Еве пошто ни тргнало со страшните ситуации... денес мене ми е втор роденден, т.е на син ми... го пуштив да оди доле кај свекрва ми, а свекрва ми во тој момент била во вц, и господинот си отклучил врата, си излегол во двор, си отворил и од дворот портата и си излегол... отишол скоро до Партизанска... јас го мислам кај свекрва ми, кога дома ми го носат две бабички, го нашле скоро кај амбулантата и Тедико во Влае, за малку ќе го згазела кола... го виделе само детево и го прашувале каде живее...а знаете,. син ми слабо зборува, па им викал „мама вози кола, тато вози кола“ и го фатиле за рака и му рекле носи не дома, и ги донел... луѓе, каков шок доживеав откако влегов дома, уште сум онака млитава и цело време фолмови ми поминуваат низ глава, што ако дојдев во ситуација да го барам по улици, што ако тргнел накај булеварот??? леле детево 500 метри си изодело по папучки, ќе шетал господинот... верувајте првпат во животот осетив нагон да го здрвам од ќотек, кога сите овие слики ми поминаа низ глава, сепак прибрано му одржав лекција, а и во неговите очи осетив страв и каење... и еве го сега цело време вика „Бојан бегаше“, му викам кај бегаше ти? Вика „на Матка“ (бил денеска на Матка со свекрва ми, па посакал пак) сега верувате или не, до вц го зимам со мене, ко фобија некоја да добив....
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!