cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: страшно

  
clock-img

03.03.2010, 00:28

clock-img

delfinka

pencil-img

416

sramovi za prilepskite doktori
ne li se sramat,imaat li lice?
ne im e zal da unistuvaat tugi zivoti?
Neka se zatvori taa prokleta klinika i neka zenite na vreme i odat vo druga
a za nasata ringerajka bravo za hrabrosta,se nadevam deka ste dobri site vo semejstvoto

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

clock-img

03.03.2010, 00:38

clock-img

nadica

pencil-img

4381

палешке мила па ти си била до пеколот и назад user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image браво за твојата храброст и храброста на маж ти а најголемо браво за храброста на марио и миа user posted image user posted image user posted image

а за тоа што се случува во прилеп е жално за пациентите треба да се затвори цела болница и ако има сепса не е доволна дезинфекција и варосување дури и плочките би требало да се сменат

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

03.03.2010, 20:12

clock-img

April

pencil-img

1257

31 годишна родилка од селото Горна Бањица починала синоќа, откако се породила во гостиварската болница. Нејзиното женско дете се родило со папочната врвца замотана околу вратот, без да покажува знаци на живот.

Семејството зад камерите обвинува за лекарска негрижа, но сепак не го прифатиле барањето на обвинителството да се изврши обдукција врз телото. Од болницата ги отфрлаат обвинувањата. Велат дека претходните прегледи упатувале на нормална бременост.

Докторите посочуваат дека обдукцијата е единствениот начин за да се открие причината за смртта. Ова е втор ваков случај во регионов деновиве. Во неделата во Тетовската клиничка болница почина родилка, откако роди здраво машко дете. И во овој случај семејството не дозволи обдукција врз телото.
user posted image

clock-img

03.03.2010, 21:09

clock-img

Enika

pencil-img

1480

Леле бре страшно е ова...user posted image user posted image user posted image

clock-img

03.03.2010, 21:31

clock-img

Adrijana

pencil-img

1301

Lele kolku se nerviram, abe luda drzava, nisto ne funkcionira kako sto treba.user posted image user posted image user posted image greota za decinjata sto ostanale bez mamickiuser posted image

_____________________________


clock-img

03.03.2010, 21:39

clock-img

Adrijana

pencil-img

1301


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Во нашата зграда во неделата изби пожар, многу беше страшно user posted image
Утрото околу 10 часот се запалиле визбите, никој ништо не сетивме се додека не се наполни зградата со чад. Дојдоа пожарникари, тропаа по сите станови за да утврдат од каде е пожарот и ни забранија да излегуваме од зградата, апсурд!
Неможеа цел час да локализираат од каде е пожарот. Почнаа и становите да се полнат со чад, веќе бевме цел час без струја. Паника невидена, нема кислород дома, на тераса е ладно да излезам со Миа, во цела зграда магли од чад, прст пред око не се гледа, угоре високо, удолу длабоко, една безизлезна ситуација што да ви кажувам.
И тогаш решивме дека мора да бегаме низ чадот. Ја ставивме Миа во корпата, ја покривме преку глава и и ставивме шамивче натопено во вода над лицето. И ние зедовме шамивчиња, воздух колку што можеме и излеговме. Мм и Марио ги истуркаа пожарникарите кои се обидеа да не сопрат..требаше да поминеме 60 скали без кислород и видливост. Страшноооо...Марио скокаше по 5 скали, мм со Миа в раце по две без да гледаат, јас сета се тресев, неможев ни по една скала. Леле одвај излеговме user posted image  user posted image  user posted image . Пожарот го локализираа дури по три часа.

Ете толку се спремни службите за итна помош..наместо да донесат скали и да не евакуираат, тие свесно ќе не запалеа живи.




Mnogu pati kazav i pak ke kazam, luda drzava, ludo e se, nikoj ne si ja raboti rabotata kako so treba.
Milo mi e sto dobri site,user posted image za hrabrosta.

_____________________________


clock-img

04.03.2010, 12:07

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

И замислете, денес мами ми кажува дека во Вест имало напис, како пожарникарите совесно си ја завршиле работата, го изгаснале пожарот-немало жртви. Па нормално кога работава беше, спасувај се кој можи. Имаме стари луѓе во зградава, неподвижни, мм и уште неколкумина влегуваа по становите и в раце ги носеа до тераса да дишат.user posted image  user posted image  user posted image  Пожарникарите не спасиле, срамота...едвај изгаснаа...сега живееме над океан. user posted image

А за прилепските доктори немам зборови, СРАМОТА, во кој век живееме секој ден да умира по една родилка user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

04.03.2010, 12:11

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Искрено не знам која жена ќе се осуди да се породи во прилепската болница,катастрофа невидена.user posted image

clock-img

04.03.2010, 12:34

clock-img

brineta88

pencil-img

459

21-годишна жена починала вчера два часа по породувањето во тетовската болница. Таа родила здраво машко дете, а причината за смртта според првичните информации на директорот на клиничката болница Атила Реџепи е компликација.

