cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Страшно

  
clock-img

23.07.2013, 15:51

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

нека почива во мир,сонце мило

clock-img

11.02.2014, 10:07

clock-img

miana

pencil-img

6152

Neznam dali go procitavte ova ama jas nemozam da se iznacudam...UZAS!!!!

Трагедија во Штип, 15 месечно затруено со отров во градинка?


Според неофицијални информации, вчера во Штип 15 месечно бебе изело отров за глувци кој бил поставен во собите во кои престојуваат деца во градинката. Директорот на градинката Астибо, Иле Митров каде што се случил настанот негира дека детето изело отров, туку поради сомнеж на една од вработените, детето било однесено во болница од каде што констатирале дека нема никакво труење.

„Во петокот и саботата се вршеше редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција (3Д) од страна на Хигиенскиот завод во Штип според сите прописи и процедури. Таков отров за физички да се стави во уста, воопшто не може да се најде, бидејќи се прска. Бидејќи детето ставило нешто во уста, една од вработените се посомневала да не е случајно нешто отровно, имајќи предвид дека викендов се вршеше 3Д. Откако ме повикаа и ми го кажаа случајот, превентивно решив детето заедно со родителите да се однесе во болница, каде што според испитувањата констатирано е дека нема ништо. Но, родителите и покрај тврдењата на медицинскиот персонал дека може детето да си оди дома, одлучиле детето да го однесат во болница во Скопје. Јас сум во контакт со еден од родителите и тој потврдува дека испитувањата во Скопје исто така покажале дека се е во ред, протоколарно се задржани 24 часа,“ вели директорот на градинката Митров.

Од болницата во Штип се уште немаме официјална информација.

Како што пишуваат на социјалните мрежи, мајката е во болница со детето, на кое му е перен стомакот и е даден противотров. Мајката и детето се се уште во болница со инфузии и стравувале за денешниот ден зошто отровот имал продолжено дејство. Од Општината го истражуваат случајот. Подетални информации следуваат.

clock-img

11.02.2014, 10:51

clock-img

Tanjat7880

pencil-img

1256

Bah sega go citav ova,bolnicata neizlegla so oficijalen podatok,opshtinata raboti na slucajot,od gradinkata vikaat deka toa ne se slucilo....daj boze ova da se samo shpekulacii,nedozvolivo e vo prostorija kade lazat deca da ima vakvi supstacii!

clock-img

11.02.2014, 14:03

clock-img

Goddess*

pencil-img

332

A majkata na fb se oglasi niz kakvo patishestvie pominale so deteto,i jzk neka mu e na direktorot od gradinkata shto saka celava rabota da ja zatskrie,a se plasham deka na kraj taka i ke izleze,zatoa i bolnicata ne objavuva nishto.

clock-img

11.02.2014, 14:29

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

"Софијанова: Не се најдени траги од отров кај детето од Штип

Петнаесетмесечното бебе кое вчера било донесено од Штип во Клиниката за детски болести во Скопје поради сомневање дека голтнало отров за глувци е во добра здравствена состојба, потврди денеска директорката на Клиниката Аспазија Софијанова.

Детето било донесено вчера околу 15:15 часот откако претходно лекарите во Штип му го исчистиле стомакот по претпоставка дека можеби консумирало отров за глувци што бил употребен викендот за дезинсекција и дератизација во градинката „Астибо“ каде што е згрижено.

- Не се најдени никакви траги од евентуалниот отров, но за секој случај е донесено на Клиника бидејќи може да настанат подоцнежни компликации од тој отров. Сега детето е во стабилна состојба. Испитувањата покажуваат уреден наод со никакви компликации и знаци дека евентуално, доколку го зело тој отров, стигнало во циркулацијата. Досега нема знак на пореметување во клиничката и во хемиска лабораторија. Очекуваме резултатите да одат добро и мислиме да го пуштиме дома, изјави д-р Софијанова и додаде дека лекарите од Штип постапиле правилно со одлуката малиот пациент да го пренесат во Скопје.

