.11.2011, 13:16

clock-img

mamicka77

pencil-img

1280

mamicki a slusnavte li na vesti ne vcera zafcera  kazaa na vesti ministerot za zdravstvo vo stipskata bolnica gi fatil doktorot za poragaj i dve sestri kako spijat i gi kaznil e trebase ova da se sluci a ne samo kafencetoo i sokceto i cigarenceto preku den a preku nok kebeto preku glava i vo krevet a bebinjata neka vristat neka plakat majkite neka umiraat od bolki

clock-img

24.11.2011, 12:12

clock-img

miana

pencil-img

6152

Скопска гинекологија повторно затворена На скопска гинекологија повторно се стави клуч, три операциони сали се затворени. Пациентка оперирана од тумор на јајник ги уплаши гинеколозите бидејќи од болната било извадено големо количество на гној.

По операцијата салите веднаш се затворени, се стравува дали инфекцијата од болната може да се прошири на целата клиника. Повикани се здравствените инспектори, земени се брисеви.

- Салите се исчистени, дезинфицирани, веднаш ги повикавме и санитарните инспектори, кои зедоа брисеви со кои треба да се докаже дали е безбедно да се работи во нив, вели за Канал 5 Саша Јовчевски директор на клиниката за гинекологија и акушерство.

Нема да има одложување на операции, на гинеколошката клиника работат две сали.

Јовчевски утре ги очекува првите резулатати од брисевите, потврда за да се пушти целиот оперативен блок.

Зошто и оваа жена е доведена во ваква тешка состојба преполна со гној.

Јовчевски не ја открива историјата на болната жена туку само кусо одговори дека била третирана од гинеколозите во внатрешноста на земјата без да посочи од каде е испратена.

За два месеца гинекологија по втор пат ги затвара салите од истата причина- во првиот случај родилка, овој пат пациентка со тумор на јајник и двете преполни со гној.

Се наметнува прашањето како се третираат родилките и жените од гинеколозите во внатрешноста на земјава. Постојат ли контроли, каде се раните скрининзи за откривање на малигните заболувања.

Министерството за здравство постојано посочува за протоколи на лекување, но дали тие се почитуваат кога болните жени, родилките нивните бебиња се борат за живот, современите препораки остануваат напишани само на хартија.

Мирјана Поповска

clock-img

24.11.2011, 13:23

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

божее божее немам коментар!

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

05.12.2011, 22:56

clock-img

Bububebe

pencil-img

564

Во градот Кент во Англија, полицијата уапсила маж и жена поради сомневање дека силувале едно месечно бебе. Бебето било примено на болница со скршеница на раката, преживеан срцев удар и проблеми со белите дробови.
Медицински извори говорат дека тоа биле најтешките повреди кои се забележани кај некое толку мало бебе.
Од полицијата се вели дека истрагата за овој грозоморен случај е во тек

Статијата е преземена од Time.mk


Немам коментар!!!

clock-img

06.12.2011, 10:22

clock-img

Octavia

pencil-img

617


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe

Во градот Кент во Англија, полицијата уапсила маж и жена поради сомневање дека силувале едно месечно бебе. Бебето било примено на болница со скршеница на раката, преживеан срцев удар и проблеми со белите дробови.
Медицински извори говорат дека тоа биле најтешките повреди кои се забележани кај некое толку мало бебе.
Од полицијата се вели дека истрагата за овој грозоморен случај е во тек

Статијата е преземена од Time.mk


Немам коментар!!!



Господе, останав занемена user posted image . Секој нов ден ни докажува дека пострашно животно од човекот не постои на планетава... Ужас... нема збор да се опише овој хорор user posted image

clock-img

06.12.2011, 15:33

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Мајка, татко и 3 годишно дете скокнале од прозорецот на шестиот спрат од еден хотел во Белград. Семејната трагедија попладнево ја потресе цела Србија. Мајката и таткото на возраст од 51 и 49 години починале на самото мессто, додека детето сеуште давало знаци на живот и е префрлено во белградскиот Ургентен центар. 
Портпаролот на белградската Брза помош Нада Мацура за Б92 изјавила дека детето е со тапа повредда на главата, отворена скршеница на десната нога и повреда на левиот лакт. Додала дека е детето е во свесна состојба, но не комуницира.
На местото се наоѓала и воена полиција бидејќи мажот бил воен пензионер. Трагедијата, според очевидците се случила околу 13,30 часот.
user posted image user posted image user posted image


< Поракaта ја уредил Maca RR -- 6.12.2011 15:37:47 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

14.12.2011, 00:02

clock-img

lilicka

pencil-img

866

Незнам дали слушнавте на Тв. за бомшкиот напад во Лиеж-Белгија.......моите внуци биле таму од другата страна на улицата дечињата се враќале од школо и чекале бус за дома кога во тоа време почнал тој лудакот да пука на нив
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Господ ми ги чувал моите најмили.....денес ми е најтешкиот ден во мојот живот,мислам дека едно 10год ми се скрати!!

clock-img

14.12.2011, 11:58

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Леле, Лиличка, голема среќа имале твоите внучиња!!! user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

14.12.2011, 14:19

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

чути срца малечки ,лудаци секаде има господ ги чувал нека ги чува сите деца .....

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

13.01.2012, 13:52

clock-img

Џесика

pencil-img

2036


Мртво новороденче пронајдено во контејнер во центарот на Скопје


Мртво новороденче пронајдено во контејнер во Скопје. Како штo информира полицијата, утрово околу 11 часот новороденчето било пронајдено во контејнерот зад Универзалната сала, меѓу улиците Борка Талевски и 29 ти ноември. Од полицијата не откриваат повеќе детали бидејќи увидот е сеуште во тек

Извор: press 24


Мм ми јави за ова пред некој саат, кај него на работа пред зграда се случувало ова, шокирани се сите!!!

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

13.01.2012, 14:05

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Ne mozam da ja gledam ovaa, prviot pat se rasplakav, a sega samo go kopirav linkot. Neverojatno... Gospod dava deca tamu kaj sto ne treba, a tamu kaj sto treba... :(((

http://www.youtube.com/watch?v=shs9IC1wpHk&feature=related

So vakva majka, bollje sam ubi se...

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

13.01.2012, 14:17

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

па мене не ми изгледаше нешто посебно уау шокантно.

Иди во цицање на палецот и читни што совети даваат или им давале на некои мајки. Лута пиперка и сл.

Само ладниот туш ми личеше претеран, ама подобро е од да го измаваш, да го испцуеш, да го извреѓаш, да му набиеш комплекс дека е лошо дете, најлошо, па види на комшиите каки се добри, само ти нечиниш, па само ти се правиш прасе, само ти носиш пелена и милион други работи кои на мене лично полошо ми изгледаат и звучат.... Повеќе ми личеше на мајка што одбрала погрешен начин, отколку на класична злоупотреба.

< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 13.1.2012 14:25:02 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

13.01.2012, 16:04

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Во еден од контејнерите позади Универзалната сала во центарот на Скопје е пронајдено мртво новороденче.

Новороденчото е пронајдено околу 11 часот во контејнерот меѓу улиците „Борка Талевски“ и „29-ти Ноември“.

Од СВР скопје велат дека по извршениот увид утврдено е дека станува збор за женско бебе кое според првичните информации нема видливи траги на насилство.

При вршење на увидот присутни биле и Јавен обвинител и Истражен судија, по чија наредба мртвото бебе е предадено на обдукција.

Резултатите од обдукцијата треба да покажат колку точно било старо бебето и кои се причините за смртта.




Зар и кај нас?

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

Последни статии

article-img