Според него станува збор за тромбоемболија, но точните причините допрвин ќе се утврдуваат. Како што соопшти директорот Реџепи, на телото на почината по барање на семејството не е извршена обдукција. 21-годишната жена денес е погребана на гробиштата во Брвеница.


_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

clock-img

04.03.2010, 12:48

clock-img

aleksandra panevska

pencil-img

36

A dali voop[sto ke se najde vinovnikot za ovie slucai ili i ova  ke pomine bez odgovornost kako i se drugo vo drzavava

clock-img

04.03.2010, 12:51

clock-img

ostoun

pencil-img

436

Ne znam zosto ne dozvolile obdukcija treba da ja baraat pravdata da odgovara nekoj za svojata nesovesnost vo 21vek od nehigiena da pocinuvaat rodilkiuser posted image

clock-img

04.03.2010, 12:58

clock-img

mami

pencil-img

8680

искрено- ми е страв да раѓам пак второ овде...ми беше страв со Лука, сега уште повеќе...си мислам да отидам некаде надвор, да го родам и да се вратам после...

clock-img

04.03.2010, 13:07

clock-img

Medo

pencil-img

250

Ова веќе стана секојдневие луѓе. Страшно!!! Да ти е страв да раѓаш дете.

clock-img

04.03.2010, 13:16

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

во 3 дена 3 смртни случаи.во кој век живееме.и мене колку ми беше страв секое одење во веце се плашев, паничар сум па камоли вака кога слушаш. да не посакаш од страв божеееее!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

04.03.2010, 13:41

clock-img

karla

pencil-img

224

Sekojdnevno slusame za vakvi slucai i sekojdnevno emotivno ja prezivuvam sekoja vest i navistina povekje nemozam da izdrzam. Tolku mnogu se razocaruvam od sopstvenata tatkovina sto se povekje popustam na idejata na mazot mi da zamineme vo stranstvo. Za zal, ako sakame podobra idnina za nasite deca, edakvo zdravstvo za site i podobri uslovi za zivot, smetam deka kaj nas toa povekje go nema. Na denesno vreme vo rok od nekolku meseci da pocinat nekolku od rodilki vo ista bolnica i toa od SEPSA??? I sto e uste potragicno nikoj da ne snosi odgovornost za toauser posted image Navistina e strasnouser posted image

clock-img

04.03.2010, 14:26

clock-img

majka 79

pencil-img

836

prilepskata bolnica e vo katastrofalna sostojba, ne samo sto nema aparati, higienskite uslovi se tolku losi sto polosi nemozat da bidat, javnite vecinja niz gradot se pocisti odkolku onie vo bolnicata, a najloso od se e sto nema doktori.
nema nitu eden salam doktor sto vredi, site sto bea poveke ceneti ili bea od starata ganetura doktori sto se vo penzija ili pak onie pomladite posposobnite zaminaa vo skopje.
lugeto vo pp odat vo bolnica i mesto da ozdravat , tie tamu umiraat od negrizata, nezainteresiranosta i neznaenjeto na prilepskite doktori.

clock-img

17.03.2010, 10:20

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Ксенија Пајчин најдена мртва user posted image



Поп пејачката Ксенија Пајчин е пронајдена мртва во станот во Вождовац, потврдува српската полиција. Според нивните извештаи, убиен е и...   ... нејзиниот дечко, црногорскиот манекен Филип Каписода! Се уште нема никакви детали што точно се случило. Од полицијата е соопштено дека најверојатно се работи за убиство и самоубиство, а пронајден е и пиштолот со кој е извршен овој злочин. Најверојатно до трагичниот настан дошло откако Каписода пукал во Ксенија, а потоа извршил самоубиство. За ова сведочи и пиштолот пронајден покрај телото на Каписода и прострелна рана во неговата слепоочница.

user posted image

Ксенија Пајчин е родена на 3-ти декември, 1977 година во Белград. Својата кариера ја започна како пејачка на групата  "Duck", за наскоро да сними свој самостоен албум. Последната информација во врска со неа беше таа дека Ксенија е трудна, што таа строго го демантираше. Филип Каписода е црногорски манекен кој стана познат по учеството во "Големиот Брат ВИП".