Детето вчера напладне било примено на Одделот за педијатрија во Клиничката болница во Штип, откако негувателката во градинката „Астибо“ се посомневала дека голтнало од отровот за глувци што викендот бил употребен во градинката. Било примено превентивно, без симптоми на труење.

Началничката на Одделот за педијатрија Марина Гацова изјави дека по прегледот било конастатирано дека нема труење.

- За време на прегледот детето не пројавуваше клинички знаци на труење, а лекарката која беше дежурна ги има преземено сите мерки на претпазливост и на детето му е испран желудникот, рече Гацова"

********************************
Извор: МИА

Се надевам дека изјавата е точна и дека со детето е се во најдобар ред.



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 11.2.2014 14:31:12 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

13.03.2014, 11:58

clock-img

miana

pencil-img

6152

Хорор го потресе Неготино.
Ротвајлер кој не бил врзан и не носел заштитна маска нападнал мајка која си се шетала со петмесечното бебенце.

Според информациите на Дневник, матичниот лекар Ратко Грков од Неготино кој се погрижил за повредите со кои се здобиле мајката и детето при немилиот настан, изјавува дека кучето ја нападнало мајката додека си го шетала бебенцето во количка.

Според неговите зборови, кучето најпрвин се нафрлило на бебето во количката и почнало да го влече неговото ќебенце, а мајката веднаш започнала да вреска при што кучето се свртело кон неа, ја бутнало на земјата, а откако таа инстинктивно ја подала својата рака да да го спаси своето бебе од , тој и откинал прамен од косата во широчина од 5 сантиметри, напред на главата околу челото.

- Жената кога паднала на земјата се здобила со повреда на лактот, а откако кучето и откинало прамен од главата освен страшната болка, жената се здобила и со црвенило на кожата, вели докторот Грков за Дневник.

Додека мајката се борела со кучето за да го спаси своето чедо, животното успеало да ја преврти бебешката количка, а бебето излетало од количката и се удрило по главата при што се здобило со хематом.

За среќа, целата драма ја забележале работници кои веднаш притрчале за да го оттргнат кучето од несреќната жена. Во истиот момент дотрчала и газдарицата на ротвајлерот која и самата на почетокот не можела да го оттргне, но потоа го врзала со синџир и успеала во намерата.

- На бебето веднаш му ја исчистивме раната на главата и му направивме тинктура со која ќе се мачка за да се намали отокот. На мајката и дадов две ампули диазепам и ја санирав повредата од откорнувањето на косата. Но дупката од недостаток на коса си остана. Таа сеуште не може да се прибере и да си дојде на себе од страв, додава лекарот.

Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска потврди дека навистина во текот на вчерашниот ден во Неготино констатиран е прекршок „држење животни-куче без заштитна маска“ предвиден во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. 47- годишна неготинчанка додека го водела своето куче од расата „ротвајлер“ без заштитна маска , кучето нападнало жена која во моментот се шетала со своето бебе , при што се здобила со видливи повреди.

Извор - Сител

clock-img

13.03.2014, 12:18

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Браво бе, некои луѓе не им доаѓа памет ни закон важи за нив ни ништо...њ,њ,њ како можела ако имала ротфајлер да го пушти така да шета? Не само што треба казна да плати, него според мене и затвор да оди!!!!!! Кузнае мајката и детето како и колку време ќе им треба за да се опорават од шокот, стварно за срамота....

Сопственициве на кучиња кај нас изгледа нема да се научат на ред...имам примери на сопственици на агресивни кучиња кои повредиле комшии/пријатели, пријавени се, но и покрај се пак ги чуваат истите кучиња....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

13.03.2014, 12:24

clock-img

miana

pencil-img

6152

Кучето не е криво, крива е сопственичката и мислам дека сега треба дебело да и покажат како треба да се постапува со куче!!!
Сирота женава, а и детето..Може да му остави на детето послеидци, уплав и да не кажам уште што се треба. По правило сега треба да го убијат кучето и да направат ред испитувања, дали боледувало од некоја болест!!! Ма треба малце да се појача инспекцијата и да шетаат малце повеќе и а видат некое куче без маска, одма казна..Епа после казната нема да им се повтори!!!

clock-img

13.03.2014, 12:48

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Ужас,а за ова треба да одговара сопственичката на кучето.Најпрво недозволиво е да се пушта куче од оваа или слични раси слободно да шета.Јас сум за третман на животните исто како и за луѓето,ако неговото однесување е социјално прифатливо,да го третираме со респект и љубезност,а ако не е така да биде казнето.Како што сум ЗА смртна казна за педофилите и сериските убијци,така би била ЗА еутаназија на кучето.Тоа од некоја причина,дали било така тренирано или пак истрауматизирано,нападнало човек и треба да одговара,а уште повеќе неговата сопственичка,која ајде да речеме до некој степен има поголема интелегенција од животното. .И да се разбереме ,јас сум сопственик на Златен ретривер и уште едно куче што не е расно.Околу односот на луѓето спрема животните тука не сакам да дебатирам,ама секое социјално неприфатливо однесување,дали е на човек или дете или пак животно,треба да се санкционира.Жал ми е а мајката,која најверојатно е истрауматизирана за цел живот,а малото сонце е побргу да оздрави.

clock-img

11.07.2014, 21:32

clock-img

kapina

pencil-img

4327

seuste sum pod stres za helikopterot sto padna vo strumica i sto zaginaa 4 dusi helikopterot go slusnav kako ja nadleta zgradata kade sto ziveam jas oti bev na 5 sprat slusnav oti cudno bucese nekako mnogu po silno od drugite helikopteri potresena sum celata od toa

clock-img

12.07.2014, 09:12

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

seuste sum pod stres za helikopterot sto padna vo strumica i sto zaginaa 4 dusi helikopterot go slusnav kako ja nadleta zgradata kade sto ziveam jas oti bev na 5 sprat slusnav oti cudno bucese nekako mnogu po silno od drugite helikopteri potresena sum celata od toa



Еден од нив ни е близок домашен пријател, супер човек... јас сум во шок и неверување, мислам некој ќе ми каже дека не е вистина....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

12.07.2014, 10:25

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Надлета и над Берово,се гледаше дека нешто не е во ред,леташе многу ниско,изгледа барале место да слетаат некаде затоа што останале дефект.И ние сме потресени,не ги знаевме луќето лично,ама толку млади животи да згаснат и зад себе да остават фамилии,тоа е страшно.Нека почиваат во мир и господ да им даде сила на најблиските да продолжат понатаму.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

29.11.2014, 01:54

clock-img

caciana

pencil-img

863

Denes na radio slusnav deka roditel na prvace od Negotino objavil slika na FB. Zamislete decata vo Negotino se miele race direkno od legen.


Извор:Твитер
Првачињата во ''''ОУ Гоце Делчев'''' Неготино овде треба да ги мијат рацете.
Хигиената во 21 век на едно исклучително ниво
user posted image

STRAMOTA!

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 29.11.2014 13:55:54 >

clock-img

14.12.2014, 13:29

clock-img

caciana

pencil-img

863

Драма во „Рамстор“: Непознати лица од Косово украле дете, пронајдено е во гаражата
Не знам колку е вистина работава, но сметав дека треба да ја споделам информацијава со вас.
Стварно е страшно..мамички внимавајте на дечињата!