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

17.03.2010, 13:14

clock-img

ananikol

pencil-img

1568

ИЗВОРНА ПОРАКА: karla

Sekojdnevno slusame za vakvi slucai i sekojdnevno emotivno ja prezivuvam sekoja vest i navistina povekje nemozam da izdrzam. Tolku mnogu se razocaruvam od sopstvenata tatkovina sto se povekje popustam na idejata na mazot mi da zamineme vo stranstvo. Za zal, ako sakame podobra idnina za nasite deca, edakvo zdravstvo za site i podobri uslovi za zivot, smetam deka kaj nas toa povekje go nema. Na denesno vreme vo rok od nekolku meseci da pocinat nekolku od rodilki vo ista bolnica i toa od SEPSA??? I sto e uste potragicno nikoj da ne snosi odgovornost za toauser posted image Navistina e strasnouser posted image




Tazno,no vistinito

clock-img

28.03.2010, 21:29

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Прочитавте ли дека при вчерашната средба на членовите на босанските РР-мамички во локалот каде што биле се случило пукање...Ама за среќа никој не бил повреден,ниту пак децата сфатиле што се случило...За среќа се завршило добро...Страшно!!!

_____________________________

Love is in the air

clock-img

28.03.2010, 21:32

clock-img

mami

pencil-img

8680

Ајдееее..не сум стигнала да отворам..страшно..среќа никој не бил повреден...

clock-img

29.03.2010, 16:57

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Уште едно детенце исчезнало. 4годишно во Куманово. Трагично е но и ме тера да се запрашам како ги оставаат децата без надзор. Па на 4 години смее ли да го пуштиш само не мора да помислиш дека ќе го киднапира некој доволно е да мислиш дека може да падне или да излезе на улица да го удри кола и ред други црни мисли.

_____________________________

love u all

clock-img

29.03.2010, 17:10

clock-img

Leonida

pencil-img

411

Леле ова со исчезнување на деца многу ме плаши. Порано се сеќавам кога бевме мали никогаш не сум чула за вакви ситуации, а нон стоп бевме надвор и си игравме пред зграда. Сега толку често се случува што и јас си помислувам дали тоа е недоволна грижа на родителите или пак дојдено е лудо време user posted image

clock-img

29.03.2010, 17:19

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Уште едно детенце исчезнало. 4годишно во Куманово. Трагично е но и ме тера да се запрашам како ги оставаат децата без надзор. Па на 4 години смее ли да го пуштиш само не мора да помислиш дека ќе го киднапира некој доволно е да мислиш дека може да падне или да излезе на улица да го удри кола и ред други црни мисли.




Навистина - можеби обвинувачки е да се наречат неодговорни и несовесни таквите родители, но тоа е вистината. Можеби и времето е такво, но главната причина се родителите.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

29.03.2010, 17:20

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Jas se sekavam koga bev nekade 1-2 oddelenie isto se sluci isceznuvanje kolku samo predupreduvanja dobivavme od ucitelkata pa doma od roditelite. A denes mpze da se kaze deka toa se slucuva sekojdnevno

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

13.04.2010, 22:52

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Исчезна петгодишно девојчеОва петгодишно девојче цел ден ја чекаше својата сестра близначка, која вчера исчезна од пред семејната куќа во кумановската населба Бавчи.
user posted image
Малата Мирсада Хелдовиќ последен пат била видена вчера, како си игра во дворот. Трагата и се губи во попладневните часови, кога случајот бил пријавен во полиција. Петгодишната Мирсада исчезнала само пет минути откако нејзината баба влегла во семејната куќа. Во тој период очевидци тврдат дека на патот над куќата бил забележан џип без регистарски таблички. Семејството тврди дека надлежните не преземаат ништо за да ја најдат Мирсада. Два дена шеесетина лица од населбата го бараат петгодишното девојче. Неговата 18-годишна мајка е трудна со четвртото дете. Низ солзи молеше за помош. „Не е важно што сме ние цигани, сите имаме иста кожа, имаме исто се, но овде нема власт, да е албанско или македонско дете, сите ќе потрчаат“, вели тетката на Мирсада.„Нема никаков интерес, повеќе ние трчавме, преку 200 луѓе, фамилија, комшии“ рече бабата на Мирсада.Пред само 15-тина дена, на еден километар од куќата на Хелдовиќ, исчезна и петгодишниот Дане Мемеди. Сомнежите беа дека детето се удавило во кумановска река, но неговото тело не беше најдено. Сега, случајот добива нов тек - постои ли организирана криминална група од Куманово која се занимава со трговија на деца?„Само тоа е дека детето е земено организирано, дека има некој што зема деца“, вели Драган Мемеди.„Ова е втор случај, детето не е во река, детето е киднапирано“, додаде тетката. Од МВР тврдат, дека ги преземаат сите мерки за да се пронајдат исчезнатите деца од Кумановско. Ќе се испитува и дали во последните случаи се вклучени криминални групи, бидејќи за 15 дена, од истиот реон, исчезнаа две петгодишни деца.

Последни статии

article-img