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 10.9.2015 13:48:36 >


_____________________________

Life is party :D :*

clock-img

14.12.2014, 13:39

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Taman boga mi covek da se isplasi jas cesto pati koga doagam za sk odam sama vo ramstor jas tie denovi vcera i denes mnogu sum potresena na edna koleska sto se imam mnogu pocina sinot i na27 godini od tumor na mozokot strav da go fate covek znaci mladi sme a veke so takvi opaki bolesti

clock-img

14.12.2014, 13:48

clock-img

caciana

pencil-img

863


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Taman boga mi covek da se isplasi jas cesto pati koga doagam za sk odam sama vo ramstor jas tie denovi vcera i denes mnogu sum potresena na edna koleska sto se imam mnogu pocina sinot i na27 godini od tumor na mozokot strav da go fate covek znaci mladi sme a veke so takvi opaki bolesti


user posted image Strasno..neka pociva vo mir user posted image

_____________________________

Life is party :D :*

clock-img

24.12.2014, 21:51

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Жално: Двегодишно дете од Куманово починало од родителска негрижа!?

Двегодишно дете од Куманово во сабота вечер починало на Клиниката за детски болести. Според информации на zdravstvo24.mk, со возило на Брза помош било донесено во терминална фаза. Според дежурниот медицински персонал, детето било апсолутно инкомпатибилно. Резултатите од крвната слика биле катастрофални – хемоглобин 22 и еритроцити 0,9 што според лекарите е невозможно да биде спасено. Половина час траела реанимацијата, но немало шански за спасување на детскиот живот. Сите кои биле на работа таа вечер се шокирани и згрозени од она што го виделе. Велат не паметат ваков случај досега. Детето било тешко едвај 13 килограми, изгледало неухрането..Било полно со вошки не само по главата, туку спроед сведоштвата на персоналот вошките го лазеле и по телото. Не било бањато, било запоставено а за да има таква крвна слика, прашање според здравствените работници е дали воопшто добивало храна и дали некогаш видело месо. Бидејќи вошките лесно се пренесуваат, надлежните на Детска, направиле целосна дезинфекција на Ургентниот центар

Според податоците на zdravstvo24.mk, мајката на детето била со пречки во развојот. На дежурните во Ургентниот центар им кажала дека детето еден месец не можело да стане од кревет, не можело да оди. Пред да биде донесено во Скопје, било пронајдено во дворот со главата во земја. Носот му бил полн со песок и лекарите не можеле да го интубираат.

Откако безуспешно завршиле сите напори на вработените во Детска за негова реанимација, следувал нов шок. Двегодишното кумановчанче воопшто не било регистрирано како жител на државата. Немало извод ниту било каква документација за негова идентификација. Мајката имала уште три деца, а била бремена со петтото дете. Полицијата го проверила случајот и констатирале дека станува збор за социјално семејство, но не покренале никаква пријава бидејќи не станува збор за насилна смрт. Причина за поведување на постапка не нашол и кумановскиот обвинител, а нема никаква потврда што правеле кумановските социјални служби имајќи во предвид дека детето немало никави документи.

Обдукцијата треба да покаже од што починало двегодишното дете. Остануваат неодговорени многу прашања, а персоналот од Детска уште долго ќе се сеќава на овој случај.

Извор:zdravstvo24.mk

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 24.12.2014 21:52:29 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

24.12.2014, 21:53

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Прашање е кој треба да роди ,а не како да родиuser posted image покојзнае кој пат срам за социјалните служби во најсоцијално лошата земја user posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 24.12.2014 21:54:02 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

14.03.2015, 14:01

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Седуммина загинати при пад на српски воен хеликоптер кој превезувал болно бебе

Седум лица загинаа синоќа во реонот на Белград, при уривање на хеликоптер на Војската на Србија, кој превезувал бебе старо пет дена од Нови Пазар кон белградскиот аеродром „Никола Тесла“, соопшти денеска српското Министерство за одбрана

Поради несреќата Владата на Србија го прогласи 15 март за Ден на жалост.

Како што јави Танјуг, хеликоптерот од типот Ми-17 требало да го пренесе тешко болното бебе до Белград за да биде хоспитализирано на Институтот за мајка и дете.

Според Б92, поради лошите временски услови и маглата, хеликоптерот синоќа околку 22 часот не успеал да слета на аеродромот во Белград. По ова, тој некое време кружел над Белград во обид да најде погодно место за слетување, по што во 22:31 часот исчезнал од радарите.

Извор:новини.мк

=============================

Судбинаuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

07.09.2015, 21:55

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Почина родилка од Тетово, лекарот суспендиран од работа

Триесет и тригодишна родилка од Тетово починала од нестручно изведено породување во тетовската болница, а бебето се наоѓа во критична состојба, обвинува семејството.

За случајот се води истрага, а гинекологот кој ја вршел интервеницијата е суспендиран од работа додека не заврши истрагата.

Ноќта меѓу 19 и 20 август на одделението за гинекологија во болницата во Тетово се случувала вистинска драма, раскажува за НОВА, член на потесното семејство. Породувањето со царски рез на В.К започнало во 21 часот и траело до полноќ, но поради обилно крварење и компликации во 3 часот изутрината била направена уште една операција.

Поради лошата здравствена состојба во која западнала, младата жена била префрлена на скопските клиники на КАРИЛ, каде во 8 часот изутрина била повторно оперирана.

Родилката починала по неколку дена поминати на апарати за дишење на одделението за интензивна нега.

Бебето утредента по породувањето било префрлено на Клиниката за детски болести и се наоѓа во критична состојба.

„Бебето е се уште на апарати за дишење, тешко оди одвикнувањето самостојно да започне да дише. Испратена е крв за анализа, за да се испита дали има вроден гентски синдром бидејќи има недоволно развиени бели дробови и ребра, но тоа нема врска со породувањето по кое почина неговата мајка“, велат на Клиниката за детски болести.

Извор:новатв.мк

============================
user posted image УА ЗА ЗДРАВСТВОТО

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

07.09.2015, 22:21

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Zalnoo bozee greotaa ne samo suspendiranje tuku treba da mu se odzeme i rabotnata dozvola do koga vaka ke umiraat pacientite a lekarite nema da bidat kaznuvani suspendirani samo na mene kolku greski mi imat napraveno vo mojot zivot edna od niv ke ja platev dva pati so zivotot

clock-img

08.09.2015, 17:30

clock-img

Bella28

pencil-img

78

Najzalno od se e sto slucajot ke se zaboravi I nikoj nema da odgovara.Pocnuvajki od doktor sestri I site ostanati nesposobni medicinski lica so iskucok na nekoi koi se se poretki user posted image

clock-img

09.09.2015, 22:39

clock-img

Ilina87

pencil-img

326

Денес се згрозив од видео што кружи по интернет каде дадилка од Скопје малтретира деветмесечно бебе. Ужас. Колку забегани луѓе постојат, гниди. Какви трауми се тоа за детето. Веднаш бесилка за такви монструми.

clock-img

10.09.2015, 08:08

clock-img

Veronica_Lia

pencil-img

49


Родители, погледнете!
Понекогаш помислуваме дека вакви ужасни работи се случуваат далеку од нас, но вистината е дека монструми има насекаде!
Внимавајте на кого ги доверувате вашите најмили, за среќа во несреќа ова бебче е добро, но не дај Боже резултатот можел да биде фатален... Ужас!

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 10.9.2015 13:45:28 >

clock-img

10.09.2015, 09:16

clock-img

miana

pencil-img

6152

Оваа крава, право на бесилка.. Не ми е јасно како може така... Луѓе, ја гледав снимкаа и многу се вознемирив... Кутро дете па ќути сиротко user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Секогаш сум си мислела дека кога би најмила жена, би ставила камера без да знае.. Ова треба сите што имате жени по дома да го направите!!!! ММ вчера вика, незнам дали ја изм'згале оваа пред да ја пријават.. Ја би ја задавила, па макари да ја лежам!!!!
Можеме ли некако да влијаеме да ја добие највисоката казна? Ако има правдина, 10 години затвор за ова чудовиште !!!!!

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

Последни статии

article-img